недела, 17 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Вардар | 75 резултати

Вардар изгуби од Киелце

април 11, 2015

Ракометарите на Вардар не успеаја да остварат победа на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ загубија од полскиот шампион Киелце со 22:20. Киелце оваа сезона во Лигата на шампионите на седум натпревари на гости постигна седум победи. Првиот дел мина во изедначена игра. Ракометарите на Вардар неколкупати имаа […]

Вардар ја совлада Војводина во СЕХА-лигата

февруари 9, 2015

Ракометарите на Вардар го победија тимот на Војводина со 30:26 во дуелот од 18. коло на регионалната лига СЕХА, кој се одигра во салата „Јане Сандански“. Најефикасен во редовите на Вардар беше Стефан Терзиќ, кој постигна пет гола, а Сергеј Горбок и Немања Шрибак постигнаа по четири погодоци. Кај Војводина, Милан Јовановиќ постигна шест гола. […]

Се излеа Вардар во Велес

февруари 7, 2015

На неколку критични места во Велес, денеска се излеа Вардар, а според Регионалниот центар за справување со кризи, поплавено е во Бавчите кај мостот на Вардар кај Башино Село, во областа Шорка на влезот во градот, во Градскиот парк и месноста Бентот на Вардар над Градскиот парк. Поплавен е и долниот дел од кејот на […]

По дождот синоќа, се спасуваше кејот на Вардар

февруари 7, 2015

Обилните врнежи од дожд кои вчера ја зафатија Република Македонија, предизвикаа зголемување на водостојот на реката Лепенец, а со тоа се зголеми и нивото на реката Вардар. Поради ова, вчеравечер екипи на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираа на најниските точки на реката Вардар во Општина Аеродром (до објектот на ПИОМ), за при поголем […]

Женски труп пронајден во водите на Вардар во Скопје

февруари 6, 2015

Безживотно женско тело вчераутро било пронајдено во водите на реката Вардар, информираат од полицијата. Случајот го пријавил граѓанин, кој го забележал телото во близина на брегот на реката. Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото, но засега од полицијата нема информации за идентитетот на жената. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на […]

Скопско ракометно дерби во „Борис Трајковски“

декември 10, 2014

Македонското дерби во ракометната СЕХА-лига помеѓу екипите на Металург и Вардар ќе се одигра денеска во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 20.15 часот. Вардар е на третата позиција со 21 бод од девет натпревари, додека Металург е на шестата од седум натревари со 11 бодови. Денеска од 20 часот играат и Борац (Босна […]

Машки труп пронајден во водите на Вардар, кај Велес

декември 2, 2014

Машки труп бил пронајден кај местото Кораб, близу утоката на реката Бабуна во Вардар, пренесува „А1 он“. Телото го пронашле лица од здружението на спортски риболовци „Бабуна“, кои веднаш пријавиле во полиција. Според полицијата, телото било во фаза на распаѓање и по наредба на јавен обвинител во Велес, било однесено во Институтот за судска медицина во […]

Вечерва Вардар го пречекува Целје

ноември 29, 2014

На домашен терен, во СЦ „Јане Сандански“, вечерва ракометарите на Вардар ќе го играат натпреварот од седмото коло од Ц-групата во Лигата на шампионите против словенечкиот Целје. Во првото коло, на гости, екипа на Вардар против словенечкиот противник постигна победа од 27:26. Почетокот на натпреварот е во 19 часот. Металург, пак, кој е втор наш претставник […]

Цепелинот на Лазаров меѓу петте најубави голови во ЛШ

ноември 24, 2014

Вардар претрпе убедлив пораз на гостувањето во Унгарија, но македонскиот состав како утеха го има барем најубавиот погодок на овој меч. Цепелинот што го изведоа „вардарци“ во самиот финиш од мечот беше избран за втор најубав погодок во целата рунда од ЛШ, зад извонредниот гол од крило на Шпренгер од Кил, кој со прекрасен удар […]

Се чистат коритата на Вардар и на Серава

ноември 12, 2014

Екипи на јавното претпријатије „Улици и патишта“ почнаа со чистење на коритата на реките Вардар и Серава, на локација на локација кај Вардариште во општина Гази Баба. Досега исчистени се околу 600  метри. Од коритото на реката Вардар, машински се извадени  3.200 кубни метри наноси на земја, разновиден комунален отпад, градежен шут и вегетација, којашто […]

Страна 4 од 4