fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Браната „Св. Петка“ е поголема инвестиција од браната „Конско“

Одлична е веста за завршувањето со работа и пуштање во употреба на браната „Конско“ во гевгелиско, со што се обезбедува вода за наводнување на илјадници хектари земјоделски површини во реонот на гевгелиско поле. Сепак, еден детаљ не соодветствува на вистината. Браната со инвестиција од 40 милиони евра не е најголем инвестициски проект во последните пет децении. Тоа беше браната...

Не е точно дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС

Тврдењето дека Мексико сака да се приклучи на БРИКС во 2024 година е невистинито и беше демантирано дека има ваква одлука од властите во Мексико, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На Фејсбук објава прикачена е фотографија од заедничка средба на лидерите на Мексико и Кина и напишан е текст кој тврди дека Мексико сака да...

Во дипфејк видео, божем од Франс 24, Украина му готвела атентат на Макрон

Во манипулирано видео од новински сегмент на Франс24 се вели дека официјалната посета на Емануел Макрон е откажана оти француската тајна служба пресретнала информации околу можен атентат на францускиот претседател. Не само тоа, туку атентатот ќе го извршеле украински оперативци, со цел да може да се префрли вината на Русија. А, крајната цел била Украина да добие поголема финансиска...

Контраспин: Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев бил Бугарин

Непримерното спинување веќе започна меѓу двете најголеми политички партии за своите претседателски кандидати. Првата потешка артилерија беше употребена за докажување, кој е поголем патриот во однос на прашањето со Бугарија. СДСМ со фотографија стара 5 години ја нападна професорката Сиљановска Давкова, додека ВМРО-ДПМНЕ со извртување на зборовите и со користење на полуизјава, невистинито тврди дека за Пендаровски, Гоце Делчев...

Вработените во Белата куќа, ЦДЦ, ФДА, „Фајзер“ и „Модерна“ не беа ослободени од ковид вакцинација

Извршната наредба што ја потпиша Бајден во септември 2021 година предвидува задолжителна вакцинација на федералните работници, таа се однесува на Белата куќа, ФДА, ЦДЦ и НИАИД. Тогаш Бајден издал посебни барања и за бизнисите со повеќе од 100 вработени кои морале да наложат вакцинирање или да бараат неделно тестирање на вработените. „Модерна“ и „Фајзер“ биле покриени со ова барање...

Не постои ковид „пландемија“ за контрола на луѓето преку 5Г мрежата

Објава шири дезинформации дека ковид пандемијата била „пландемија“, односно план за контрола на луѓето преку 5Г мрежата. Ковид и 5Г мрежата не се поврзани, ниту пак, со нив се контролираат луѓето. Мета на оваа теорија на заговор се и ПЦР тестовите, за нив невистинито се тврди дека се правени за да се собере база на податоци од луѓе за...

Според Џафери, Владата немала надлежност по одлуките на ДКСК?!

Талат Џафери, премиер на техничката влада, по однос на специфично прашање за лицето Дрин Ахмети и генерално за неспроведување на заклучоци и други акти од Антикорупциската комисија, даде невистинита изјава дека Владата немала таква надлежност. Законите, сепак, велат поинаку, а во крајна линија, Владата има и посебен вицепремиер за добро владеење, во чија надлежност се и антикорупциските и прашањата...

Меѓународниот центар за новинари во поддршка за Фондацијата Метаморфозис

Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) изрази поддршка за Фондацијата Метаморфозис по јавните напади против сегашните и поранешни вработени во фондацијата вклучувајќи ги новинарите во порталот Вистиномер. Во своето соопштение, ICFJ ја забележуваат дезинформациската кампања против Метаморфозис, која вклучува лажно претставување на проверката на факти како цензура и обвинувања за нелегални активности од страна на фондацијата. Дополнително, од таму потенцираат дека...

Не е точно дека личните документи треба да бидат со новото име, откако ќе почнеме преговори со ЕУ

Граѓаните, согласно Договорот од Преспа, требаше да ги сменат личните документи со новото име на државата до 12 февруари 2024 година. Овој датум произлегува од Договорот кој го потпишаа С. Македонија и Грција. Покрај пасошот, граѓаните треба да ги сменат и личните карти и возачките дозволи (чијашто важност за внатрешна употреба е продолжена до крајот на годинава), бидејќи тие...

Фотографијата на Силјановска-Давкова со бугарскиот европратеник Ковачев е стара пет години

Наспроти тврдењата во објавите, не е вистина дека Силјановска-Давкова дека отишла кај Ковачев да бара поддршка пред претседателските избори. Заедничката фотографија на Ковачев и Силјановска-Давкова не е скорешна, туку датира од нивната средба во 2019 година во Брисел, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     На неколку објави на социјалните мрежи споделена е фотографија од Гордана Силјановска-Давкова...

