fbpx
Таг: Венко Филипче

таг: Венко Филипче

Новинарите и медиумските работници ќе се вакцинираат во втората фаза како дел од виталните институции

Министерот за здравство Венко Филипче денеска оствари средба со Младен Чадиковски претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Драган Секуловски извршниот директор на ЗНМ и Тамара Грнчароска и Павле Беловски членови на Извршниот одбор на Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници (ССНМ). На средбата се разговарало за важноста новинарите да бидат дел од приоритетните групи за вакцинација против...

Филипче: Вкупно 70 отсто од здравствените работници сакаат да се вакцинираат

Седумдесет отсто од здравствените работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против ковид-19, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Тој кажа дека здравствените работници што сега се пријавиле, испратиле добар сигнал. „Вкупно 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници кажаа дека сакаат да се вакцинираат. Вакцините се безбедни, развиени...

Процесот на имунизација започна, Филипче вели ќе се вакцинира понатаму за да не им зема место на колегите [галерија]

Започна процесот на имунизација против ковид-19 во земјава. Денеска во модуларната болница која се наоѓа до Клиниката за инфективни болести, здравствените работници кои работат на клиниката ја добија првата доза од вакцината на „Фајзер“, која ја добивме како донација од Србија. Според најавите, во следниве седум до 10 дена, треба да се вакцинираат сите здравствени работници со прва доза. Прим....

Филипче: За неколку часа 8.000 граѓани се пријавија на vakcinacija.mk

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа објави на социјалните мрежи дека за неколку часа откако беше пуштена во употреба веб-страницата www.vakcinacija.mk 8.000 граѓани пријавиле интерес за вакцина против ковид-19. „Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Според...

Околу 4.000 здравствени работници се пријавиле да примат вакцина против ковид -19, тоа се речиси сите што работат со ковид-пациенти

Речиси сите здравствени работници кои работат со ковид-пациенти низ државата се пријавиле за вакцинација, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој кажа дека оваа бројка изнесува 4.000 лица. Инаку во државата има вкупно околу 3.000 доктори и 9.000 сестри. Неодамна, Министерството за здравство излезе со податок дека резултатите од анкетата што ја спровеле, покажуваат дека меѓу 70 и...

Филипче го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини од кинески „Синофарм“

Министерот за здравство Венко Филипче го потпиша договорот за набавка на вакцини против ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“. Со договорот, Република Северна Македонија од кинеската компанија „Синофарм“ обезбедува 200.000 вакцини кои ќе пристигнат овој месец. Од Министерството за здравство велат дека точниот датум на пристигање и сите други информации ќе се знаат деновиве. „Почитувајќи ја одредбата од договорот за тајност,...

Филипче: Вакцинацијата против ковид-19 ќе почне со „Синофарм“, медицински работници и сите лица над 70 години се приоритет

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, информираше дека во понеделник Министерството ќе го потпише договорот со „Синофарм“, кинескиот производител на вакцини против ковид-19. Филипче денеска го презентираше Националниот оперативен план за вакцинација, во однос на приемот, складирањето и дистрибуцијата на вакцината од кинескиот производител „Синофарм“ која во нашата земја се очекува да стигне во февруари. Тој истакна дека вакцината...

Преку јапонски грант, Инфективната клиника ќе добие машина за рециклирање медицински отпад

Во рамки на јапонската грант Програма за мали проекти за човековата безбедност (GGP) во Република Северна Македонија, Клиниката за инфективни болести ќе добие машина за рециклирање на медицински отпад, со што ќе се зголеми безбедноста на медицинскиот персонал и пациентите преку итно и безбедно отстранување на инфективниот и опасен отпад. Договорот во висина од 65.801 евра, денеска го потпишаа министерот...

Филипче: Вакцинацијата против ковид-19 ќе почне месецов со кинеските вакцини

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека вакцинацијата против ковид-19 ќе започне месецов со 200.000 дози на кинески вакцини, за кои транспортот ќе го организира Министерството за здравство. „Не би шпекулирал во однос на точниот датум, меѓутоа за многу кратко време ќе го знаеме и тоа, после што истиот ќе го објавиме“, изјави министерот Филипче. Тој најави дека со кинеските...

