fbpx
Таг: ветување

таг: ветување

И граѓаните од околните градови го чекаат бесплатниот јавен превоз во Скопје

Патувањето со воз или автобус од околните градови им предизвикува големи трошоци на граѓаните од Куманово, Велес и Тетово, коишто секојдневно патуваат на работа, школо или по други обврски во главниот град. Од градовите коишто гравитираат околу Скопје има дневен прилив на илјадници граѓани, коишто имаат избор да патуваат со автомобили, коишто го зголемуваат сообраќајниот метеж и проблемот со...

Град Скопје сè уште нема систем за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз

Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“. Со некогашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, на дел од паркинзите во главниот град се изнајмуваа јавните велосипеди со...

Вистиномер: Вратени се во сообраќај ноќните линии на ЈСП

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за ветување дадено во изборниот циклус од сегашната градоначалничка на Скопје: Ветување: Во првите 82 дена од мојот мандат преку програмата за модерно Скопје со сите 15+1 проекти и мојот 82 акционен план ќе ги исчистиме дивите депонии во градот. Ќе го промениме линискиот ред на градскиот сообраќај, а редовни ноќни линии ќе...

Вистиномер: И на реконструираната делница од регионалниот пат Тетово – Јажинце се поставени „легнати полицајци“

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за едно ветување: Директорот на  Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми на 27 мај 2021 година, најави дека кога ќе се рехабилитира регионалниот пат Тетово – Јажинце ќе се извадат таканаречените „лежечки полицајци“. Ако се рехабилитира почетокот на оваа делница ќе се извадат и таканаречените легнати полицајци за кои возачите постојано реагираат, а...

Вистиномер: Не се пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево-Охрид

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на ветување за автопатот Кичево-Охрид: Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на почетокот на декември минатата година, на прес-конференција за Буџетот на Министерството за 2021 година, меѓу другото, кажа: Најавуваме интензивна изградба на автопатот Кичево-Охрид, очекуваме веќе следната година да ги пуштиме во сообраќај и првите 20 километри.   ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Претставувајќи го буџетот на Министерството за...

Вистиномер: Градската капела во Тетово сè уште не е пуштена во употреба

Во продолжение ја пренесуваме оценката на „Вистиномер“ за ветување за Тетово: Ветување: Во овој момент се врши исправка и надоградба на недостатоците коишто беа констатирани и очекуваме дека до крајот на месецов (август н.з.) капелата ќе биде пуштена во употреба, при што грижата за управување со капелата ќе биде доделена на новото Јавно претпријатие градски православни гробишта Тетово, изјави Александра...

Медиумските реформи никако да стасаат на дневен ред кај политичарите

Ако ги прашате политичарите ќе кажат дека медиумските реформи сè уште не дошле на дневен ред, додека медиумските работници оценуваат дека нема политичка волја за независни регулаторни тела. По два распишани јавни конкурса, од кои еден поништен, трета година не може да се изберат нови членови на Програмскиот совет на МРТВ и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни...

Вистиномер: Арсовска најави, но не почна на 10 декември да го украсува Скопје за Нова година

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Текстот го пренесуваме во целост: На 3 декември годинава, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска излезе во видео обраќање на Фејсбук во кое вети дека: На десетти декември ќе отпочне новогодишното китење на градот Скопје. На мојот повик се одзваа општествено одговорни компании, кои со оглед на здравствено економската криза и на...

Вистиномер: Стационарот за бездомни кучиња во Струмица готов, но се најавува отворање до крајот на годината

Мета.мк ја пренесува анализата на „Вистиномер“ на изборно ветување на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски: Ветување: Изградба на стационар за кучиња бездомници во Струмица     ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски за изградба на „Стационар за кучиња бездомници’’,  наведено  во неговата изборна програма  „Живот во Струмица за сите“ (стр. 21), со која излезе на локалните избори во 2017 година, досега (04.10.2021) не...

Вистиномер: Не е изградена ветената подземна гаража во Струга

„Мета“ ја пренесува проверката направена од „Вистиномер“ на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Струга, Рамиз Мерко:   Ветување: Изградба на подземен паркинг на плоштадот Струга преку јавно – приватно партнерство. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Едно од ветувањата на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, во неговата изборна програма за локалните избори во 2017 година, беше изградба на подземна гаража. Според планираното, најавениот паркинг требаше да...

Вистиномер: Карпош не го доби ветениот голем парк со ботаничка градина

Во изборната програма „Живот во Скопје, за сите“ со која градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се претстави на локалните избори во 2017 година, вети нов градски парк со ботаничка градина „за нови зелени простори во Карпош“, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Нов градски парк со ботаничка градина Како логичен продолжеток на зелениот појас по течението на Вардар и...

