вторник, 16 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Вардариште | 31 резултати

Кучето што искаса десетина лица фатено и однесено во „Вардариште“

декември 9, 2017

Откако вчера куче ротвајлер искасало девет лица на булеварот „АСНОМ“, нападнало и мајка и дете на улицата „Перо Наков“ по што било заловено од шинтерската служба и пренесено во стационарот „Вардариште“. Како што соопшти МВР, последниот случај го пријавил таткото и сопруг на нападнатите, по што полициската станица Гази Баба побарала шинтерската служба да го […]

„Анима мунди“: Oдговорност за сопственикот на кучето што нападна деца во Аеродром

декември 8, 2017

Здружението за заштита на животните, „Анима Мунди“ вели дека шесте лица, меѓу кои и четири деца, во општина Аеродром биле нападнати од расно куче. Од здружениеето бараат одговорност од сопственикот кој го пуштил кучето на слобода. „Вината за овој настан е во неодговорните сопственици, во тие што го воспитале, односно го научиле кучето да напаѓа, а кои го пуштаат слободно да […]

Град Скопје: Стационарот „Вардариште“ работи по принципите за хуман третман на животните

јуни 12, 2016

Град Скопје во реакцијата на денешниот протест организиран од „Анима мунди“, изрази згрозување од, како што велат, лажните и клеветнички обвинувања на здружението во однос на третманот на бездомните кучиња во центарот „Вардариште“. „Покрај овие фабрикувани и невистинити обвинувања, навистина не знаеме зошто овие лица протестираат против работата на Град Скопје, која е единствена единица […]

Активистите на протест побараа правда за животните

јуни 12, 2016

Со транспаренти „Бездомни, а не безвредни“, „Во Вардариште ѕверовите се надвор од кафезите“, „Правда за животните“, стотина граѓани и активисти на Здружението за заштита на животни „Анима мунди“, заедно со своите миленици протестираа и бараа правда за животните заловени во стационарот „Вардариште“. Протесниот марш почна на плоштад Македонија и низ улиците продолжи до бараките на […]

„Анима мунди“: Во Вардариште се убиваат мирни и неагресивни кучиња

јули 30, 2015

„Не прекинува ловот на мирни и сакани бездомни кучиња во општина Аеродром. Не запира лажната узбуна дека се агресивни и дека напаѓаат. Еве едно такво куче, куче за кое се направи хајка, пратија и инспектори и шинтери да го ловат, куче кое се држи во карантин и кое доколку за него не се крене врева, […]

Здруженијата за заштита на животни бараат итно затворање на стационарот „Вардариште“

јуни 27, 2015

Местото каде е сместен стационарот „Вардариште“ претходно било депонија и не случајно граѓаните што живеат околу него се жалат на лошата миризба, пишува „24 Вести“. Затоа од Асоцијацијата на активисти за права на животни сметаат дека е потребно што побргу оваа место да биде затворено сè дури не се најде соодветен сопственик што ќе се грижи правилно […]

„Анима мунди“: Да се затвори стационарот „Вардариште“

декември 30, 2014

Изминува веќе четврта година откако постојано укажуваме дека стационарот „Вардариште“ никако не ги задоволува стандардите за хуман третман на животните и суштински го крши Законот за заштита и благосостојба на животните, реагираат од здружението за заштита на животни „Анима мунди“. – Ситуацијата особено станува драматична деновиве, во услови кога температурата е под нулата, и кога држењето […]

Страна 2 од 2