Таг: ветување

таг: ветување

Мета факт: Добиен заем од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето

Владата во својата Програма за работа за периодот од 2022 до 2024 година има ветено дека ќе се обезбеди заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во висина од 50 милиони евра за подобрување на водоснабдувањето во земјава. Овие средства од страна на македонската влада беа обезбедени кон крајот на 2022 година од ЕИБ, но реализацијата на проектите за реконструкција...

Мета факт: Во тек е реализацијата на ветувањето за меѓународен конкурс за избор на идејно решение за „Расадник“ во Кисела Вода

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година им вети на граѓаните дека ќе спроведе меѓународен конкурс за избор на идејно решение за урбанизација на локацијата „Расадник“ во населбата Кисела Вода. Ова ветување што треба да се спроведе во неговиот мандат до 2025 година во моментов е во тек на...

Мета-факт: Охрид минатата година доби мерна станица за загадување на воздухот, но не и Штип

Министерството за животна средина минатата година вети отворање на две нови мониторинг станици во Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентален воздух во Охрид и во Штип, а во буџетот за 2022 година беа предвидени и финансиски сретства за оваа намена. Во текот на минатата година оваа институција го отвори мерното место во Охрид, но не и тоа...

Автопатот Кичево-Охрид напредува со чекор на желка, по еден километар годишно

Премиерот Димитар Ковачевски деновиве на социјалните мрежи во пропагандно видео, во чиј опис стои дека „во последните пет години се изградени 1.300 километри нови патишта“, меѓу другото се пофали и дека е изграден автопатот Кичево – Охрид долг 57 километри. Но, реалноста е поинаква, од автопатот што изминативе девет години го градеа три влади, една предводена од ВМРО-ДПМНЕ и...

За една година се дигитализирани сите ракописи од Институтот „Крсте Петков Мисирков“

Бележиме исполнето ветување на Министерството за култура за забрзано дигитализирање на старите ракописи од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“. Севкупната архива на овој Институт е дигитализирана за половина од ветениот рок од две години, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Министерството за култура во 2021 година најави забрзан процес на дигитализација на ракописите што...

Мета факт: Споровозно се исполнува ветувањето за чистење на депониите во Источен и Североисточен регион

Од 2020 година до денес, во континуитет се одолговлекува чистењето на нестандардните општински депонии и ѓубриштата во Источниот и Североисточниот плански регион. Причините за одложувањето беа од изборот на компании и надзор над работите што ќе ги чистат депониите, преку потребата од изработка на неопходната урбанистичка документација од општините за овие локации, до проблематизирањето на изградбата на современата регионална...

Вистиномер: Сите сакаат нов Клинички центар, нема јунак да го изгради

Нов клинички центар најавуваа сите власти во изминативе десетина години, партиите го ветуваа во изборните програми како клучен капитален објект, се распишуваа тендери, се склучуваа договори, се фрлаа лопати… Изградба на современ медицински центар ветуваа сите министри за здравство од 2010 година, почнувајќи од Бујар Османи, па Никола Тодоров, Арбен Таравари, Венко Филипче до сегашниот Беким Сали, и според...

Чекајќи го возот за Софија: Нова надеж за „пругата наречена надеж“

Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година. Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата предводена од СДСМ и...

Мета факт: Делумно исполнето ветувањето на владата за помош на општините за набавка на нови контејнери и канти

Владата на Република Северна Македонија во Програмата за работа во периодот 2020-2024 година има ветено дека до крајот на 2024 година ќе обезбеди директна поддршка за набавка на 10.000 канти и контејнери на годишно ниво за општините како помош за заштита на животната средина. Ова владино ветување го оценуваме дека е во тек со спроведување и е делумно исполнето до...

Рестрикции, чуден мирис и вкус – сè уште нема решение за водата за пиење во Тетово

Како последица на врнежите од дожд, водата што доаѓа од изворите на Лешница е заматена и ги известуваме граѓаните дека работата на станицата за филтрирање е запрена. Ова го соопштија вчера од општинското јавно претпријатие ЈКП „Тетово“. Но, ова не е прв пат. Секоја година во текот на месец октомври во Тетово, покрај што е матна, водата за пиење...