Тројца министри на ДУИ не успеаја да го изградат објектот на универзитетот „Мајка Тереза“, три дена пред кампања пак се ветува

Албанскиот универзитет во Скопје „Мајка Тереза“, за кој неколку пати беа најавувани решенија за изградба на неговиот објект, и понатаму е предмет на политичка пропаганда, но досега ништо конкретно не е преземено во тој правец. Студентите и понатаму посетуваат предавања во простории што не ги исполнуваат ниту минималните услови за учење, пишува Порталб.мк. Овој универзитет беше отворен во 2016 година,...

Вистиномер: Проектот „Сто типски куќи“ во Штип во фаза на урбанистичка подготовка

„Мета“ пренесува проверка на изборно ветување на градоначалникот на Штип, Сашко Николов: Ветување: Реализација на проект „100 типски куќи“– населба Света Недела, наменети за социјално загрозено население. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Во текот на предизборната кампања за предвремените локални избори во Штип, одржани на 13 декември 2020 година, актуелниот градоначалник Сашко Николов најави изградба на сто типски куќи за ранливите категории граѓани. Како локација за...

Порталб: Многу ветувања, но без вистинско решение за дивата депонија во Струга

Нема решение за дивата депонија во Струга. Со години депонијата, која се наоѓа на неколку километри од градот, е црна точка на градот. На локалните избори во 2017 година, Рамиз Мерко, актуелен градоначалник на Струга, вети дека ќе го реши овој проблем со изградба на регионална депонија за општините од југозападниот регион во земјата. Меѓутоа, реалноста е поинаква, регионалната...

Порталб: Ганиу не го исполни ветувањето за катни гаражи

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, го завршува својот прв мандат без да го реши проблемот со паркирањето, каде како решение понуди изградба на четири катни гаражи во општината. Но, иако остануваат помалку од два месеци до крајот на неговиот мандат, Ганиу не го исполни ова ветување. Порталб.мк упати прашања до Општина Чаир и Министерството за транспорт и врски во врска...

Порталб: По 9 години чекање, училиштето во Мала Речица беше пуштено во употреба само за прво одделение

Училиштето „Наим Фрашери“ во Мала Речица, чија изградба градоначалничката на Тетово Теута Арифи ја ветува речиси 9 години, вчера беше пуштено во употреба само за учениците од прво одделение. Градоначалничката Арифи рече дека ова не се смета за официјално отворање, туку дека е само одбележување на почетокот на годината за првоодделенците кои ја започнаа учебната година во ова училиште....

Порталб: Тендерот е објавен, но Ганиу не го исполни ветувањето дека ќе изгради базен во Чаир

Агенцијата за млади и спорт го објави тендерот за изградба на четири базени, меѓу кои е предвидена изградба на базен и во Општина Чаир. Од оваа агенција за Порталб.мк потврдија дека тендерот е објавен во саботата и дека законските процедури мора да се почитуваат до усвојување на одлуката за избор на компанијата која ќе ги изведува работите, а кои...

Вистиномер: Комплетно реконструирана детската градинка во Вевчани

Ветување: Реконструкција и осовременување на детската градинка во Вевчани. „Во дворот на детската градинка ќе изградиме ново отворено игралиште со најмодерни реквизити. Детската градинка ќе ја реконструираме и опремиме со најмодерни соодветни помагала и играчки, а со цел подобрување на воспитната и образовната компонента во наставата“. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Ветувањето на градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски за реконструкција на детската градинка е исполнето. Детската градинка...

Вистиномер: Стајковци доби нова градинка, Синѓелиќ ќе почека

„Вистиномер“ го анализираше предизборното ветување на сегашниот градоначалник на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, за изградба на детски градинки. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: ВЕТУВАЊЕ: Изградба на градинка во с. Стајковци и во с. Синѓелиќ. Во првата година од мандатот, ќе бидат изградени две детски градинки и тоа, една во с. Стајковци и една во с. Синѓелиќ. Овој проект е...

Порталб: Иако беше ветено, ОУ „Исмаил Ќемали“ во Чаир сè уште не е реконструирано

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во програмата која ја презентираше во предизборната кампања на последните локални избори, меѓудругото вети и многу проекти во врска со реконструкција на основните училишта на територијата на оваа општина, пишува Порталб.мк. Во оваа програма тој вети реконструкција на ОУ „Исмаил Ќемали“. Сепак, иако вети дека проектот за реконструкција на ова училиште ќе вклучува реконструкција на...

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа...