fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Лажни дојави за бомби има и во училиштата во кои учат ученици Албанци

Постот шири невистини дека училиштата во кои учат Албанци нема дојави за бомби. На 15 декември 2022 година, на пример, дојави за поставени бомби имаше во кумановските основни училишта „Бајрам Шабани“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“ „Јероним Де Рада“ каде наставата се изведува и на македонски и на албански наставен јазик. Истиот ден лажни дојави за бомби добија гимназијата „Зеф...

Во Законот за заштита на правата на пациентите не се вели дека имате право да не ги вакцинирате децата

Во објавата неточно се тврди дека родителите кои не ја исполниле својата законска обврска да го вакцинираат нивното дете против заразни болести, не сториле никаков прекршок. Ова е целосно извртување на вистината. Според Законот, пациентот нема право да одбие медицинска интервенција, ако таквата постапка ќе предизвика некому штета, дали на пациентот или на други лица. А таков е случајот...

Контраспин: Спинувањето околу лебот им се чини „вкусно“ и на партиите и на бизнисот

„Вистиномер“ утврди повеќе спинови од политичките партии и од дел од бизнис заедницата за причините зошто нема бел и полубел леб во голем дел од продажните места во земјата, состојба што настана по одлуката на Владата за замрзнување на цената на лебот на 33 денари донесена на 28.02.2023 година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Откако...

Главен дезинфо наратив за февруари: Западот започна војна во Украина, Русија употреби сила за да ја запре

Главниот дезинформациски наратив во февруари во македонскиот медиумски простор беше изречен од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на само три дена пред одбележувањето на годишнината од руската инвазија врз Украина. Тој го преврте „огледалото“ и де факто рече дека Русија морала да влезе со воена сила во Украина за да се одбрани од Западот. „Сакам да повторам –...

Ниту потврдено, ниту одречено регрутирањето доброволци од страна на Вагнер во регионот

Вагнер групата е приватна воена компанија, со изразени врски со руската влада, чиј сопственик е Евгениј Пригожин, именуван како „готвачот на Путин“ поради бројните зделки поврзани со подготовка и продажба на храна во и околу Кремљ. Втора значајна фигура на Вагнер е Дмитриј Уткин, поранешен припадник на специјалните сили на ГРУ – руската воена разузнавачка служба. Вагнер е таму...

Мицкоски многу сигурно навестуваше дека ќе има предвремени избори

Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во којашто вели дека не рекол дека ќе има предвремени избори, според проверката на Вистиномер е полувистинита. Изјавите на Мицкоски од декември и јануари, сепак укажуваат на тоа дека тој со прилично голема доза на сигурност ја уверувал јавноста дека има доволен број пратеници од партиите на власт, со кои би направил ново мнозинство...

Постот шпекулира дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ договориле референдум за уставни измени

Изнесените тврдења во постот немаат никаква поткрепа и се засновани на рекла-кажала. Ниту Мицкоски, ниту Ковачевски, досега не спомнале дека треба да има референдум за уставни измени кој би се одржал заедно со парламентарните и претседателските избори. Ваков договор меѓу партиите нема, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Пост на Фејсбук манипулира дека двете најголеми партии...

Нема докази дека фенбендазол лекува рак кај луѓето

Фенбендазол, лек за паразити кај кучињата, не е клинички тестиран кај луѓето. Агенцијата за храна и лекови (ФДА) и Европската агенција за лекови (ЕМА) го забрануваат фенбендазол за употреба кај луѓето. Тврдењата дека фенбендазол може да излечи рак се непоткрепени и може да ги доведат во опасност болните од канцер, доколку поверуваат и на своја рака го применуваат овој...

Лажна наградна игра: КАМ маркети не доделуваат ваучери од 500 евра

Неколку показатели укажуваат на тоа дека наградната игра е лажна. Прво, истата не доаѓа од официјалната страница на КАМ маркетите од којашто компанијата секојдневно комуницира со потрошувачите. Официјалната страница на КАМ има 300 илјади следбеници, наведени се адресите на маркетите, официјалните контакти…За разлика од неа, лажната страница  има само деведесетина следбеници и единствена содржина е измислената наградна игра, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу го...

Не е точно дека никој не бил во вселената

Постојат неверојатно количество докази, вклучително и 383 килограми камења собрани од Месечината во текот на 6 мисии, потврда од Русија, Јапонија и Кина и фотографии од НАСА кои сведочат за тоа дека има мисии во вселената, пишува Вистиномер во новата анализа која ја пренесуваме во целост.   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: „И руски и американски експерти велат: Никој не...

