fbpx
Таг: вакцини

таг: вакцини

Нема докази дека Тајланд ќе ги поништи договорите со „Фајзер“

Видеото споделено во постот што го рецензираме е скратено и тоа во клучни делови, а со тоа е променет и контекстот. Вистиномер го пронајде целосното интервју со професорот Бакди може да се види на следниот линк, во видеото тој вели дека разговарал со тајландски активисти, а не со официјални лица на Тајланд. Тврдењето дека вакцината на „Фајзер“ никогаш...

Не е точно дека вакцините се опасни и дека се најголема измама на светот

Имунизацијата претставува еднo од најголемите достигнувања во историјата на медицината и е најбезбедна, најефикасна и економски најоправдана превентивна мерка, која директно придонесува за намалување на морбидитетот и морталитетот од заразните заболувања. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, сипаници, заушки и многу други, кои без вакцините би биле смртоносни за многу...

Невистинито се прикажува дека вакцинираните во Германија развиваат СИДА

Вистиномер го пронајде оригиналниот напис кој се споделува во постот што го рецензираме и во него нема никакви докази дека германската влада признала оти алармантен број на вакцинирани развиваат СИДА. Но, дури и кога ковид вакцините, хипотетички гледано би станале минус 100 проценти ефективни и ефикасни, тоа не значи дека вакцинираните луѓе ќе добијат СИДА или дека нема да...

Не постои ковид план за убивање 6.5 милијарди луѓе, освен во имагинацијата на Кју анон

Не е вистина дека болеста ковид-19 е испланирана од некого за се убиваат луѓе. Вирусот што  предизвикува заболување од ковид-19 постои, а појавата на мутации е нормална и очекувана. Ниту имало ковид план за депопулација, ниту пак, некој бил уапсен од некаква војска за да се спречи таков непостоечки план. Профилот од кој се споделува оваа дезинформација, е познат...

Лажно се прикажува дека Бил Гејтс ќе ја вакцинира храната со мРНК

Глобалната академија за агрикултура и безбедност во храната, која е злоупотребена во постот, се одржала во 2018 година, кога немаше ни ковид, ни вакцини. Не е точно дека Бил Гејтс во својот настап кажал дека ќе се вакцинираат животните со мРНК. Тој вели дека ќе им се помага на животните да преживеат или со вакцинација или со подобрување на...

Нема докази дека учесници на СЕФ барале невакцинирани пилоти да ги донесат во Давос

Тврдењето дека богатите елити барале невакцинирани пилоти да ги носат во Давос, во случајов потекнува од интервју со поранешниот пилот Алан Дана, кој раскажува информација од втора рака, којашто наводно му била кажана од основачот на Фридом Флајерс, Џош Јодер. Но, Јодер на Твитер негираше дека некогаш сугерирал дека СЕФ ги бара баш овие пилоти или дека кој било...

Џил Бајден не се вакцинирала 18 пати против ковид, вакцините немаат никаква врска со ракот

Постот што го рецензираме пласира неточни информации. Прво, не е точно дека првата дама на Америка е вакцинирана 18 пати против ковид, и второ, вакцината против ковид нема никаква врска со појавата на рак на кожа кај неа. Вакцините против ковид не предизвикуваат рак и тие се препорачуваат за луѓето со малигни заболувања, како би се заштитиле од тешки...

Истражување за временските услови правено пред пандемијата, злоупотребено да се нападнат вакцините

Во текстот чиј наслов е прикажан во склоп на постот без да се посочи и линкот до него, воопшто не се разгледуваат ненадејни смртни случаи кои настануваат како резултат на вакцина. Ниту пак, во истражувањето споделено во Вајс, во кое има примерок од смртни случаи од изминатите 38 години, заклучно со 2017 година, се споменуваат вакцините. Тие луѓе кои...

Манипулација: Четири видеа погрешно интерпретирани дека прикажуваат последици од ковид вакцина

Овој пост намерно погрешно се контекстуелизира при што се споделува видеоматеријал на којшто се прикажани четири различни настани на кои личности се онесвестуваат. Ниту еден од овие настани не е поврзан со вакцината против ковид-19, како што се манипулира во постот, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој...

Старо видео манипулира дека жена се онесвестила поради ковид вакцината

Жената што се онесвестува на видеото е Тања Ериксен, шеф во данската агенција за лекови, која на 14 април 2021 година заедно со Сорен Бростром, генералниот директор на данската здравствена управа, држи прес-конференција за да објават дека Данска го запира користењето на вакцината против ковид-19, АстраЗенека.  Иако во постот како виновник за оваа непријатна случка индиректно се посочува вакцината...

