Таг: Велес
таг: Велес
Велешанец за една недела направил 15 кражби
Против Н.Д. (24) од Велес поднесена е кривична пријава поради сомневање дека сторил шест тешки кражби и една кражба,, како и осум кражби за кои е гонет по приватна тужба, информираат од МВР.
„Во периодот 15 јануари 2015 година до 23 јануари 2015 година, пријавениот со кршење на дрвените влезни врати влегол во црквите „Св. Богородица“ и „Св. Пантелејмон“ во Велес, ги скршил дрвените каси и...
Промоција на успешноста со вработување лица со попреченост
Во соработка со Општина Велес во локалната библиотека „Гоце Делчев“, УСАИД ќе го организира четвртиот регионален промотивен настан на кој ќе бидат претставени проектните активности и успешните приказни на лица со попреченост, кои се вработиле или добиле практикантски ангажман преку проект на оваа меѓународна организација.
Проектот на УСАИД за практикантска работа и за вработување лица со попреченост има цел да...
Протест на средношколците во Велес: Не за екстерно
Ученици од велешките средни стручни училишта и од гимназијата „Кочо Рацин“, заедно со родители и со професори, денеска излегоа да маршираат во знак на протест поради новиот модел на државна матура и начинот на кој се полага екстерното тестирање, пренесе радио МОФ.
Со извикување „Не сакаме екстерно“ и „Не сакаме математика“, тие најавија дека нивните активности ќе продолжат додека не...
Изгоре старец во велешката болница
Пациент се запали и изгоре во велешката болница. Според неофицијалните информации, старецот бил дементен, а наводно се запалил од цигара. Истрагата е во тек.
В недела во Велес, нов протест за Тамара
Протестот со кој се бараат оставки на одговорните за смртта на Тамара ќе продолжи во Велес, в недела, на 1 март.
Вчера во Скопје неколку стотици граѓани бараа одговорност за смртта на девојчето, а пред протестот оставки си поднесоа директорите на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази.
Затворски казни за случајот „Ореше“
Пресуда во случајот „Ореше“ попладнево донесе Основниот суд во Велес. Ѓоре Петровски, кој беше обвинет дека го нарачал убиството на Лазо Милошевски во 2005 година, доби затворска казна од 13 години, а по 10 години добија браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски.
Судот го прифати обвинението дека Петровски го нарачал и го платил убиството на Лазо Милошевски, со кого бил скаран години наназад,...
Протест за Тамара: Кога системот убива дете, што останува како утеха?
Неколку стотини граѓани денеска под мотото „Секое наше дете е Тамара“ се собраа во Младинскиот парк во Велес за да го изразат револтот и да побараат одговорност за здравствените власти за смртта на деветгодишната Тамара Димовска, која боледуваше од сколиоза и почина чекајќи одобрение за седмата операција.
- Денеска се собравме повторно предизвикани од човечка грешка! Се собравме да се...
Се излеа Вардар во Велес
На неколку критични места во Велес, денеска се излеа Вардар, а според Регионалниот центар за справување со кризи, поплавено е во Бавчите кај мостот на Вардар кај Башино Село, во областа Шорка на влезот во градот, во Градскиот парк и месноста Бентот на Вардар над Градскиот парк. Поплавен е и долниот дел од кејот на Вардар од левата страна...
Прегазил и усмртил дете, па побегнал
Вчера, по 20 часот, во населбата Превалец - Велес, непознато лице, управувајќи непозната марка возило, удрило во пешак, четиригодишно женско дете од село Горно Јаболчиште, кое со својата мајка, Л.З.(37), чекало такси-превоз.
Детето е пренесено во болница во Велес, каде е констатирана смрт. По преземени мерки во врска со настанот, приведен е Е.М. (28) од село Горно Оризари, а во...
Велес вторпат ќе ја носи титулата „Град на културата“
Велес ќе биде Град на културата за 2015 година. Општината вторпат ја добива оваа титула, која Министерството за култура ја доделува 12 години. На конкурсот за 2015 година, стигнале пријави и од Неготино и од Струмица, а Велес бил едногласно избран од комисијата.
Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска на прес-конференција рече дека од Општина Велес примиле комплексна програма со...