Порталб: Студентите на ДУТ и оваа година без студентски дом

Студентите на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) и оваа академска година ја почнаа без студентскиот дом, и покрај големата потреба на студентите од другите градови и регионот што студираат на овој универзитет. Градежните работи на студентскиот дом се завршени, а во постапка е поставување на мебелот. Властите постојано ги пролонгираа крајните рокови за овој студентски дом. Од Министерството за...

Општина Тетово сè уште не ги објавила договорите на дело за третото тримесечие од оваа година

Иако неговото објавување на секои три месеци беше ветување на раководството на Општина Тетово, списокот на лица ангажирани со договор на дело во општината за периодот јули-септември 2022 година сè уште не е објавен. Од општината велат дека списокот сè уште не е готов, но штом го подготват ќе го објават, пишува Порталб.мк. Засега не се знае колку лица преку договори...

Бесплатни часови по пливање за 1.000 првачиња и деца со попреченост во Општина Аеродром

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски: Ветување: Бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година    ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски,  во јануари на презентацијата  на општинскиот Буџет за 2022 година, меѓу другото, вети и бесплатното пливање за сите првачиња од основните училишта во Аеродром,...

Јакимовски вети бесплатна возачка за млади, Општина Карпош ќе субвенционира 50 отсто од трошоците за обука

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски:   Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања, меѓу другото, го даде и следното ветување: Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и...

Не се знае дали булеварот „Благоја Тоска“ ќе биде готов наесен, Општина Тетово молчи (ВИДЕО)

Толку многу ветуваниот и многу дискутиран булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, никако да се доврши и да се растовари сообраќајниот хаос. Иако беше ветено дека булеварот ќе биде готов во текот на есента, работите таму се изведуваат со слаб интензитет, тврдат граѓаните коишто ја користат оваа сообраќајница. Од општината молчат за тоа кога ќе завршат градежните работи, пишува Порталб.мк. Се...

Се гради 8 години, потребни се уште 4 години за објектот на Театарот и библиотеката во Тетово да биде завршен

Иако во октомври лани имаше најави дека објектот на Театарот и библиотеката во Тетово ќе биде готов во 2025 година, тоа нема да се случи. Завршувањето на работите на овој објект, кој почна да се гради во 2014 година, се продолжени за уште една година, дознава Порталб.мк. Новата зграда на тетовскиот театар се ветува веќе 12 години, се гради 8...

Сè уште не се знае дали Студентскиот дом во Тетово ќе биде готов за есенскиот семестар

Иако градежните работи се завршени, Студентскиот дом во Тетово сè уште не е готов, бидејќи не е поставен неопходниот мебел. Ветувањата на надлежните постојано се одолговлекуваат, а не се знае дали домот ќе биде готов за претстоечкиот семестар. Во тек е постапката за набавка на мебел, пишува Порталб.мк. Иако Студентскиот дом во Тетово претставува голема потреба за студенти од надвор...

Порталб: Ветувањето на Касами за нови паркинзи во Тетово останува неисполнето

Пред да дојде на чело на Општина Тетово, Биљал Касами вети дека за помалку од шест месеци ќе се изградат околу седум катни гаражи од челична конструкција. Но, тоа досега не се случи. На 4 мај навршија шест месеци откако Касами ја презеде функцијата, а Општина Тетово неодамна, поточно на 15 април објави јавен оглас за изградба на затворени...

Порталб: Иако градоначалникот Беџети вети, работите на поликлиниката Сарај не завршија во февруари

Иако градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, рече дека во февруари ќе завршат градежните работи на поликлиниката во оваа општина, тоа не се реализира. Според сликите од терен, работите во овој објект продолжуваат. Работите нема да завршат најмалку уште еден месец, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Во јануари годинава Беџети изјави дека работите ќе завршат во февруари и потоа...

Порталб: Првата фаза од два километра од автопатот Скопје-Приштина не заврши во февруари

Директорот на ЈП „Македонски патишта“ ја продолжи „традицијата“ на своите сопартијци, за давање ветувања кои не исполнуваат, а се поврзани со изградбата на автопатот Скопје – Приштина, пишува Порталб.мк Текстот подолу го пренесуваме во целост: Иако се ветува долги години, Северна Македонија сè уште не успеа да ги изгради ниту првите два километра од овој автопат. Директорот на ЈП „Патишта на...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...