fbpx
Таг: вакцини

таг: вакцини

Вистиномер: Фотографија од инјекции потребни за ин витро, злоупотребена да ги наведе родителите да одбиваат вакцини

Фотографијата не гo претставува бројот на вакцини и лекарства што ги примаат децата. Ниту кај нас, ниту било каде во светот бебиња и мали деца не примаат толку многу дози вакцини. Според бројот на инјекции и некои од видовите лекови кои можат да се препознаат на фотографијата, може да се заклучи дека станува збор за инјекциите кои мајката требало...

Вистиномер: Не е точно дека 15 тенисери поради поствакцинални компликации се повлекле од „Мајами Опен“

Авторот пишува дека станува збор за 15 тенисери, а во веста која ја споделува, повикувајќи се на познати антиваксерски портали, конкретно се опишува здравствената состојба на двајца тенисери, односно за Паула Бадоса и Јаник Синер. Двајцата имале здравствени проблеми, но не како последица на вакцината, туку Бадоса имала вирусна инфекција на грлото и на увото, а Синер плускавци на...

Вистиномер: Не е точно дека во Франција и САД не се исплаќа животно осигурување за вакцинирани од ковид

Не е вистина дека во САД и во Франција фирмите кои нудат полиси за животно осигурување, наводно одбиваат да ги исплатат затоа што починатиот носител на полисата бил вакциниран, односно бидејќи ја сметаат вакцинацијата за самоубиство. И француското Министерство за правда и Советот на осигурителни компании во САД негираат дека вакво нешто се случува, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Вакцините против Ковид-19 не предизвикуваат ХИВ и нема докази дека вирологот Монтање го тврдел тоа

На некои „Фејсбук“ страници се дистрибуира дезинформација дека покојниот француски виролог Лик Монтање наводно предложил луѓето кои ја примиле третата доза од вакцината Ковид-19 да се тестираат за ХИВ. Нема докази дека вирологот Монтание го рекол ова, а пак третата доза од вакцината не може да предизвика ХИВ, пишува Порталб.мк. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Треба да се истакне фактот...

Вистиномер: Не е точно дека двојно и тројно вакцинираните развиле СИДА

Не е точно дека канадските власти известиле дека тројно вакцинираните развиле СИДА, имале 5.1 пати поголема шанса да починат од ковид-19. Канадските власти не известиле ниту дека двојно и тројно вакцинираните изгубиле 73 и 74 проценти од способноста на имунитетот. Тоа се произволно нафрлени податоци небазирани на реални факти, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме...

Вистиномер: Медицинските предупредувања за можни нови варијанти на коронавирусот, не се „тероризирање“

Фактот дека е можно да се појават нови варијанти на коронавирусот со опаднат интензитет на вакцинација и со поминато подолго време по примена последна доза, не е ширење на терор, туку медицинска стварност. Тоа што омикрон варијантата на коронавирусот не дава толку тешка клиничка слика не значи дека во иднина нема да се појават нови мутации на коронавирусот, пишува...

Вистиномер: Нема докази дека 5Г и графен оксидот се поврзани со ковид-19

Тврдењето дека 5Г мрежата и некакви непостоечки микрочипови во вакцините се комбиниран напор да се контролира населението, не e поткрепено со никакви факти и е невтемелено во реалноста. Дека 5Г мрежата нема никаква поврзаност со коронавирусот беше потврдено уште на почетокот на 2020 година, кога СЗО соопшти дека не е откриено влијание на оваа мрежа врз јавното здравје. Не...

Вистиномер: Неточно е дека вакцините ја зголемиле смртноста кај населението

Статистиката покажува дека за изминатиов период, 74 отсто од позитивните на ковид-19 во С. Македонија не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 76 проценти, додека само 24 отсто од хоспитализираните пациенти се целосно вакцинирани, говорат податоците од Министерството за здравство, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој...

Вистиномер: Неосновано се проблематизира ефикасноста на вакцината

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот кога се вели дека Германија го вакцинирала целото население, а има рекорд во бројот на заразени. Кога текстот – линкуван во постот, ја проблематизира спасителната функција на вакцината, не се осврнува на исходот од тие инфекции кој во најголем дел од случаите е без хоспитализација и без смртен исход. Релевантни медицински...

Вистиномер: Анонимни мејлови не се доказ дека мРНК вакцините ги зголемиле невролошките заболувања

Пласираните тврдења не се поткрепени со никакви медицински докази и факти, туку се темелат на анонимни извори и наводи испратени по електронска пошта. Политифакт пишува дека клиничките испитувања со десетици илјади учесници не покажале никаква поврзаност помеѓу вакцините и невролошките нарушувања, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук пласира информации дека сè поголем е бројот на невролошки...