Велес ќе добие две нови цркви
Во Велес годинава ќе се отворат две нови цркви. Храмовите посветени на Свети Кирил и Методиј во младинскиот парк и на Светите Козма и Дамјан во дворот на болницата се готови, а се доработува само фрескоживописот.
Во Велес моментално се градат уште две цркви.
Прва премиера во новиот велешки театар
Премиерата на претставата „Најважната работа на светот“ ќе го отвори новиот објект на велешкиот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ вечерва во 20 часот.
Преставата е комедија во режија на Љубиша Георгиевски, а по текст на Братислав Димитров. Во неа глумат актерите Васил Зафирчев, Зоран Љутков, целокупниот театарски ансамбл на велешкиот театар, како и гостите Ирена Ристиќ и Благоја Чоревски. Сценографијата е...
Општина Велес ќе ги отстранува старите возила
Денеска екипи на Општина Велес и на СВР Велес почнаа со заедничка реализација на акцијата „Чист град“.
Според портпоаролот Мартин Мајсторов, оваа активност се реализира за да се евидентираат и да се отстранат нерегистрираните, хаварисаните и запуштените моторни возила, приколките и камп-приколките, тракторите, земјоделските машини и алатки, од отворени простори и од јавните сообраќајни површини, заради создавање услови за безбеден и уреден...
Детето повредено во вчерашната сообраќајна несреќа кај Велес, сè уште се бори за живот
Најтешко повредениот учесник во несреќата, седумгодишното дете, кое е брат на еден од мажите што се возеле во комбето„фолксваген шаран“, што вчера падна дваесеттина метри надолу, на кружниот тек на влезот на Велес, сè уште се бори за живот на скопскиот Ургентен центар, пренесе телевизија „Канал 5“.
Поради здравствени симптоми на кои се пожалил ноќеска, уште еден од повредените во вчерашната сообраќајна...
Сообраќајка во Велес, едно дете тешко повредено
Дете на возраст од седум години е тешко повредено во сообраќајна несреќа што попладнево се случи во Велес, кога возило излетало од улицата на влезот во градот.
Автомобилот марка „фолксваген“ излетал од улицата кај новиот кружен тек, а во него имало четири лица.
Сите патници се задржано во болницата во Велес за понатамошни испитувања.
Хуманитарен коцерт за Тамара на „ДНК“ во Велес
Панчо и Андреј „ДНК“, овој викенд со концертен настап во Велес се вклучија во кампањата за собирање средства за малата Тамара. На концертот во исполнетиот клуб „Авангард“, тие настапија со песните „Срце“, „Што сака нека биде“, „Авион“, „Она е од Шутка“, како и најновата, „Север и југ“.
Каде заглави отписот на долгови: Од 42.000 барања само 200 решенија
Откако на 1 ноември во Велес беа доделени првите 200 решенија за отпис на долгови на граѓаните од ранливи категории, до денеска нема поделено други, реагираат граѓаните. Според нив, иако министерот за финансии, Зоран Ставрески, ветил дека целиот процес за оваа мерка на Владата ќе заврши најдоцна до 25 ноември, иако имаат поднесено барање, досега немаат добиено никаков одговор.
- Уште на...
Осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци пред истражен судија
Осомничениот за трикратното убиство во Каварадардци денеска треба да се појави пред јавен обвинител во Велес, кој се очекува да му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Тој, во неделата, ги уби таткото, мајката и сестрата на својата сопруга, од која се разведувал, а беше уапсен вчера на градските гробишта во Кавадарци.
Товарен воз прегазил илегален мигрант
Илегален мигрант утрово бил прегазен во центарот на Велес, од товарен воз, кој сообраќал на линијата Гевгелија - Скопје.
Несреќата се случила околу 6 часот, а случајот во полиција го пријавил машиновозачот.
Полициската екипа која интервенирала, на местото затекнала уште шестмина мигранти, кои се приведени во полициската станица во Велес.
Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на местото и работат на утврдување...
Велес го прослави патронатот со отворање кружен тек
Деветти Ноември, денот на Општина Велес, беше одбележан со празнична програма која почна на самиот влез во Велес, од најстариот пат познат меѓу велешани како Штипско џаде. Денеска на оваа регионална сообраќајница во употреба беше пуштен новиот кружен тек со значително проширување на просторот и со зголемување на безбедноста.
На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски и...