Таг: Влада на РСМ

таг: Влада на РСМ

Триста приватни специјализанти годинава ќе се вработат во јавните здравствени установи

Владата на вчерашната седница ја усвоила информацијата за вработување на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во јавните здравствени установи во државата – триста годинава и уште толку следната. Како што соопштија од Владата, Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години. „На овој начин ќе се...

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена

Владата на вчерашната седница што се одржа доцна вечерта, како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите, донесе повеќе одлуки, меѓу кои и одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија. Периодот на постоење на кризна состојба ќе биде во траење од 30 дена. Со одлуката, се задолжува МВР да ангажира...

Бремените жени и повозрасните лица се ослободени од работа до 18 јули

Поради надојдениот топлотен бран кој ја опфати државата, владата донесе препораки за ослободување од работа на неколку категории граѓани и забрана за физичка активност на отворено. На денешната седницата владата одлучи да се ослободат од работните обврски бремените жени и лицата на возраст над 60 години во периодот од 12 до 18 јули 2024 година. Во соопштението на Владата стои дека...

Новите министри седнуваат во фотелјите, Мицкоски ја презеде премиерската функција

Христијан Мицкоски ја презеде функцијата премиер на Република Северна Македонија. Денеска се одржа примопредавање на премиерската функција помеѓу досегашниот претседател на Владата, Талат Џафери, и новоизбраниот претседател на Владата. „Констатирано беше дека преодната Влада и државните институции успешно одговорија на должноста за организирање слободни, фер и демократски изборни процеси и овозможија мирно и демократско примопредавање на власта. Ова се оцени...

Шпекулативна објава поттикнува меѓуетничка нетрпеливост

Информациите кои ги споделуваат медиумите, а кои се однесуваат на преговарачкиот процес за состав на новата влада, засега се движат само во доменот на шпекулации и непотврдени информации. Официјални информации за тоа дали е постигнат договор за состав на влада, кои партии ќе бидат дел од новата идна влада, поделба на ресори и кадровски решенија, нема од ниту една...

ФИНКИ на роденденски маратон до Влада: информатичарите бараат решение за немањето простор

Сè повеќе студенти, а сè помалку простор – на најголемиот факултет во државата станува претесно за нормално одвивање на наставата. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) не отстапува од своите барања – да се најде решение за просторниот проблем и за непречено одржување на образовниот процес за речиси 5.000 студенти. По првиот протест што го одржаа на 21...

Роденденски маратон на ФИНКИ до Владата во знак на протест поради немањето зграда

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) соопшти дека по повод своето 13-годишно постоење, утре, 2 април, ќе одржи роденденска трка. Маратонот ќе започне од Градскиот парк, а целната линија е Владата. Ова, велат од ФИНКИ, ќе биде симболичен чин со кој факултетот сака да ја подигне свеста за проблемот со недостигот на соодветен образовен простор за студентите. „Завршувањето на трката...

Четири години во НАТО: Светската безбедносна слика е доказ за исправноста на одлуките

На свечена седница, Владата на РСМ денеска ја одбележа четвртата годишнина од членството на земјава во НАТО. На седницата учествуваа членовите на Владата, а претседаваше техничкиот премиер Талат Џафери, кој истакна дека државата повеќе не сонува за оваа стратешка цел, туку активно придонесува и е ценет член на најмоќната одбранбена Алијанса во светот. „Гледајќи ги актуелните кризи во светот и...

Активно се работи да се најдат простории за ФИНКИ, велат од Владата

Владата соопшти дека активно работи на наоѓање решение за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), односно немањето соодветни простории за држење на наставата, по денешниот одржан протест на студентите. Владата долгорочното решение го гледа во објектот кој започна со изградба во 2015 година, но чија конструкција престанала откако фирмата задолжена за градежните работи заминала во стечај. Во владиното...

Информатичарите на протест: Наместо Владата, ChatGPT „ја изгради“ зградата на ФИНКИ

Со транспаренти, изложба и предавање на отворено, неколку стотици студенти и професори на најголемиот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), го кренаа гласот пред Владата и побараа државата да се ангажира поактивно во справувањето со еден од најголемите предизвици за установата – немањето простор за сместување на речиси 5.000 студенти. „ФИНКИ нема зграда, учиме...

Османи: За лицата од „црната листа“ на САД ќе има рестриктивни мерки и кај нас

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги претстави измените на Законот за рестриктивни мерки, со кои врз лицата кои се најдоа на „црната листа“ на САД ќе се применат рестриктивни мерки и во С.Македонија. Лицата кои ќе се најдат на „црната листа“ на САД за корупција, организиран криминал, злоупотреба на службената должност и хибридни закани ќе се соочат со...

