fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

Вистиномер: Ковачевски не кажал дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ отстапи место на Македонија

Во оригиналната објава јасно стои дека станува збор за сатирична вест, а од Владата потврдија дека премиерот никогаш не дал изјава дека Британија излегла од ЕУ за да ѝ направи место на С. Македонија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук објавува невистинита содржина, во која наводно се прикажува став на премиерот Димитар Ковачевски...

Британија и Германија ги повикаа граѓаните да ја напуштат Украина, Русија од Киев повлекува дипломати

Велика Британија и Германија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради стравувањата од можна руска инвазија на земјата, јави германската новинска агенција ДПА. Покрај овие две големи европски земји, САД излегоа со истата препорака и за американските граѓани во Украина, а вакви повици упатија и балтичките земји, Холандија, Саудиска Арабија и други држави, вклучувајќи ја и Северна...

Британските научници тврдат: Потребни ни се пресвртни точки за да се справиме со климатските промени

Воведените субвенции и масовното пуштањето во употреба на енергетски објекти брзо ги намалија трошоците за производство на енергија од сонцето и ветерот, исто како што масовното прифаќање на електричните автомобили се забрзува и доведува до нивно поевтинување. На светот му се потребни вакви пресвртни точки за да може да се справи со климатските промени, тврдат британските научници што ги...

На Русија може да ѝ се случи втор Авганистан доколку ја нападне Украина, предупредува Лиз Трас

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас ја предупреди Русија дека инвазијата на Украина ќе доведе до загуба на животи од размерите на советско-авганистанската војна, јавува Гардијан. Говорејќи на Институтот Лови во Австралија, министерката Трас го повика Владимир Путин да се откаже и да се повлече од Украина пред да направи голема стратешка грешка. Во своето излагање, таа го врами...

Министерката за надворешни работи Лиз Трас во Лондон беше домаќин на министрите од Западен Балкан

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас вчера беше домаќин на состанокот со 6-те министри за надворешни работи од Западен Балкан во Лондон, каде што се разговараше за зајакнување на економските и безбедносните врски и обезбедување на поддршка на слободата и стабилноста во регионот. На средбата присуствуваше и новиот Специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Сер Стјуарт Пич,...

Студија во Велика Британија: Третата доза ковид вакцина значително го зајакнува имунитетот

Третата доза на вакцина против ковид-19 може значително да ја зајакне имунолошката одбрана на телото, покажува најновата студија од Велика Британија што го испитувала имунолошкиот одговор на околу 3.000 лица кои примиле бустер-доза, пишува весникот Гардијан. Истражувањето е објавено во угледното списание Lancet, при што научниците ги проучувале имунолошките одговори на лица кои примиле бустер-доза два до три месеци по...

Новите домови во Англија од догодина ќе мора да имаат полначи за електрични автомобили

електричен автомобил
Новоизградените домови и згради во Англија со закон ќе бидат обврзани да инсталираат полначи за електрични возила почнувајќи од следната година, најави премиерот Борис Џонсон, а пренесе „Би-би-си“. Новиот закон ги опфаќа и новоизградените супермаркети, објектите на компании и зградите кои ќе подлежат на големо реновирање. Со ова, британските власти очекуваат секоја година да бидат инсталирани до 145.000 полначи за...

Силно невреме погоди дел од земјите од Западна Европа, повредени четири лица

Локалните медиуми соопштија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а рано утрово силни ветришта ги корнеа покривите и дрвјата, пренесе Франс 24. Околу 250.000 француски куќи останаа без електрична енергија, а возовите од Нормандија кон Париз се запрени откако силни ветришта зафатија делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Железничкиот сообраќај е...

Велика Британија ја стави Македонија во зелената листа на држави, признати се сертификатите за вакцинација

Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска со нови протоколи за ковид-19, со кои Република Северна Македонија преминува во зелената листа на држави и територии на кои им се признаваат сертификатите за вакцинација, информираат од Министерство за надворешни работи. „Граѓаните на Република Северна Македонија кои патуваат во Велика Британија, и кои примиле вакцина во земјава, ќе се сметаат за...

Во Велика Британија отворена пруга со прагови изработени од отпадна пластика

Наместо дрвени или бетонски прагови, претпријатието кое управува со железничката инфраструктура во Велика Британија започна да употребува иновативни прагови изработени од отпадна пластика. Возовите од Вилтшир од летово се движат по пруга изведена од ваквите прагови, кои се всушност произведени од рециклиран отпад - стари шишиња, пакувања од храна и друга несакана пластика, информираат од британското железничко претпријатие „NetworkRail“. Иновативните...