Вистиномер: Произволно се тврди дека вакцината на „Фајзер“ имала 158 илјади несакани ефекти

Документот кој се посочува во постот содржи информации за настани после вакцинација, а не за несакани ефекти од вакцината. Исто така, во документот не се кажува колку дози вакцина биле примени во моментот на неговата изработка. Постот е со пропуштен контекст, со несоодветна интерпретација и превод се даваат податоци кои погрешно наведуваат да се мисли дека вакцините се причинител...

Вистиномер: Не е точно дека вакцината на „Фајзер“ има 1.291 несакан ефект

Не станува збор за листа на предизвикани несакани ефекти од мРНК вакцината на „Фајзер“, туку за листа на несакани ефекти на коишто „Фајзер“ се фокусирала и ги барала во пријавите што стигнувале до нив. Според извештајот, не се откриени нови здравствени ризици од вакцината, а 1.291 потенцијална опасност биле барани, но не биле најдени во пријавите. Во однос на...

Вистиномер: Вакцините против ковид беа создадени поради пандемијата, а не обратно

Временскиот редослед по кој се појавуваа случаите, како и фактот што вакцините дури подоцна беа создавани, потоа поминуваа опсежни и комплицирани процедури, проверки, клинички тестирања, одобренија од релевантни медицински агенции, покажува дека прв е појавен коронавирусот, а потоа вакцините. Во декември 2019 година, кога беше пријавен првиот случај на коронавирус до СЗО од страна на Кина, немаше ни вакцина,...

Започнува карван за вакцинација против ковид-19 во повеќе општини

Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со карван за вакцинација против ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против ковид-19. Исто така, на овие...

Вистиномер: Нема графен оксид во вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник“

Наспроти произволните тврдења искажани во постот дека вакцините против ковид-19 се отровни и содржат „графен оксид и микротехнологија”, тие се авторизирани, ги имат поминато сите неопходни контроли и се одобрени за употреба. Медицински експерти ширум светот се категорични дека во вакцините нема вакви состојки, а тоа го покажуваат и официјалните извештаи од медицински професионални здравствени агенции. И на официјалната веб-страница...

Вистиномер: Има евидентирани починати лица од ковид кои примиле бустер доза, а имале коморбидитети

Изјавата на министерот за здравство Беким Сали дека нема евидентирано починати лица со примена трета доза вакцина кои имале коморбидитети, е спротивна на изјавите на претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и нејзиниот портпарол Злате Мехмедовиќ. Тие информираа дека во анализата на ИЈЗ – спроведена во периодот од 1 до 31 јануари, се евидентирани 6 починати лица кои...

Обединетото Кралство и Франција со нови ковид-протоколи за влез на македонски државјани

Министерството за надворешни работи информира дека со новите ковид-протоколи во Обединетото Кралство (ОК) на Велика Британија и Северна Ирска, целосно вакцинираните лица, согласно утврдените британски правила за вакцина-сертификат, повеќе нема потреба да прават тест за ковид-19 ниту пред, ниту откако ќе пристигнат во Обединетото Кралство. Но, останува обврската за пополнување на формуларот за лоцирање на патници. „ОК го прифаќа нашиот...

Вистиномер: Лага е дека полицијата во Лондон затворала вакцинални пунктови и апсела поради вакцинирање

Полицијата во Лондон за Ројтерс вели дека нема никаква кривична истрага за ковид-19 вакцините и дека ниту еден вакцинален центар не е затворен, пишува „Вистиномер“. Анализата подолу ја пренесуваме во целост: Рецензираме пост на Фејсбук во кој се изнесува тврдење дека во Велика Британија, од 23 јануари 2022 година е издадена наводна наредба за заплена и стопирање на работата на сите...

Вистиномер: Не е точно дека Црвениот крст не прима крв од вакцинирани лица

Не е точно дека оние кои се вакцинирале против ковид-19 не смеат да даруваат крв, ниту, пак, е точно дека Меѓународниот црвен крст објавил дека нема да прима крв од вакцинирани, како што се тврди во постот. На веб-страницата на американскиот Црвен крст има објаснување коешто демантира дека тие што примиле вакцина не смеат да даваат крв, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Не е точно дека во вакцините има течни кристали за контрола на умот

Не е вистина оти во вакцините има течни кристали, кои се користат за контролирање на мислењето на граѓаните. Неточно е дека во Руанда, во времето на тамошниот геноцид во 1994 година, била спроведувана технологија на контрола на умот и дека Обединетите нации учествуваат во изградба на концентрациони логори. Освен тоа, небулозниот говор на лицето во видеото, според него, претставува...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...