четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Влада на РСМ | 250 резултати

Новите министри седнуваат во фотелјите, Мицкоски ја презеде премиерската функција

јуни 24, 2024

Христијан Мицкоски ја презеде функцијата премиер на Република Северна Македонија. Денеска се одржа примопредавање на премиерската функција помеѓу досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, и новоизбраниот претседател на Владата. „Констатирано беше дека преодната Влада и државните институции успешно одговорија на должноста за организирање слободни, фер и демократски изборни процеси и овозможија мирно и демократско примопредавање […]

Шпекулативна објава поттикнува меѓуетничка нетрпеливост

мај 29, 2024

Информациите кои ги споделуваат медиумите, а кои се однесуваат на преговарачкиот процес за состав на новата влада, засега се движат само во доменот на шпекулации и непотврдени информации. Официјални информации за тоа дали е постигнат договор за состав на влада, кои партии ќе бидат дел од новата идна влада, поделба на ресори и кадровски решенија, […]

ФИНКИ на роденденски маратон до Влада: информатичарите бараат решение за немањето простор

април 2, 2024

Сè повеќе студенти, а сè помалку простор – на најголемиот факултет во државата станува претесно за нормално одвивање на наставата. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) не отстапува од своите барања – да се најде решение за просторниот проблем и за непречено одржување на образовниот процес за речиси 5.000 студенти. По првиот протест […]

Роденденски маратон на ФИНКИ до Владата во знак на протест поради немањето зграда

април 1, 2024

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) соопшти дека по повод своето 13-годишно постоење, утре, 2 април, ќе одржи роденденска трка. Маратонот ќе започне од Градскиот парк, а целната линија е Владата. Ова, велат од ФИНКИ, ќе биде симболичен чин со кој факултетот сака да ја подигне свеста за проблемот со недостигот на соодветен […]

Четири години во НАТО: Светската безбедносна слика е доказ за исправноста на одлуките

март 26, 2024

На свечена седница, Владата на РСМ денеска ја одбележа четвртата годишнина од членството на земјава во НАТО. На седницата учествуваа членовите на Владата, а претседаваше техничкиот премиер Талат Џафери, кој истакна дека државата повеќе не сонува за оваа стратешка цел, туку активно придонесува и е ценет член на најмоќната одбранбена Алијанса во светот. „Гледајќи ги […]

Активно се работи да се најдат простории за ФИНКИ, велат од Владата

март 21, 2024

Владата соопшти дека активно работи на наоѓање решение за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), односно немањето соодветни простории за држење на наставата, по денешниот одржан протест на студентите. Владата долгорочното решение го гледа во објектот кој започна со изградба во 2015 година, но чија конструкција престанала откако фирмата задолжена за градежните работи […]

Информатичарите на протест: Наместо Владата, ChatGPT „ја изгради“ зградата на ФИНКИ

март 21, 2024

Со транспаренти, изложба и предавање на отворено, неколку стотици студенти и професори на најголемиот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го кренаа гласот пред Владата и побараа државата да се ангажира поактивно во справувањето со еден од најголемите предизвици за установата – немањето простор за сместување на речиси 5.000 […]

Османи: За лицата од „црната листа“ на САД ќе има рестриктивни мерки и кај нас

јануари 11, 2024

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги претстави измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои врз лицата кои се најдоа на „црната листа“ на САД ќе се применат рестриктивни мерки и во С.Македонија. Лицата кои ќе се најдат на „црната листа“ на САД за корупција, организиран криминал, злоупотреба на службената должност и хибридни […]

Владата со законски измени – за лицата на „црната листа“ на САД ќе се отвораат постапки

декември 22, 2023

Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Рамиз Мерко, Сашо Мијалков, Никола Груевски се само дел од лицата кои во изминатиов период се најдоа на „црната листа“ на САД, а владата денеска најави дека ќе изврши законски измени преку кои ќе овозможи отворање на постапки за субјектите кои се наоѓаат под санкции од САД. Координативното тело за анализа […]

С.Македонија единствена земја во регионот со Стратегија за транспарентност: Конкретни активности за отворање на институции