Смртта на доктор Фулер не е поврзана со нејзиниот позитивен став кон ковид вакцините

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот и се наведува јавноста да поверува дека вакцината против ковид-19 или наклонетиот став кој доктор Фулер го имала кон вакцината, на некој начин е поврзан со нејзината смрт. Тоа не е точно. Според Медицинскиот факултет на Универзитетот Мичиген, каде што работела, таа починала на 18 ноември 2022 година на возраст од...

Смртта на Пеле и папата Бенедикт не е поврзана со ковид вакцините

Информацијата за смртта на папата Бенедикт дојде деновиве откако претходно папата Франциск побара од верниците да се молат за него, информирајќи дека е многу болен. Неговото здравје се влошуваше некое време. Точно е дека тој примил три вакцини против ковид-19, меѓутоа уште во 2021 година и тоа не може да се поврзе со неговата смрт. Фудбалерот Пеле бил целосно...

Морбилите се многу сериозна болест, а вакцините спасуваат животи

Наспроти тврдењето во постот дека морбилите (малите сипаници) не се болест, станува збор за многу заразна болест предизвикана од вирус. Според ИЈЗ оваа болест останува една од водечките причини за смрт кај малите деца на глобално ниво, и покрај достапноста на безбедна и ефикасна вакцина. Во врска со тврдењето дека оваа вакцина била  воведена кога смртноста од оваа инфекција...

Нема докази дека вакцините се штетни во бременоста

Пријавите во системот на ВАЕРС не може да се земаат и толкуваат како пријави за причинско последично поврзани со вакцината, како што тоа се прави во овој пост на Фејсбук . Само затоа што некој пријавил некаков несакан ефект – настан, не значи дека е докажано дека тој ефект го предизвикала вакцината, токму на тоа  предупредува и ВАЕРС во...

Нема пандемија на вакцинирани, не е точно дека тие се изложени на поголем ризик

Во постот  е злоупотребен написот на Вашингтон пост којшто наменски и селективно се прикажува. Наспроти тврдењето во објавата, статистиките кои покажуваат дека голем дел од смртните случаи од ковид-19 се меѓу вакцинираните луѓе го одразуваат фактот дека повеќето луѓе се вакцинирани, а не дека вакцините се неефикасни. Во написот на Вашингтон пост јасно стои дека токму невакцинираните се изложени...

Њујорк Тајмс: Како што продолжува да се шири ковид-19, така се шират и дезинформациите за болеста

Речиси три години од почетокот на пандемијата, ковид-19 и понатаму опстојува. Истото е случај и со мисинформациите (намерно или случајно згрешени информации и дезинформации) за оваа болест, пишува Тифани Хсу во „Њујорк Тајмс“. Она што почна во 2020 година како гласини што фрлаа сомнеж на постоењето или опасноста на ковид-19, набргу еволуираше во честопати несфатливи тврдења за опасна технологија што...

Доктор неосновано тврди дека вакцината на Фајзер содржи микрочипови

Дозата на вакцината е помала од еден милилитар. Стандардната доза на Фајзер содржи 0.3 милилитри. Тоа не е доволен волумен во кој би можел да се вметне микрочип, дури и кога некој би посакал да направи такво нешто, наспроти она што го тврди д-р Никсон. Тврдењата за микроскопски елементи кои се составуваат во телото на вакцинираните, експерти по имунологија...

Старо видео манипулира дека невакцинираните во Аргентина не можат да извадат пари од банкомат 

Постот е манипулативен, видеото споделено во него е снимено во Аргентина на почетокот на јануари, кога таму за влез во објекти бил задолжителен вакцинален сертификат, мерка којашто важела и за банките, но и за многу други јавни објекти и настани.  Исто така, на Аргентинците кои не се вакцинирани не им било забрането да вадат пари од банкомати, во конкретниот случај...

Вакцините не се најголемото убиство во историјата на медицината

Во постот неточно се тврди дека вакцинацијата е најголемото убиство во историјата на медицината. Во САД, на пример, се пријавени само мал број на смртни случаи  после вакцинација, а Центарот за контрола и превенција на болести не најде линк меѓу тие пријави и двете дози вакцина. Постот, исто така, инсинуира дека вакцините не се безбедни за бремени жени. Повеќе...

Проблемот е покомплексен: Прекумерната смртност не е резултат на вакцинацијата против ковид-19

Споредбата на вакциналната покриеност со бројките на прекумерна смртност не сугерира дека има поврзаност меѓу нив. Ако вакцината предизвикала смртноста да расте, би се очекувале две корелации. Првата е дека што повисока е покриеноста на вакцината во одредена земја, толку повисока би била и стапката на прекумерна смртност. Втората е дека би растел бројот на смртните случаи како што...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...