Се реактуелизира рускиот дезинфо наратив за постоење лаборатории за биолошко оружје во Украина

Приказната за „тајните американски биолаборатории во Украина” е мит на руската пропаганда. За таа цел се злоупотребува изјавата на Викторија Нуланд од март 2022 година, дека има биолошки лаборатории за истражување во Украина. Нуланд тогаш пред Сенатот на САД кажа дека Украина има подлога за биолошко истражување, додавајќи дека е загрижена дека руските воени сили настојуваат да ги заземат...

Петкатниот автобус не е руски, фотографијата е направена со вештачка интелигенција

Петспратниот автобус прикажан во објавата што ја анализираме нема никаква врска со Русија. Истиот е производ на вештачка интелигенција, односно креиран е со помош на алатката Bing Image Creator, што е јасно наведено на Редит, каде што е објавена оваа фотографија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија, при што...

На 24 февруари 2022 година започна руската инвазија на Украина, а не ,,чистењето на украинските нацисти”

Станува збор за невистина и пропагандна флоскула која ја презентираше самиот руски претседател, Владимир Путин за да ја оправда воената инвазија во Украина која ја почна на 24.февруари 2022 година, сосема неиспровоцирано. Бројни историчари тврдат дека воената агресија во Украина не може да се доведува во корелација со никаква денацификација, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Недолична објава повикува на насилство и ги сатанизира ЕУ и НАТО

Во манипулативна објава се пласира познатиот навредлив, непримерен, пропаганден наратив со кој се сатанизираат НАТО и ЕУ. Наспроти тврдењата во објавата, НАТО не е поврзана со религиозна војска, туку во Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност. Вредностите за кои се залага ЕУ немаат никаква врска со легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во...

Контраспин: Барањето за 61 пратеник и „потполниот хаос“, се однапред пласирано алиби на Мицкоски

Нагласувањето на потреба од 61 пратеник за успешно владеење и истакнување на хиперболизираната политичка реторика дека „државата е во потполн хаос“, и дека „ништо не функционира“, нема поткрепа во реалноста и во суштина се спинови. Тие повеќе служат како со време кажано алиби на Мицкоски за евентуален утрешен застој, или неуспех да се испорача ветеното во предизборната кампања или...

Контраспин: Што може, а што не, ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже по избори ако ja освои власта

Двете цврсти тврдења на Ковачевски за ВМРО-ДПМНЕ дека е партија која не може да донесе никави позитивни промени и дека е партија која е против членството на С. Македонија во ЕУ, се извртување на вистината, т.е. спин. Првиот го темели на спин дека сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не чинат и не постигнале ништо, а вториот на минатите политики на...

Фотографија од 2016 година со налепница на регистарските таблички, претставена како да е од 2024

Наспроти изнесеното во објавите, оваа фотографија не е од 2024 година, туку е стара речиси осум години и не претставува пракса на официјална Грција, туку инцидент. Оригиналната фотографија била објавена во македонските медиуми на 23 август 2016 година, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објави на социјалната мрежа Фејсбук (овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде и овде) во кои се споделува фотографија за која се вели дека потекнува...

Руски агенти во мантија

Режимот на Путин ја користи Руската православна црква за ширење влијание во православните земји. Оваа црква врши огромен притисок врз останатите цркви и го спречува доделувањето на Томосот за МПЦ. Преку разузнавачки активности, руските свештеници врбуваат црковни лица насекаде во помесните балкански цркви, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: По руската агресија на Украина, во 2022...

Повторно воскреснуваат анахрони терории за уништување на „македонштината“

Речиси три децении се провлекува наративот дека постои заговор за разнебитување на државата и за уништување на „македонштината“ заради лични интереси. Резултатот од слепото верување во овој заговор е игнорирање на фактите, дури и кога тие бодат очи, па некои не можат или не сакаат да ја видат вистината. Од неодамна се шират и дезинформации дека на илјадници Албанци...

Јулија Навални – мета на дезинформации по смртта на нејзиниот сопруг

Не постои ниту еден релевантен извор од кој произлегува дека Јулија Навални била обвинета за „нов љубовник“. Фотографијата на која се гледа Јулија Навални на плажа со некој маж, е од 2021 година. Со обратно пребарување, пронајдовме дека станува збор за Евгениј Чичваркин, руски милионер кој живее во егзил во Велика Британија, а фотографијата првпат е објавена на 17 август...

Зеленски не ја вовлече Украина во војна

Украина не е таа која сака војна, ниту, пак, украинскиот претседател Зеленски ја вовлекол земјата во војна, како што неточно тврди објавата. Русија ја нападна Украина, а таа има...