fbpx
Таг: влада

таг: влада

Протест за солидарност со Палестина во сабота пред влада

Социјалниот центар „Дуња“ најави дека во сабота, 18 ноември, ќе се одржи протест пред Владата во Скопје за солидарност со палестинскиот народ, како реакција на нападот на Израел врз Газа по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Протестот ќе започне во 11:55 часот. Организаторите велат дека поддржуваат итен прекин на нападот на Израел над Газа и операциите во Западниот Брег. Дополнително,...

Мета факт: Власта не ги ажурираше податоците за трошењето на функционерите

Владата сè уште нема објавено решение со кое институциите транспарентно, редовно и самостојно ќе внесуваат дигитални податоци за направените службени трошоци на министрите, нивните заменици и државните секретари. Иако од Владата во април годинава за Мета.мк изјавија дека Алатката за отчетност за трошењето на функционерите е во застој поради извесни промени во системот, половина година подоцна, јавноста сè уште...

Пратеник за пратеник, медиуми за пари – државните кампањи ќе се гласаат по скратена постапка

Со предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои се наоѓаат на разгледување пред пратениците, повторно ќе се овозможи одлив на милиони евра од државниот буџет за организирање на владини и општински кампањи во телевизиите и радио-станиците. Денеска пратениците од сите политички партии, со исклучок на Левица, ја поддржаа потребата од донесување на измените на Законот...

Црна Гора доби нова влада, дискусијата во парламентот траеше цела ноќ

По неколкунеделни преговори и речиси пет месеци откако земјата излезе на избори, црногорскиот парламент утрово изгласа нова влада. Црна Гора ќе биде предводена од коалиција на проевропски, просрпски и партии со албанско малцинство, а на чело на новата влада ќе биде поранешниот министер за финансии и поранешен банкар на „Голдман Сакс“, Милојко Спајиќ. Спајиќ го предводи движењето Европа сега, а...

Алаѓозовски и Василевски положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба, делегација на Владата составена од националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје. „Република...

Коалициската влада во Бугарија во премрежје пред „уставниот испит“

Политичката сцена во Бугарија се вжештува, откако двата главни коалициски партнери во владата покажаа разногласие околу работата на владата, во очекување на смената на главните играчи во коалициската влада, која треба во март следната година да добие нов премиер. Како што пишува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg, Бојко Борисов, поранешниот премиер и прв човек на партијата ГЕРБ, која што е еден од...

Владата побара да се исчисти ѓубрето во Маврово, нема да има отстрел на мечки

Владата на денешната седница ги задолжи Општината Маврово и Ростуше и Јавната установа Национален парк Маврово да ги отстранат сите помали и поголеми ѓубришта во близина или во населените места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката. Препораките стигнуваат откако до јавноста стигнаа апели од жителите на овој крај да се реши за проблемот со зголеменото појавување на мечки...

По повод 8 Септември, зградата на Владата беше осветлена со празнични бои

Во рамки на одбележувањето на Денот на независноста - 8 Септември, вчеравечер, дел од државните институции беа „обоени” во празнични бои. „Со првиот мрак, врз зградата на Владата на Република Северна Македонија започна да се емитува видео-арт перформансот „Црвено“ на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, којшто се повторуваше до зори. Со специјални светлосни тела врз ѕидините на скопското Кале беше...

Баланс меѓу пристапот до јавни информации и приватноста: Навигација низ деликатна дилема

Во ерата на дигитализација и очекувањата граѓаните да имаат брз и лесен пристап до информации од јавен карактер, судирот помеѓу транспарентноста и правото на слободен пристап до информации наспроти императивот за заштита на личните податоци стана значајна грижа за владите и институциите ширум светот. Така е и кај нас. Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење,...

Битиќи: Членството во ЕУ ќе ја зголеми куповната моќ на граѓаните

Усвојувањето на уставните измени, а со тоа и овозможувањето да продолжи евроинтегративниот пат на нашата држава, не е само политичко прашање, туку и прашање на економски структурни промени кои треба да донесат низа на трајни придобивки како за нашето стопанство, така и за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања,...

