fbpx
Таг: вакцинирање

таг: вакцинирање

Индија подари над 5,5 милиони дози на вакцини против ковид-19 и почна извоз во странство

Од 20 јануари до сега, Индија донирала над 5,5 милиони дози од нивните две вакцини против ковид-19 „Ковишилд“ и „Коваксин“, информираат од Амбасадата на Индија со надлежност за нашата земја со седиште во Софија. Двете вакцини против ковид-19 се донирани на Бутан (150.000 дози), Малдиви (100.000 дози), Непал (1 милион дози), Бангладеш (2 милиони дози), Мјанмар (1,5 милиони дози),...

Филипче: Првите вакцини од Фајзер и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз, планот за вакцинација е подготвен

Не постои законска пречка за прием на вакцините против ковид-19 во нашата земја, информира министерот за здравство Венко Филипче по обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека владата е неспособна и го закочила процесот на примање на 8.000 вакцини од Србија. Наспроти тврдењата на Мицкоски дека процесот е закочен бидејќи вакцината не е регистрирана и има отсуство на...

Дали поезијата ќе биде доволен поттик за Чесите да ја прифатат вакцинацијата против ковид-19?

Откако вакцината против ковид-19 стана достапна во Европската Унија, Чешката влада отпочна нова комуникациска кампања наменета за надминување на стравот или сомнежот поврзани со вакцинирањето. Овој пат, инспирација за кампањата потекна од место кое ретко се поврзува со објави од областа на јавното здравство: поезијата, пишува „Глобал војсис“. На 27 декември, профилот на Твитер на Канцеларијата на Чешката влада објави...

Вакцината на „Модерна“ доби дозвола во ЕУ, 13 земји-членки бараат вакцини и за Западен Балкан

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја издаде дозволата за користење на вакцината против ковид-19 на американската компанија „Модерна“, јавува Дојче Веле сервисот на македонски јазик. Станува збор за втора вакцина што е одобрена од европскиот регулатор, откако веќе беше издадена дозвола за употреба на вакцината на германската фирма „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“. Инаку, досегашните студии покажаа дека вакцината...

Вакцините против ковид-19 за Западен Балкан ќе пристигнат во исто време со вакцините за ЕУ

Европската комисија прави напори вакцините против ковид-19 да пристигнат во земјите од Западниот Балкан паралелно со нивната дистрибуција во земјите членки на ЕУ, информираше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој утрово имаше состанок со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и колегите од регионот. Вархеји укажа дека за специфичните потреби на секоја од земјите во...

Вакцината против ковид-19 на Бионтек и Фајзер доби дозвола за употреба во САД

Шефот на Агенцијата за лекови на САД (ФДА), Стивен Хан соопшти дека ја издале дозволата за употреба на вакцината на Бионтек и Фајзер, пренесува сервисот Дојче Веле на македонски јазик. Станува збор за првата вакција што е одобрена за користење во САД, откако истата веќе доби дозвола во Велика Британија, Канада и Мексико, јавува весникот Гардијан. Вакцината на Бионтек и...

Вистиномер: ФДА не утврдила нус појави на вакцините против Kовид-19

Видео на Фејсбук шири дезинформации за ефектите од вакцините против ковид-19. Видеото за многу кратко време стана вирално, односно во моментот на нашата проверка тоа имаше 2.900 реакциии, 68 коментари и 5.100 споделувања, пишува „Вистиномер.мк“ во својата нова анализа. Во видеото, новинарот Бобан Нонковиќ на јавноста ѝ презентира, како што тој нагласува, „Истражување на Центарот за биолошка евалуација и истражувања...

