недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Влада на Република Северна Македонија | 54 резултати

Премиерот Мицкоски со новогодишна честитка: Во 2026 година ќе почувствувате мерливи резултати

декември 31, 2025

Во видеообраќањето, премиерот нагласи дека фокусот бил ставен на правната држава, при што биле започнати процеси за воспоставување еднаквост пред законот и јасни правила што важат за сите

Јас ќе продолжам да зборувам за убави вести а талогот на општеството нека прави рилсови, порача премиерот Мицкоски

декември 24, 2025

Премиерот им се заблагодари на сите што ѝ дале повторно шанса на Македонија, и додаде дека Владата ќе стори сè „за да ова биде и вашата последна шанса, односно да биде Македонија нашата заедничка последна шанса, тука да си остариме и тука да ги поминеме оние години кои што ни преостануваат до крајот на нашиот живот, а нормално нашето искуство да го пренесеме на генерациите кои што ќе не наследат, дека каменот тежи дома, а каде и да одите надвор сте дојденци“

Владата одлучи, тим од лекари ќе им понуди лекување на повредените од Кочани во Пониква

јуни 11, 2025

Одморалиштето Пониква ќе биде пренаменето во рехабилитациски центар за граѓаните повредени во трагедијата што неодамна се случи во Кочани. Како што информираат од Владата, оваа одлука е донесена на вчерашната владина седница, со задолжение до Министерството за внатрешни работи да го стави објектот на располагање на Министерството за здравство. Станува збор за објект со 27 […]

Премиерот ги доби доказите што ги побара, Владата одговори: Меџити е невин

февруари 25, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска доби документи од опозицискиот Социјал-демократски сојуз на Македонија (СДСМ), во кои наводно има индиции за корупциски скандал во кој е инволвиран првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Неколку часа подоцна од Владата пристигна соопштение до медиумите во кое се вели дека сè е според закон. Опозициска партија претходно […]

Кои се надворешните советници на премиерот Христијан Мицкоски

јануари 30, 2025

Тројца поранешни функциониери од времето на владеењето на Никола Груевски, кој ужива азил во Будимпешта, се меѓу 17-те советници на сегашниот премиер и негов наследник на чело на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Станува збор за Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието, Зоран Ставрески, поранешен министер за финансии и вицепремиер, како и Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер за […]

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

јануари 23, 2025

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација на јавните услуги. Со овие зборови, портпаролката на Владата, Марија Митева, денес ја […]

Владата донесе одлука да му префрли на ЈСП средства за бесплатен превоз за студентите

декември 31, 2024

Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното сообрачајно претпријатие, за да може мерката бесплатен јавен превоз за студентите непречено да се реализира и следната календарска година. За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција која ја одржа заедно со министерката за образование и […]

Студентите повторно жртви на инаетот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска

декември 27, 2024

Четири дена пред крајот на годината, студентите во Скопје се оставени во неизвесност околу иднината на бесплатниот јавен превоз. Додека Владата најавува одлука за префрлање на средствата на 31 декември, од Јавното сообраќајно претпријетие Скопје (ЈСП Скопје) нема конкретни информации за тоа кога и како ќе се продолжи важноста на студентските билети. Ова може да […]

Бесплатниот јавен превоз за студентите оди на пауза, владина одлука ќе има во јануари

декември 26, 2024

За првпат после десет години, овој јануари студентите во Скопје ќе останат без бесплатен јавен превоз со автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје). Владата до крајот на оваа година нема да донесе одлука за продолжување на мерката, што ќе го стави на пауза остварувањето на ова право кое е значаен дел од студентскиот […]

Влада: Ваучерите за електронски уреди за студенти веќе се предвидени во Буџетот за 2025 година

декември 13, 2024

Во Буџетот за 2025 година се обезбедени средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди, соопшти Владата вчера, потврдувајќи ги првичните најави дека студентите во земјава догодина ќе добијат финансиска поддршка за набавка на дигитални уреди. Студентите со ваучерите се очекува да можат да купат телефони, компјутер или таблет, а од Владата […]

