fbpx
Таг: Влада на РСМ

таг: Влада на РСМ

Дезинформација е дека се вакцинирале министри против ковид-19, демантираат од Владата

Утрово од Владата ја демантираа информацијата која ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, а е во врска со вакцинирањето против ковид-19 на дел од министрите во Владата. „Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба...

Порталб: Здружението „СОС ВИТА“ бара од Министерството за култура да им се исплатат пари за проект кој го добиле лани

Здружението на лицата со посебни потреби „СОС ВИТА“, вчера пред Министерството за култура одржа прес-конференција во знак на револт бидејќи не им се префрлени средствата во износ од 290.000 денари за проект што го добиле во 2020 година. Тие побараа од премиерот Зоран Заев и министерката за култура, Ирена Стефоска да ги префрлат средствата што е можно поскоро, известува...

Владата ја усвои „Агенда: Европа дома“ за вградување европски стандарди во домашното законодавство

Агенда Европа дома, фото: Влада
Документот „Агенда: Европа дома“, кој беше усвоен на денешната владина седница, е подготвен врз основа на обврските на заедничките тела меѓу РСМ и ЕУ кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на ЕК. Низ реализацијата на овие европски реформи РСМ треба да ги исполни и препораките од Советот на Европа, Венецијанската комисија, ГРЕКО, извештаите и препораките...

Ќе се менува Законот за финансиска поддршка на инвестициите, над 200 компании со подобри услови за инвестирање

фото : Влада на РСМ
Ќе се менува и дополнува Законот за финансиска поддршка на инвестиции (ЗФПИ) со цел да се олеснат критериумите за аплицирање и за исплата на финансиска поддршка за производствените компании. Со измените на овој Закон треба да се олеснат условите за 245 компании кои имаат активни договори, а особено за потенцијално новите компании, кои инвестирале во 2020 година или ќе...

Со 62 гласа „за“, Собранието изгласа доверба на владата предводена од премиерот Заев

Откако премиерот Зоран Заев денеска усно во Собранието на РСМ побара пратениците да гласаат за доверба на владата, пратениците пристапија кон гласање на доверба на актуелната влада. Владата доби доверба од сите 62 пратеника од парламентарното мнозинство, кои гласаа „за“ доверба на владата, без ниту еден пратеник „против“ или „воздржан“. Опозициските пратеници попладнево не присуствуваа на гласањето на доверба...

Стартува реализацијата на Оперативниот план за вработување по принцип на еднаквост за сите категории граѓани

Душко Арсовски Муамет Хоџа фото : Влада на РСМ
Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година се обезбедува создавање и поддршка за креирање на нови работни места, зголемување на вработеноста кај невработените лица, особено на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените на кои им...

Владата ја усвои Концепцијата за основно образование

Владата на синоќешната седница ја усвои Концепцијата за основно образование за чија подготовка како што велат биле вклучени сите засегнати страни, меѓу кои експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации. „Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование. Таа е во најдобар интерес на децата и во насока на...

Проектот за енергетска ефикасност на студентските домови ќе чини 24 милиони евра

Проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, ќе чини околу 24 милиони евра, а рокот за реализација на овој проект е 2025 година, соопшти денеска владиниот портпарол Мухамет Хоџа на новинарско прашање на Мета.мк. „Средствата за овој проект за 2021 година се предвидени во предлог буџетот за 2021 година на Министерството за образование и наука“ изјави...

Зеленото сценарио и инвестициите во ОИЕ остануваат стратешки приоритети во енергетиката

Реализацијата на зеленото сценарио, од Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, дефинитивно е најприфатливата опција за енергетската иднина на земјата. При тоа, замената на јагленот со гас и со други обновливи извори на енергија (ОИЕ), односно енергетската транзиција од јаглен кон ОИЕ, останува стратешки приоритет на Владата, чија имплементација ќе донесе еколошки и економски бенефиции, но и...

Властите се далеку од реализација на идејата сите службени возила да бидат на електричен погон

Веста за целосната замена на службените возила на американската администрација со нови возила на електричен погон помина стихијно во Македонија. Во функција на исполнување на климатската агенда на новата влада на САД, американскиот претседател Џо Бајден ја донесе одлуката за замена на речиси 650.000 службени возила со возила на електричен погон. Иако не е поставена прецизна временска рамка и...