Ellinika Hoaxes: „Најавите“ за масовно вакцинирање против ковид-19 во август се неточни информации

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Фотографија од деца заболени од полио злоупотребена од антиваксерите за спротивна цел

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Непрофесионалното известување ја јакне антиваксерската пропаганда

Низа медиуми од Северна Македонија недоволно професионално известуваа за конференцијата на противниците на вакцинирањето одржана во Скопје на 21 септември, пишува „КриТинк.мк“ во  анализата „Антиваксерите одново во офанзива – медиумите со селектирани информации“. Анализата посочува дека голем број медиуми го пренеле само соопштението од организаторите на настанот, кое содржи низа дезинформации поврзани со вакцинирањето без да ја обезбедат целосната слика,...

Пораст на вакцинираните против морбили, од годинава вакцини против пневмокок и рота вирус

  Еден од главните приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини, кои заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, кои се причинители на тешки заболувања проследени со компликации кои најчесто се јавуваат кај малите деца до 5 годишна возраст, рече министерот за здравство Венко Филипче, на денешната работилница...

Хелсиншки: Oправдано е условувањето со потврда за примени вакцини за упис во прво одделение

Од уставните одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека во случај на одбивање на вакцинацијата од страна на родителите, истите не само што го загрозуваат здравјето на сопствените деца, туку и здравјето на другите лица кои поради медицински контраиндикации не се вакцинирани и на тој начин им го ускратуваат правото на здрав живот. Ова е ставот на Хелсиншкиот комитет за...

Стои ли пропагандата против вакцинирањето зад смртта на трите бебиња од морбили

Три бебиња загинаа од епидемијата на морбили, која во Македонија започна во декември 2018 година, зголемувајќи ги стравувањата дека таа е резултат на долгогодишната пропаганда против вакцинирањето промовирана од десничарските популисти, пишува „Глобал војсис“. Помеѓу три и десет лица дневно се дијагностицираат со морбили во Македонија и над 259 лица се евидентирани како заболени досега, објави Институтот за јавно здравје,...

13-месечно бебе трета жртва од морбили

Синоќа 13-месечно бебе на Клиниката за детски болести починало од компликации предизвикани од морбили, соопшти Министерството за здравство. Детето, кое е од тетовскиот регион претходно не било вакцинирано. Вчера Министерството за здравство информираше дека починало едно дете од Свети Николе, а претходно битката со морбилите ја изгуби и шестмесечно бебе. Според информации од Детската клиника уште неколку деца се во критична ситуација. Од...

За четири часа вакцинирани 267 деца со МРП вакцина

Денеска до 12 часот, на територија на Скопје се вакцинирани 267 деца од предучилишна возраст со вакцината МРП (морбили, рубеола и паротитис), информира Министерството за здравство. Оттаму велат и дека за две од шестмината новозаболени лица од морбили е добиена лабораториска потврда, а за две од нив резултатите се негативни. Кај еден случај на болно дете се прават дополнителни...

Родителите се раскараа на Фејсбук по забраната за примање невакцинирани деца во градинка

Времената мерка за забрана за примање во градинка на деца невакцинирани со МРП вакцина на Министерството за здравство (МЗ), изминативе два дена предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Според едни, ваквата мерка за забрана треба да биде трајна, а други оценуваат дека министерството само шири паника и дека не треба на овој начин да се условува приемот на деца...

Грозданова: Невакцинирани деца не треба да бидат примени во градинка или училиште

Поради одредени отстапки, во моментов и децата кои не се вакцинирани се примаат на училиште и во градинка, а со тоа се доведува во прашање и намалувањето на колективниот имунитет, што е единствен услов за успешна превенција на инфективни (заразни) болести, предупредува за „Мета“ проф. д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство. На законско регулирање...

Девет заразени со морбили во Македонија, се препорачува вакцинирање

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа редовна работна средба, со цел, согледување на состојбата со морбили во соседството и во европскиот регион, како и состојбата со морбили во државата. Од таму информираат дека, во Македонија оваа година досега се регистрирани девет случаи со морбили, од кои само четири се епидемиолошки поврзани. „Службите за имунизација при Здравствените домови да...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...