Белите траги од авионите не значат дека од воздух нè прскаат со отрови

Нема докази дека отрови се пуштаат од воздух во Македонија или каде било во светот. Според научната јавност, станува збор за контрејлс – траги што авионите ги остават зад себе како последица на кондензација и кои се највообичаена појава. Облаците во форма на линија се произведени од издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промени во притисокот...

Вакцините против ковид-19 не предизвикуваат спинална мускулна атрофија

Нема докази дека испитувањата за спинална мускулна атрофија врз новороденчињата во Хрватска, ќе се прават за да се провери дали ковид вакцините им ја предизвикале оваа дијагноза поради тоа што мајките им биле вакцинирани против ковид-19. Ваквата теза во постот што го рецензираме е целосно произволно нафрлена. Информацијата за тоа дека бебињата ќе бидат тестирани за спинална мускулна атрофија, Вистиномер ја пронајде...

Не е точно дека НАСА на хебрејски значи измама

Оваа објава што се споделува на Фејсбук е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик, туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“. НАСА (National Aeronautics and Space Administration), е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и...

Лажни руски „проверувачи на факти“ шират пропаганда за војната во Украина

Малку е познато кој стои зад оваа руска веб-страница за „проверка на фактите“ – „War on  fakes“ . Нејзините креатори се идентификуваат само како „администратори на неколку руски неполитички канали на Телеграм“, а ниту еден од нејзините автори не е именуван. Страницата нема импресум, ниту контакт или  адреса. Сервисот за проверка на Факти „Поинтер“ направил преглед на оваа веб-страница...

Жените во Украина доброволно одат во воена служба

Постот дезинформира дека НАТО ја турка Украина да се бори до последниот Украинец. Ова е потценувачки наратив за илјадниците војници во Украина, како и за патриотските и одбранбени дејства коишто тие ги спроведуваат бранејќи се од руската агресија. Не е точно ниту дека снемало мажи, па Зеленски „испраќа жени да бидат убивани на фронтот“. Жените одат доброволно во служба и...

Во што се состои „тајниот шарм“ на Кина во земјава

Во најновиот документ за политики, издаден годинава од Фондацијата за слобода Фридрих Науман, во соработка со Софискиот безбедносен форум, а изведен од мрежа на национални експерти во Југоисточна Европа (ЈИЕ), се вели дека и покрај сè, македонските граѓани и натаму имаат поволно мислење за Кина, не поради „материјалното влијание на соработката, но поради чувството за можности што Кина знае да го инспирира“, пишува Вистиномер...

Нова изјава дека Русија е најголемиот добитник од влошените односи меѓу Скопје и Софија

Весела Чернева, директор на Европскиот совет за надворешна политика во Софија е уште една од низата актери во бугарскиот јавен простор која даде потврда на тезите за рускиот бенефит од лошите односи меѓу Бугарија и С. Македонија, пишува Вистиномер во текстот кој го пренесуваме во целост. Дека влошувањето на односите меѓу С. Македонија и Бугарија одат во корист на трети...

Западот не ги завел Русија и Украина да војуваат за нивна пропаст, туку Украина се брани од руската агресија

Украина и Русија не се „заведени од Западот да војуваат за нивна пропаст”, како што се тврди во постот, туку Украина, како суверена држава, признаена и членка на ОН е жртва на агресија од својот сосед Русија која официјално анектира нејзина територија. Украина војува да се ослободи, односно ја брани својата независност, а Русија војува за да приграби што...

Измама: Не се продава правосмукалка за 120 денари

Во постот се злоупотребува името и логото на Амазон, една од најголемите светски компании за е-трговија со седиште во САД. На официјалната страница на Амазон.ком најевтиниот модел на правосмукалката Duson V11 која се нуди во објавата на Фејсбук,  е 149 долари и не постои правосмукалка за 120 денари. Страницата што ја објавува наводната продажбата е создадена на 20 август...

Ист ИБАН број за донации за Турција и за Украина не значи дека се прави манипулација со парите

Постот што го рецензираме е манипулативен и му недостасува контекст. Тоа што на ист ИБАН број –  меѓународен број на банкарска сметка, се собираат донации за настраданите во Турција и помош на Украина, не значи дека се прави манипулација со парите. На иста меѓународна банкарска сметка сметка може да се донираат пари за настраданите во Турција и Сирија, со...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...