Владата со законски измени – за лицата на „црната листа“ на САД ќе се отвораат постапки

Кочо Анѓушев, Орце Камчев, Рамиз Мерко, Сашо Мијалков, Никола Груевски се само дел од лицата кои во изминатиов период се најдоа на „црната листа“ на САД, а владата денеска најави дека ќе изврши законски измени преку кои ќе овозможи отворање на постапки за субјектите кои се наоѓаат под санкции од САД. Координативното тело за анализа и зајакнување на легислативата во...

С.Македонија единствена земја во регионот со Стратегија за транспарентност: Конкретни активности за отворање на институции

Северна Македонија е единствената земја во регионот на Западен Балкан која има Стратегија за транспарентност, документ создаден за да ги идентификува слабите точки во областа на транспарентноста и отвореноста на институциите на извршната власт. Досега Владата на РСМ има усвоено две стратегии, со помош на Фондацијата Метаморфозис и Фондацијата Отворено општество – Македонија, со поддршка на Европската Унија преку...

Мета факт: Владата не создаде и не објави регистар на млади умови

Во Програмата за работа на Владата на Македонија од 2022 година, потпишана од тогашниот мандатор Димитар Ковачевски, во делот насловен како „Младите во фокусот“, е наведено ветување дека ќе се создаде и објави, „регистар на наши млади умови ширум светот“, кои треба да учествуваат во креирањето политики. Според одговорите што ги добивме од Владата, ваков регистар не постои, со...

Во Белград македонска винска вечер, опозицијата вели ќе има космодром од неа

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа беше домаќин на Македонската вечер во рамките на меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград. И додека на синоќешниот настан присуствувале српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека ако власта и Ковачевски испијат уште едно вино може во Белград да...

Мета факт: Не е исполнето ветувањето за изработка на проект за пруга до скопскиот аеродром

Владата во својата програма за работа за периодот до 2024 година вети дека ќе изработи проектна документација за изградба на нова пруга од Миладиновци до Меѓународниот аеродром Скопје. Ова ветување до ден денеска е неисполнето, а наредната година како краен рок за завршување на обврската нема да се испочитува, бидејќи допрвo ќе се бараат средства од ЕУ за техничката...

Мета факт: Реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Карпош е во завршна фаза

Култната спортска сала „Партизан“ во скопската населба Карпош 3 во моментов интензивно се реконструира и се наоѓа во завршна фаза на реализација. Овој спортски објект со години наназад беше разурнат, иако е донација од француската влада по скопскиот земјотрес од 1963 година. Со средства од буџетот на Агенцијата за млади и спорт (АМС), салата „Партизан“ почна да се реконструира...

Владата предлага поблаги казни за злоупотреба на службената должност и злосторничко здружување

Владата до Собранието го достави предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со кои се предвидува намалување на затворските казни за злоупотребата на службената должност и овластувања. Предложените законски измени се доставени до парламентот за да се разгледуваат по скратена постапка, а Комисијата за европски прашања на денешната седница од 13 часот ќе го разгледува доставениот предлог како...

Мета факт: ТЕЦ „Неготино“ не проработе на природен гас, од Владата прстот го вперуваат во енергетската криза

Владиното ветување за трансформација и прилагодување на термоелектрана „Неготино“ за производство на електрична енергија од природен гас не е исполнето до денешен ден. Овој енергетски капацитет и понатаму го користи нееколошкиот мазут за да произведува струја, за што реагираа и екологистите од CEE Bankwatch Network. Од Владата признаваат дека роковите се пробиени, но додаваат дека виновник за тоа е...

Увозот на автомобили со голем раст, само четвртина од колите се нови [инфографик]

Расте интересот за купување на возила од македонските граѓани, иако најголемиот дел од превозните средства се половни. Податоците на Царинската управа на РСМ покажуваат огромен раст на бројот на увезени возила од странство во првите шест месеци од 2023 година. Во периодот јануари-јуни годинава се увезени вкупно 21.307 возила, од кои 19.552 се автомобили, 1.634 се камиони и 121 автобус....

Не е точно дека претседателката ги помешала Жбогар и Голоб

Претседателката Сиљановска Давкова никаде во објавата не спомнува дека се сретнала со Голоб, за потоа да објави фотографија од средба со Жбогар и да изгледа како да не знае...