fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Српските таблоиди ја „паднаа“ Владата на експремиерот Ковачевски

Наспроти ваквите неточни, потпалувачки и националистички обоени објави не „падна Владата во   Северна Македонија“, ниту пак, „Албанците полека но сигурно ја презеле власта“. Станува збор за избор на техничка, позната и како пржинска влада според т.н. Пржинскиот договор од 2015 година, чиј мандат е да организира праведни и фер претседателски и парламентарни избори кои ќе се одржат на 24...

Проверувачите на факти од „Ellinika Hoaxes“ го добија спорот со Грчката асоцијација на физичари

Организацијата за проверка на факти „Ellinika Hoaxes“, од соседна Грција, го доби долгогодишниот спор со Грчката асоцијација на физичари. Со одлука на апелациониот суд по вторпат се отфрла тужбата за морална штета, неовластена обработка на лични податоци и клевета. Во 2019 година Грчката асоцијација на физичари го започна спорот заради две анализи на „Ellinika Hoaxes“, барајќи 700 илјади евра отштета....

„Техномаркет“ не подарува 200 машини за перење

На официјалната Фејсбук страница на „Техномаркет Македонија“, која има речиси 180 илјади следбеници, не може да се најде објава со ваква содржина. Но, објавено е известување за лажната наградна игра, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук за наводна наградна игра на „Техномаркет Македонија“, продавница која е позната по продажба на бела техника....

Не е точно дека никогаш не постоела македонска нација

Факт е дека Македонците се посебен и автохтон народ што го населува историско-географскиот регион Македонија. Македонскиот народ ја искажувал и ја докажувал научно посебноста на својот историски, културен, јазичен, политички идентитет во континуитет, а особено во текот на 19 и 20 век, во текот на својата борба за национално ослободување и државно осамостојување. Првото заседание на АСНОМ одржано на...

Не е вистина дека хемотерапијата агресивно се спроведува врз луѓето

Photo by Arek Socha at Pixabay
Иако хемотерапијата е ефективен начин за да се третираат многу видови на карцином, таа со себе носи и ризик од несакани ефекти. Некои несакани ефекти од хемотерапијата се благи, но други може да предизвикаат сериозни компликации. Ама тоа не значи дека хемотерапијата „агресивно се спроведува врз луѓето.“ Таа се прима со претходна согласност од пациентот. Доколку тој реши да...

Непосакуван увоз: Анти-ЕУ дезинформациите на Кремљ потпалуваат и во С. Македонија

Најголем дел од анти-ЕУ дезинформациите на Кремљ во С. Македонија потекнуваат од странство – и од Русија и од Западот, потоа пристигнуваат во земјата преку социјалните платформи, а помал дел и преку медиумите. Некои од нив потоа се прилагодени на локалниот контекст, а мал дел од дезинформациите кои ги туркаат наративите на Кремљ се домашни. Србија е централна точка...

Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот

Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка болест која би можела да се појави во иднина и за која здравствените експерти сметаат...

Вакцините против ковид не се „геноцид“, туку спасуваат животи

Фото: Pixabay/qimono
Само во 2021 година, вакцините против ковид-19 спасија 14.4 милиони животи насекаде во светот. Вакцинацијата, според СЗО, исто така, ја намалува можноста да се појават нови варијанти. Тоа е показател дека вакцините делуваат. Ниту прекумерната смртност, ниту карциномот, ниту смртта на лица на помлада возраст не се асоцирани со ковид вакцинацијата. Теориите на заговор дека вакцините се пуштени во...

Дезинформациски круг на релација Софија-Белград-Скопје со типичен руски шмек

Познат е патот по кој течат руските дезинфо наративи – oд Русија преку Србија, па низ целиот Западен Балкан. Овојпат за промена, изворот е од соседна Бугарија. Лавината тргнува од емисијата „Не се плашете со Васил Василев“, потоа се проширува преку српските таблоиди, па пристигнува и на македонските профили на Фејсбук, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Измислено писмо на Путин кружи на социјалните мрежи

„Писмото на Владимир Путин до светот“, кое се споделува од многу корисници на социјалните мрежи, не е споменато од ниту едeн веродостоен медиум, ниту пак,  на веб-страницата на Кремљ каде вообичаено се објавуваат обраќањата и говорите на Путин. Станува збор за комплетно фабрикувано писмо, споделено како да е напишано од Путин, иако тоа несомнено не се случило, пишува „Вистиномер“...