декември 11, 2023

Северна Македонија е единствената земја во регионот на Западен Балкан која има Стратегија за транспарентност, документ создаден за да ги идентификува слабите точки во областа на транспарентноста и отвореноста на институциите на извршната власт. Досега Владата на РСМ има усвоено две стратегии, со помош на Фондацијата Метаморфозис и Фондацијата Отворено општество – Македонија, со поддршка […]

Мета факт: Владата не создаде и не објави регистар на млади умови

ноември 21, 2023

Во Програмата за работа на Владата на Македонија од 2022 година, потпишана од тогашниот мандатор Димитар Ковачевски, во делот насловен како „Младите во фокусот“, е наведено ветување дека ќе се создаде и објави, „регистар на наши млади умови ширум светот“, кои треба да учествуваат во креирањето политики. Според одговорите што ги добивме од Владата, ваков […]

Во Белград македонска винска вечер, опозицијата вели ќе има космодром од неа

ноември 18, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа беше домаќин на Македонската вечер во рамките на меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград. И додека на синоќешниот настан присуствувале српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека ако власта и Ковачевски испијат уште едно вино […]

Мета факт: Не е исполнето ветувањето за изработка на проект за пруга до скопскиот аеродром

ноември 14, 2023

Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци до Меѓународниот аеродром Скопје. Ова ветување до ден денеска е неисполнето, а наредната година како краен рок за завршување на обврската нема да се испочитува, бидејќи допрвo ќе се бараат средства […]

Мета факт: Реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Карпош е во завршна фаза

октомври 17, 2023

Култната спортска сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3 во моментов интензивно се реконструира и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Овој спортски објект со години наназад беше разурнат, иако е донација од француската влада по скопскиот земјотрес од 1963 година. Со средства од буџетот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), салата „Партизан“ […]

Владата предлага поблаги казни за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување

септември 6, 2023

Владата до Собранието го достави предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања. Предложените законски измени се доставени до парламентот за да се разгледуваат по скратена постапка, а Комисијата за европски прашања на денешната седница од 13 часот ќе го […]

Мета факт: ТЕЦ „Неготино“ не проработе на природен гас, од Владата прстот го вперуваат во енергетската криза

август 15, 2023

Владиното ветување за трансформација и прилагодување на термоелектрана „Неготино“ за производство на електрична енергија од природен гас не е исполнето до денешен ден. Овој енергетски капацитет и понатаму го користи нееколошкиот мазут за да произведува струја, за што реагираа и екологистите од CEE Bankwatch Network. Од Владата признаваат дека роковите се пробиени, но додаваат дека […]

Увозот на автомобили со голем раст, само четвртина од колите се нови [инфографик]

август 5, 2023

Расте интересот за купување на возила од македонските граѓани, иако најголемиот дел од превозните средства се половни. Податоците на Царинската управа на РСМ покажуваат огромен раст на бројот на увезени возила од странство во првите шест месеци од 2023 година. Во периодот јануари-јуни годинава се увезени вкупно 21.307 возила, од кои 19.552 се автомобили, 1.634 […]

Се стави потпис на Општиот колективен договор – ќе растат платите на администрацијата

јули 19, 2023

Десет отсто повисока плата и регрес за годишен одмор или К-15 во висина од 10 илјади денари за над 130 илјади вработени во јавниот сектор. По повеќе од три години преговори Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ), како репрезентативен синдикат, и Владата вчера доцна попладнето ставија потпис на дологочекуваниот договор за нов Општ колективен договор […]

Мета факт: Фондот за енергетска ефикасност допрва ќе се формира, иако одамна се ветува

јули 4, 2023

Формирање на Фонд за енергетска ефикасност веќе неколку години наназад се ветува од страна на Владата, но активностите за неговото основање до денешен ден не се завршени. Во Програмата на Владата за периодот 2022-2024 година е ветено дека овој фонд ќе се формира со грант средства на Светска банка, но активностите за исполнување на ова […]

И малкуте пари што ги одвоила за почист воздух, Владата на крај ги потрошила за други намени

јуни 30, 2023

И оние малку средства што централната власт ги издвојува за справување со аерозагадувањето во земјава, не можат да се потрошат поради незаинтересираност на општините, за на крајот Владата да ги пренамени за други активности. Алармантни податоци нуди Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за […]

Страна 2 од 13