Владата најави легализација на домови и изградба на нови живеалишта за Ромите, проекти вредни 3,2 милиони евра

Започнува реализацијата на проекти за домување на Ромите за што ќе бидат искористени четири гранта во вредност од околу 3,2 милиона евра за период од три години. Станува збор за општините Прилеп (населба Тризла), Битола (населба Баир) и ромските населби во Штип, Берово и Кичево. Ова го најави денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со  министерката за труд...

Пандемијата ги намали производството и потрошувачката на месо за 20 до 40 отсто, производителите бараат помош од Владата

Во изминатата година домашните производители на месо и на преработки од месо се соочија со намалено производство за 20 до 40 отсто во споредба со 2019 година и со намалена потрошувачка за околу 20 отсто. Тоа е последица на намалената куповна моќ кај граѓаните во ситуација на пандемијата со ковид-19, како и падот на побарувачката на месо од хотелите...

Бремените жени до крајот на пандемијата немаат обврска да одат на работното место

Владата потсетува дека согласно владина одлука објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на пандемијата на ковид-19, прогласена од Светската здравствена организација (СЗО). „Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски...

Заев: Одлучно се движиме кон енергетската транзиција и производство на чиста енергија

Во проектите и програмите навладината „Акција 21 – за европски стандарди дома!”, кои денеска на прес конференција ги презентираше премиерот Зоран Заев, меѓу приоритетит се ставени енергетските проекти од обновливи извори на енерија, планирани за в година, а со цел, зголемување на производството на чиста енергија и  намалување на штетните емисиии во околината и во воздухот. „Одлучно се движиме кон...

Усвоени измени на 8 закони од областа на животната средина, казните ќе се зголемат до 20 пати

Владата денеска ги усвои предлозите за измени и дополнувања од Министерството за животна средина и просторно планирање во 8 закони од областа животна средина:  Законот за квалитет на амбиентен воздух, за животна средина, за заштита на природата, за водите, за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, за планински патеки, за заштита од бучава и...

Владата е на потег: И екологистите и „Еуромакс“ очекуваат одлука, што понатаму во случајот рудник во Иловица

Компанијата „Еуромакс ресурсис“ денеска се огласи по одлуката на Вишиот Управен суд, со која ја потврди одлуката на Управниот суд за поништување на решението на Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со која се потврди одземањето на дозволата за експлоатација на компанијата за отворање на рудникот Иловица-Штука. Од компанијата велат...

Преку Националниот контакт центар граѓаните ќе се информираат за економските мерки на Владата во корона кризата

На иницијатива на Фатмир Бетиќи, вицепремиерот за економски прашања, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од ковид-19, информираат од Владата. „Националниот...

Порталб: Општина Тетово доби 29,5 милиони денари за изградба на булеварот „Благоја Тоска“

Секоја година веќе седум години наназад, градоначалничката на Тетово Теута Арифи ветува отворање на булеварот „Благоја Тоска“ во овој град. Во меѓувреме, пред два дена за ова беа обезбедени 29,5 милиони денари од Владата на РСМ, средства кои ќе бидат искористени за експропријација на земјиштето на жителите од оваа населба, кои според општината, се единствениот проблем за одолговлекување на...

Доцни проектот за доградба на тетовскиот театар, актерката Љоки: Ова одложување наликува на канцер

Втората фаза од изградбата на новата театарска зграда во Тетово никако да започне и зошто се случува ова, одговор нема од директорот на Центарот за култура во Тетово. Актерката Албана Љоки вели дека не се надева дека тоа ќе се случи, а одолговлекувањето на културните проекти го нарекува „канцер“ што ќе експлодира еден ден, пишува „Порталб.мк“. Според директорот на Центарот...

Владата со законски измени сака да го реши спорот меѓу кабелските оператори и телевизиите

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по втор пат годинава би можело да претрпи измени откако Владата до Собранието ги испрати предложените законски измени со кои би се избришал членот 143 од овој закон, со кој операторите се ослободуваат од обврската под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за реемитување на содржините од...