fbpx
Таг: влада

таг: влада

Грчката влада в понеделник на нов тест во Брисел

Грција и министрите за финасии на ЕУ повторно ќе се соочат следниот понеделник во Брисел. По неможноста да се најде нов договор за грчката финансиска програма, грчката влада и Еврогрупата ќе ги продолжат преговорите за финансиската иднина на Грција идната недела, на редовниот состанок на Еврогрупата. Според информациите, целовечерниот трилер во Брисел делумно не донесе резултати бидејќи Грција не се...

На продажба 1.000 државни деловни простории

За унапредување на можностите за бизнис-заедницата и за создавање услови за поефикасно стопанисување со просторот, а како одговор на барањата на бизнис-заедницата, Владата на Република Македонија ја почнува постапката за продажба на деловен простор кој е во сопственост на Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Алексадар Ѓеоргиев, портпарол на Владата. - Се почнува со операционализација на една активност, која е резултат...

Владата ќе вработи 3.000 луѓе со договор на дело

Повеќе од 3.000 луѓе ќе бидат вработени во редовен работен однос, информираше вицепремиерот Владимир Пешевски за одлуката на Влаата на Република Македонија. Овие лица кои се вработени во државните институции на определно работно време, волонтери со договори, договори на дело или авторски договори, ќе бидат вработени на неопределено време. - Сите ангажирани лица кои не се во редовен работен однос, најмалку три месеци, заклучно...

Да се искористи можноста за бесплатни елаборати за легализација

Владата апелира да се искористи можноста за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградбите, мерка што се однесува на корисниците на социјална и постојана парична помош и на лицата со ниски примања на ниво на домаќинства до 168.000 денари годишно. Што побргу ги поднесат барањата, толку побргу ќе добијат легализација и сопственост на имотот. Рокот на поднесување на изработениот...

Владата на Ципрас во лов на големи даночни затајувачи

Грчката влада се впушта во итен лов по даночните затајувачи за да се покрие дупката од една милијарда евра во грчката државна каса. Први на удар на истрагата на Службата за финансиски криминал и перење пари (СДОЕ) ќе се најдат „крупни ѕверки“, правни и физички лица кои во изминатиот период изнеле суми поголеми од еден милион евра надвор од Грција. Според информациите,...

За 25 проценти се зголемува надоместокот за згрижувачки семејства

На последната седница, Владата усвои измени во Законот за социјална заштита, во корист на згрижувачките семејства и на лицата со инвалидност. Се воведува зголемување на паричниот надоместок за згрижувачките семејства за цели 25 проценти, почнувајќи од јули годинава, информираше на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов. Тој посочи и дека се воведува можност за рефундирање средства, односно данок...

Попоски побарал заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, упатил покана преку својот колега од Република Албанија, Дитмир Бушати, за одржување заедничка седница на владите на двете земји во првата половина на 2015 година, соопшти македонското МНР. Притоа било договорено да се почне со подготовки на ниво на политички директори и со поставување временска рамка за одржување. Министерот Попоски вчера...

Протестот за Кежаровски е бунт против политиките на власта

Неколку стотини новинари, граѓани и студенти кои денеска излегоа на протест против пресудата за новинарот Томислав Кежаровски, својата огорченост и осуда ја искажаа пред Владата, местото каде, според нив, е скроена неправедната одлука за затворање, а потоа и за привремено ослободување на новинарот. Со маски со ликот на Кежаровски на своите лица, транспаренти и со свирежи, протестот почна пред Апелацискиот...

Уште два дена за аплицирање на огласот за следење и за анализа на владината програма

Сто и седумдесет кандидати досега се пријавиле на огласот на Владата за ангажирње лица за следење, анализа и за поддршка на реализацијата на програмата и на проектите. Се бара квалитетен кадар кој ќе придонесе за уште поинтензивна реализација на програмата, а пријавувањето на огластот заинтересираните може да го направат уште денеска и утре. - Пријавите од апликантите ќе се примаат и...

Првата интернет-страница на кирилица, „влада.мкд“

Македонскиот јазик од денеска може целосно да биде присутен на интернет преку регистрирање кирилични веб-страници со националниот домеин „мкд“, вклучувајќи ги и карактеристичните букви од азбуката - љ, њ, ѓ, ж, ч, ш и џ. Како што соопштија министрите за информатичко општество и администрација и за култура, Иво Ивановски и Елизабета Канческа Милевска, домеинот „мкд“ е регистриран во меѓународниот интернет...

