fbpx
Таг: весник

таг: весник

Излезе првиот број на „Гласот на студентите“

Денеска излезе првиот број на весникот „Гласот на студентите“, зад кој стои „Студентски пленум“. Насловната страница е со поднаслов „Што претставува Студентскиот пленум и неговиот развој“, а на неколкутите страници може да се прочита за активностите на пленумот, ангажманот на неговите претставници, автономните зони и за барањата на студентите.

Информативна пролет со „Твитер“ и со „Јутјуб“ во Македонија

Студентските маршови и протести, „бомбата“ на Заев и сега „контра-бомбата“ на Анонимусите и случајот со малата Тамара од Велес се темите за кои социјалните мрежи зовреа. За разлика од твитер-заедницата, која неуморно твиташе и споделуваше информации на овие теми, традиционалните медиуми парцијално ги пренесоа или целосно ги игнорираа. Тие полека ја губат битката со времето, па информациите им доцнат и...

Сопственикот на српски „Курир“ поднел кривична пријава против Борис Тадиќ

Радисав Родиќ, сопственик на српскиот весник „Курир“, денеска соопшти дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија, Борис Тадиќ, и против уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“. Родиќ соопшти дека кривичната пријава до обвинителството ја поднел за организиран криминал и оти...

Сириски хакери го нападнаа профилот на „Монд“

Хакерската група Сириска електронска армија (СЕА) го нападна твитер-профилот на францускиот весник „Монд“. Членови на СЕА, кои се приврзаници на сирискиот режим, објавија неколку соопштенија, во кои изразија поддршка за Палестина, Сирија и за Африка, а едно од нив беше насловено „Јас не сум Шарли“. We have successfully hacked Le Monde and we will never fail to deliver our message of...

Молотови коктели врз германски весник што објави карикатури на „Шарли ебдо“

Изутринава бил подметнат пожар во германскиот весник „Хамбургер моргенпост“, кој ги објави карикатурите за пророкот Мухамед на францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“. Како што соопшти полицијата, напаѓачите фрлиле камења и молотови коктели преку прозорецот на редакцијата. Молотовите коктели предизвикале пожар во две простории, но набргу бил изгаснат. Нема повредени лица во нападот.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...