Урсула фон дер Лајен во Давос зборуваше за дезинформациите околу Украина, а не за „болеста Х“

Во видеото од целосното излагање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ниту еднаш не се споменува идна пандемија, туку таа зборува за дезинформациите кои се шират во врска со воената инвазија на Русија врз Украина, како и за дезинформациите кои го загрозуваат офлајн светот и покрај тоа што се пласирани онлајн. Нејзиниот говор во смисла на...

Пошта не продава изгубени пакети за 123 денари

Фејсбук страницата Наша пошта која ја промовира оваа наводна наградна игра очигледно е лажна, имајќи предвид дека има малку следбеници и на неа нема никакви информации и други објави. За разлика од неа, официјалната Фејсбук страница на Пошта на С. Македонија има над 6 илјади следбеници и на неа можат да се најдат објави поврзани со активностите на Поштата....

Не е точно дека Западот никогаш не се грижел за Украина

Украинците не се испраќаат на фронтот за да умираат, туку за да го бранат територијалниот интегритет на својата земја. Украина не бараше војна, туку е принудена да се брани од рускиот агресор. Не е вистина дека Западот никогаш не се грижел за Украина. Западните земји постојано ѝ испраќаат помош на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Контраспин: Како СДСМ мисли да биде избрана привремена влада без двајца министри?

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за неподршка на привремената влада на Талат Џафери е несериозен и тежок за разбирање, ама ставот на СДСМ дека во тој случај „местата во техничката Влада на ДПМНЕ треба да останат празни, а мандатарот да предложи Влада во која што тие места ќе бидат непополнети“ е спин, затоа што прво е незаконски и таква влада тешко...

Видеото не покажува како кинески мигранти бегаат од Русија

Видеото споделено во објавата што ја анализираме, не покажува како кинеските мигранти бегаат од Русија по понудата на Путин за државјанство на странци кои се борат за Русија. На него се прикажани луѓе кои патуваат од Русија за новогодишните празници и тоа се појавило на интернет неколку дена пред декретот на Путин од 4 јануари, со кој се забрзува...

Путин не кажал дека Бугарија треба да се дели

Објава на руски блог којашто е нечие лично мислење, се пренесува прво во бугарски медиуми, па на крај во македонски медиуми и на социјални мрежи, каде што ѝ се прикачува наводен цитат од Путин за поделба на Бугарија, што тој никогаш не го кажал, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На објава во Фејсбук групата Македонци...

Не е вистина дека НАТО ги повлекол сите безбедносни сертификати

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации информира дека досега се нема случено повлекување на безбедносни сертификати дадени на македонски функционери, воени лица, разузнавање и МВР од страна на НАТО, ниту пак, за такво нешто има какви било индиции. Потврда дека информацијата што се споделува на социјалната мрежа X е  неточна добивме и од Министерство за одбрана, пишува „Вистиномер“ во...

Русија не е најсилна економија во Европа

Рускиот претседател Владимир Путин даде изјава во која манипулативно тврди дека Русија е најсилната економија во светот. Она што ја прави изјавата на Путин манипулативна е недостатокот на целокупниот контекст, бидејќи јачината на една економија не се мери само преку бруто домашниот производ (БДП) според ППП (Паритет на куповна моќ). Тој параметар е само еден показател, односно еден начин...

Ердоган не ставил услов за екстрадиција на Палевски

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, не постои услов поставен од претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган за испорака на припадници на ФЕТО во замена за екстрадицијата на Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Претседателот Стево Пендаровски го демантираше ова и рече дека најголемиот дел од нив не се во земјава, но...

Не е точно дека може да се направи „регенерација на сите органи“ со микропроцесори од калај

Вистиномер рецензира објави на социјалната мрежа Фејсбук во кои се тврди дека секој орган може да се регенерира без лекови, преку обраќање (комуникација) на клетките со програмски јазик. Ова е дезинформација. Интервјуа со ваква тематика од основачите на ПЗУ за алтернативна и комплементарна медицина, ординација Центар за биоинформатика – Ревит Скопје и со истото или други неточни тврдења се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...