Северна Македонија има план и фрижидери, но не и вакцина против корона вирусот

Додека граѓаните на Северна Македонија чекаат да бидат имунизирани преку вакцини, бројот на нови случаи на ковид-19 значително се намали во овој период. Иако недостасуваат вакцини, планот за вакцинација е подготвен. Според надлежните, Северна Македонија преку програмата COVAX обезбедила 833.000 вакцини за своите граѓани, пишува „Порталб.мк“. Обезбедувањето вакцинација за 20 отсто од населението, според одлуката на Владата за определување средства,...

Филипче: Подготвени се листите за вакцинација на здравствени работници и хронични болни

Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против ковид-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза ќе се вакцинираат здравствените работници кои се висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција, а со нив ќе се вакцинираат и постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест и компликации и смрт, односно...

Пановски: Ако утре стаса кинеска вакцина, прв ќе се вакцинирам

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека се разгледува можноста и за набавка на кинески вакцини, на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, иако во меѓувреме, државата не се откажува од фајзеровите вакцини кои треба да се обезбедат преку ковакс механизмот. За кинеските вакцини се размислува по доцнењето на испораката на вакцините на „Фајзер“. Професорот од Медицинскиот факултет Никола Пановски, вели дека...

Филипче: „Фајзер“ бара без посредници да аплицира за регистрација на вакцината во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека компанијата „Фајзер“ побарала вакцината против ковид-19 да ја увезува директно во земјава, без посредници. Тие побарале до македонските надлежни институции да аплицираат за увозник на вакцината, а со тоа и да аплицираат за регистрација на вакцината во земјава. Токму поради таа причина, во Собранието на РСМ се најдоа измените на Законот...

Годишно 150 жени заболуваат од рак на грло на матка, потребно е подигање на свеста за рано откривање

Секоја година во нашата држава во просек 150 жени заболуваат од рак на грло на матката или 15 на 100.000 жени, рече професорката Елена Ќосевска од Институт за јавно здравје на денешната прес-конференција по повод одбележувањето на европската недела за подигање на свеста за ракот на грлото на матката. Според морталитетот, секоја година умираат од 30 до 40 жени или...

Филипче: Првите вакцини од Фајзер и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз, планот за вакцинација е подготвен

Не постои законска пречка за прием на вакцините против ковид-19 во нашата земја, информира министерот за здравство Венко Филипче по обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека владата е неспособна и го закочила процесот на примање на 8.000 вакцини од Србија. Наспроти тврдењата на Мицкоски дека процесот е закочен бидејќи вакцината не е регистрирана и има отсуство на...

Филипче: Мерките беа добро димензионирани, имаме пад на новите случаи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното интервју за телевизија Сител рече дека мерките за борба против ширењето на ковид-19 биле добро димензионирани и дале резултат, односно во земјата има значаен пад на новодијагностицирани случаи и значајно намален број на хоспитализации. Тој рече и дека во земјава се веќе пристигнати два од петте фрижидери за вакцините на „Фајзер“,...

Најавено враќање на работното време до 21 часот на рестораните ако состојбата со ковид-19 остане стабилна

Министерот за здравство Венко Филипче на утринското гостување во МТВ посочи дека угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот. На прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките после празниците Филипче потенцираше: „Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21...

Лекарите и медицинскиот персонал најзаслужни во битката со ковид, лажните вести – зараза што се шири побрзо од вирусот

Одлуката за носење маска на нива и во парк беше непотребна. Од овој аспект, и целосните карантини беа непотребни. Матичните лекари требаше да се насочат како да лекуваат бидејќи луѓето испија тон антибиотици. Пропусти имаше, но во целина, може да се каже дека државата добро реагираше и се справува со ковид-кризата, а на лекарите и на медицинскиот персонал, треба...

Новогодишната ноќ помина мирно, граѓаните ги почитувале мерките за заштита од ковид-19

Дочекот на 2021 година во земјава поминал мирно, покажуваат извештаите на здравствените власти и на МВР. Во Ургентниот хируршки центар за време на новогодишната ноќ извршени се десетина прегледи и приеми, споредбено со 30, 40 колку што имало во изминатите години, информираат од Министерството за здравство. Десетина прегледи и приеми се изведени и на Клиниката за токсикологија, исто така многу...

Едно по друго, две бебиња се родија на Клиниката за гинекологија во минута по полноќ (галерија)

Министерот за здравство Венко Филипче утрово ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, каде синоќа на една минута после полноќ се роди првото бебе во 2021 година. Триесет и пет годишната Бојана Миланова, роди здраво машко дете тешко 3.650 грама и долго 51 сантиметар. Ова е второ дете во семејството Миланови. Само неколку секунди подоцна, на свет дојде уште...

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...