Премиерот Мицкоски најави ваучери од 250 евра за електронски уреди за сите студенти

октомври 8, 2024

Ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди за сите студенти во државата, најави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашната отворена програма „100 дена Влада“ што се емитуваше на јавниот сервис МРТ1. Одговарајќи на прашањето за иселувањето на младите, Мицкоски во програмата во која се говореше за сработеното на Владата во првите сто дена работење, […]

Свеченост по повод Денот на независноста под мотото: „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

септември 6, 2024

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека по повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Како што соопштија оттаму, свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година (недела), во 13:00 часот. „Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна […]

ВМРО-ДПМНЕ повторно ја враќа оградата од ковано железо околу Владата

јули 2, 2024

Меѓу многуте одлуки од денешната, втора седница на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, донесена е и одлука за враќање на оградата околу владината зграда, која беше отстранета пред пет години. Ваквата одлука за време на седницата беше правдана со тоа дека објектот сега бил опкружен со „нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР“ и […]

Мицкоски очекува новата влада да почне со работа до понеделник

јуни 18, 2024

Предлог програмата за работа и составот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е доставена до Собранието, информираше попладнево мандатарот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски. Тој очекува истата да биде ставена на дневен ред пред пратениците за време на викендот. „Граѓаните очекуваат брзи резултати. Јасно е дека оваа Влада како и очекувањата на граѓаните се […]

Владина делегација оддаде почит кон светите браќа Кирил и Методиј

мај 23, 2024

Во пресрет на утрешниот државен празник, 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј, Владата организираше настан во чест на просветителите втемелени во создавањето на македонската писменост. Владина делегација предводена од министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, положи цвеќе на […]

Активно се работи да се најдат простории за ФИНКИ, велат од Владата

март 21, 2024

Владата соопшти дека активно работи на наоѓање решение за Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), односно немањето соодветни простории за држење на наставата, по денешниот одржан протест на студентите. Владата долгорочното решение го гледа во објектот кој започна со изградба во 2015 година, но чија конструкција престанала откако фирмата задолжена за градежните работи […]

Протест за поддршка на Палестина пред влада: Излегуваме од човечка должност

ноември 18, 2023

„Се собравме како наша човечка должност, за да покажеме дека не успеаја да го убијат човечкото во нас“, кажа активистот Здравко Савески на протестот пред Владата во Скопје за поддршка на палестинскиот народ. Во говорите преовладаа пораките за мир, солидарноста и критика на империјалистичките центри на моќ, кои овозможуваат злосторствата на Израел да останат неказнети. […]

Собранието ги изгласа законските измени: Ќе поевтинат производите за менструална хигиена

септември 19, 2023

По 10 месеци Собранието конечно ги изгласа измените на Законот за данокот на додадена вредност кој предвидува намалување на стапката од 18% на 5% за прометот со производи за менструална хигиена, со што ќе се намали продажната цена. Овие даночни измени лани, на 1 декември ги најави Димитар Ковачевски, а Владата на предлог на Министерството […]

Кампањата „Ние сме Европа“ ќе ги промовира придобивките од брзото членство во ЕУ

август 23, 2023

Под мотото „Ние сме Европа“, Владата и Секретаријатот за европски прашања, од 30 Август до крајот на септември ќе спроведат кампања во осум градови во земјата посветена на приближување на целта за влез во ЕУ до граѓаните, најави денеска вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ. Во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово ќе […]

Продолжува портокаловата фаза – од денеска забрана за движење во шумите и заштитените подрачја

јули 17, 2023

Портокаловата фаза во којашто се наоѓа земјава продолжува и денеска и се очекува да трае во следите десетина дена. Оваа информација ја соопштија вчеравечер од Владата, по одржаната седница на која била разгледана Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекува да продолжат и деновиве. Портокалова фаза летово за првпат беше прогласена […]

Страна 1 од 3