Владиниот тим на средби со менаџментите на компаниите од „ОПГ груп“

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, во рамките на својата посета на Република Индија, во градовите Калкута и Ченаи, оствари повеќе поединечни средби со претставници на компании, на кои им ги претстави можностите за инвестирање што се нудат во Република Македонија. Тој се сретна со менаџментот на компанијата „ОПГ груп “, која се занимава со изградба на термоцентрали...

Вранишковски ќе излезе, што за возврат ќе добие МПЦ?

Повикот на Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) до надлежните власти во државата за милост кон расчинетиот владика Јован Вранишковски, во име на „повисоки цели“, за краток период го најде своето откровение. По одлежани три години и два месеци или повеќе од половина од пет и полгодишната затворска казна, Вранишковски за една недела треба да излезе...

Ѓорѓиев: Одлуката за Вранишковски е на судот, а не на Владата

Судската, а не извршната власт ја има донесено одлуката за условен отпуст на Јован Вранишковски, соопшти портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. - Како Влада, ќе ја почитуваме одлуката на судот, а за мотивите, причините и за околностите што довеле до оваа одлука, целисходно е да се обратите кон органот што ја донел, а тоа е судот - препорача Ѓорѓиев, додавајќи дека Владата принципиелно...

Од понеделник, канцеларија „Купи куќа, купи стан“ во Министерството за финансии

В понеделник почнува со работа канцеларијата „Купи куќа, купи стан“. Канцеларијата се наоѓа во Министерството за финансии и ќе биде отворена за заинтересираните за проектот секој ден од 10 до 15 часот. Граѓаните таму ќе можат да се информираат за сите погодности што ги нуди „Купи куќа, купи стан“, како неповратни средства до 14.000 евра и ниски каматни стапки, но ќе можат да...

Холандски весник со остра критика за фасадата на македонската Влада

За да ја видите Белата куќа, не мора да одите преку oкеанот, доволно е да отпатувате во Скопје, главниот град на Македонија, пишува холандскиот весник „Де фолкскрант“ во своето издание од 2 јануари годинава, објави „Нова ТВ“. Весникот констатира дека посетителите на Скопје не знаат дека изгледот на зградата е лажен и оти зад фасадата има модернистички објект кој потекнува...

Владата распиша оглас за 30 директори на болници

Владата распиша јавен оглас за организациски директори во јавните здравствени установи во земјава. - Тој е еденаков по своите права и обврски со медицинскиот директор, тој не му е подреден нему, туку двајцата соработуваат како тим и двајцата имаат еднакви права, обврски и одговорности. Затоа е потребен добар тим за да може да се гази напред со реформите, да се остваруваат...

Владата сака професорите да донесат и студенти на дебатата

Во понудата за форматот на јавната дебата, никаде не е ограничено присуството на студентите, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. - Од самиот формат кој беше предложен за средбата, може да се види дека никаде не постои забрана за присуство на студенти на истата и доколку Интеруниверзитетската конференција цени дека е потребно, тогаш тие слободно можат да вклучат членови на...

СДСМ: За хаваријата на патиштата одговорна е власта на Груевски

Миле Јанакиески да не ја префрла одговорност само на ЈП „Македонија пат“ за целата хаварија по патиштата по врнежите од снег, бидејќи за целата ситуација одговорна е власта на Никола Груевски, обвини денеска СДСМ. - Власта на Груевски е таа што ги задолжи граѓаните на Македонија за милионски камени фонтани, споменици и за тркала, наместо да ги решава суштинските потреби....

Прва седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, денеска ја одржа првата седница на Советот на националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП). Советот ќе го следи развојот на националната инфраструктура на просторни податоци, ќе ги креира политиките поврзани со просторните податоци и нивната употреба и ќе учествува во иницијативите поврзани со прoсторните податоци на национално и на регионално ниво. Во него членуваат...

„Црвен тепих за граѓаните“ во Владата

Граѓаните денеска имаа можност да ја посетат Владата на Република Македонија, да прошетаат низ објектот и во работните сали и да видат како работат институциите, во рамки на манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“. - Манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“ е дел од проектите што ги реализира Владата за да се овозможи отвореност и транспарентност на работата на институциите и непосреден увид...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...