Корисниците во САД и Велика Британија повеќе време поминуваат на гледање видеа на ТикТок од Јутјуб

ТикТок во многу брзо време може да го надмине Јутјуб, особено кај младите лица. Корисниците во САД и Велика Британија веќе поминуваат повеќе време на прегледување видео содржини на ТикТок наспроти Јутјуб, пренесува Си-ен-ен. Очекувањата се дека овие најнови податоци ќе привлечат внимание и кај забавната индустрија, но и кај огласувачите низ светот. Фирмата „Ап Ени“ која врши мониторинг на...

Аплицирањето за Чивнинг стипендиите на Владата на Обединетото Кралство трае до 2 ноември

Во периодот од 3 август до 2 ноември 2021 година, Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии на дипломирани студенти од земјава, кои во учебната 2022/2023 година планираат да го продлабочат високото образование со едно годишни магистерски студии во Обединетото Кралство. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply, информираат од Британската амбасада во Скопје. „Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат...

Вистиномер: Не, третата доза од вакцината против ковид нема да ги усмрти Британците

Ниту првата, ниту втората ниту третата доза од ковид вакцината – којашто во Велика Британија по избор ќе им биде достапна на граѓаните повозрасни од 50 години заедно со вакцината против грип, не значи дека со неа ќе се убива населението, туку дека ќе се спасува од тешки последици и смрт, како и од хоспитализации и од ковид и...

Вакцинираните со две дози имаат три пати помали шанси да бидат заразени со корона вирусот

Ново истражување во Велика Британија откри дека имунизираните луѓе со две дози на вакцина против ковид-19 имале три пати помала веројатност од невакцинираните луѓе да бидат позитивни на тестирање на корона вирусот, објавува Империал Колеџот во Лондон, а пренесува Гардијан. Овие резултати од истражувањето REACT-1 што го предводи оваа високообразовна установа се засновани на податоци на направени тестови за корона...

Вистиномер: Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози

Наспроти тврдењето во постот, вистината е дека 60 проценти од хоспитализираните поради компликации од ковид-19 во Велика Британија се невакцинирани. Ова се гледа од исправката којашто на Твитер ја напиша британскиот научник Патрик Валанс, кој ја коригира својата грешка во статистиките коишто претходно ги навел прес-конференцијата со британскиот премиер Борис Џонсон, пишува Вистиномер.мк.   Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е даден линк...

Велика Британија во трет бран на корона вирусот, во Бразил бројот на починати надмина половина милион

Делта-варијантата на корона вирусот, која за првпат беше регистрирана во Индија, го зголемува бројот на новозаболени лица од ковид-19 во Велика Британија. За период од една недела, за 79 отсто е зголемен бројот на новозаболени од делта-варијантата, додека приемот во болниците на пациенти е речиси двојно зголемен, јавува Гардијан. Експерти за овој лондонски весник велат дека Велика Британија се...

ТикТок се соочува со тужби во ЕУ и Велика Британија поради начинот на кој ги користи податоците за децата

ТикТок
Платформата за кратки видеа ТикТок се соочува со правни предизвици од страна на Ен Лонгфилд, поранешната комесарка за деца во Англија, околу тоа како социјалната мрежа ги собира и ги користи податоците за децата, соопшти „Би-би-си“. Во правниот поднесок против ТикТок се тврди дека апликацијата собирала лични податоци за децата, како телефонски броеви, видеа, точна локација и биометриски податоци, без...

СЗО, УНИЦЕФ, ЕУ, САД и Велика Британија го поздравија пристигнувањето на првите вакцини од Ковакс

Пристигнувањето на првите вакцини во земјава преку механизмот Ковакс го поздравија СЗО, УНИЦЕФ, Делегацијата на ЕУ во земјава и евроамбасадорот Дејвид Гир, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј. На скопскиот аеродром утрово пристигна пратката на 24.000 дози на вакцини на „Оксфорд/Астра-Зенека“ против ковид-19. Ова е прва во низата испораки на вакцини преку механизмот КОВАКС...

Странските директни инвестиции лани достигнаа 239 милиони евра

Во текот на четвртиот квартал од 2020 година, вкупните странски директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 95,3 милиони евра, како резултат на зголемените инвестиции во меѓукомпанискиот долг и сопственичкиот капитал (за 145,7 и 19,5 милиони евра, соодветно), при намалена реинвестирана добивка за 69,9 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. „Во 2020 година, вкупните директни инвестиции во земјата...

Вакцината „Новавакс“ со висока ефикасност против британскиот сој на корона вирусот

Третата фаза од тестирањето на вакцината „Новавакс“ во Велика Британија покажала висока ефикасност во борбата против британската мутација на корона вирусот, која е актуелна деновиве. Ефикасноста на оваа вакцина достигнала 89,3 отсто во спречувањето на развојот на ковид-19 кај лицата што ја примиле, додека истовремено двете дози од вакцината „Новавакс“ покажале 86 отсто ефикасност на вакцината против британскиот сој...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...