Италија ги оданочува банките со 40 отсто поради високите камати

Италијанската влада воведе оданочување на овогодинешниот неочекуван профит на банките со 40 отсто и приходите од тој данок ќе помогне на имателите на хипотекарни кредити и ќе ги намали даноците за граѓаните. Заменик премиерот Матео Салвини изјави дека ќе се оданочува профитот кој банките го остваруваат од високите каматни стапки, пренесува лондонскиот весник „Гардијан“. „Доволно е само да се погледне профитот...

Владата ќе дава 50 стипендии на странски студенти со македонско потекло

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од интерес за Република Северна Македонија. Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, и тоа: Универзитетот...

Земјоделците треба да пријават штети од сушата за да ги обесштети Владата

Земјоделците деновиве треба да се пријават во општинските комисии за проценка на штетите од сушата и неостварените приноси, а потоа врз основа на тие податоци Владата ќе донесе одлука за обештетување, соопштуваат оттаму. Земјоделците од Росoман навреме ги добија субвенциите, односно 290 милиони денари, во еден ден беа префрлени на сметките на 10.604 производители кои се занимаваат со овоштарство. Од Владата...

Владата ја поништи одлуката за спојувањето на двете концесии за рудникот за злато и бакар Иловица-Штука

Владата ја поништи одлуката за спојувањето на двете концесии за рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“. Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес конференција информираше дека тоа значи враќање чекор назад во состојбата кога немаше никаква одлука за барањето на „Еуромакс ресорсис“. Ова, смета Бектеши, е спротивно на ставот и предлогот на министерството да се донесе одлука, без...

Mерките и препораките за заштита на граѓаните од топлотниот бран ќе важат денеска и утре

Владата ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури и усвои мерки и препораки за овие два дена, односно за денеска и утре. Продолжуваат да важат мерките и препораките кои беа донесени и претходно. Владата препорачува: • Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; • Во установите...

Владата ѝ дала објект на општина Чаир за изградба на базен, кој е веќе издаден под кирија до 2049 година

Општина Чаир со владина одлука од 30 јули 2021 година, го зеде во употреба објектот во кој треба да изгради базен за граѓаните на општината. Но, овој објект има два активни договори со различни субјекти кои имаат право на користење - едниот до 2035 година, а другиот до 2049 година. Затоа сега општината бара да се раскинат договорите бидејќи...

Владата ги усвои уставните амандмани и повика на совесност од сите пратеници

Владата на денешната седница го разгледа и усвои текстот на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот и одлучи документот да биде доставен до Собранието. „Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата како и претставници на политички партии, и тоа...

Мета факт: Владата не воведе платена работа за студентите во студентските домови

Во Програмата за работата на Владата за периодот 2022 - 2024 година, на која како мандатар е потпишан актуелниот премиер Димитар Ковачевски, во делот „Младите во фокусот“, ветил, меѓудругото, дека ќе се воведе платена работа за студентите во студентските домови. Сепак, до овој момент овој проект не е реализиран, поради што  ветувањето го оценуваме како неисполнето. Во владината програма, на...

Владата утре ќе ја преиспита одлуката за спојување на концесиите за Иловица-Штука

Одлуката за спојување на концесиите за рудникот за злато и бакар Иловица-Штука повторно ќе се најде на седница на Владата. По големиот граѓански протест што се одржа викендов во Струмица, но и по изјавите од тројца министри дека се изиграни при гласањето, Владата ќе ја преиспита одлуката дали ќе одобри спојување на концесиите. Точката за рудникот ќе се разгледува на...

Реактор: Собранието што побрзо да го усвои Законот за измена и дополнување на Законот за ДДВ

Независната истражувачка организација Реактор - истражување во акција, чии главни области на работа се родова еднаквост, млади и урбан развој, изрази задоволство за усвоените законски измени на вчерашната владна седница со кои ДДВ-то за менструални производи во иднина треба да се намали на 5 проценти и го повика Собранието што побрзо да го усвои Законот. „Ја поздравуваме одлуката на Владата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...