среда, 14 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: вакцини | 448 резултати

Вакцините не влијаат на интелигенцијата, ама невакцинираните влијаат на колективниот имунитет

18 февруари 2024

Наспроти изнесеното во објавата што ја рецензираме, ефектот на вакцината не е намалување на интелигенцијата, туку спречување на заразни заболувања кои водат до тешки компликации и смрт. Вакцинираните лица не влијаат негативно на невакцинираните, но невакцинираните спречуваат да се создаде колективен имунитет, кој пак, би ги штител најранливите во општеството, како што се многу мали  […]

Антиваксерска објава шири невистини дека се прави геноцид врз децата

17 февруари 2024

Не постојат медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со појавата на аутизмот кај децата. Наспроти тоа, има медицински докази дека вакцините заштитуваат и спречиле да се искоренат многу болести во минатото. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни […]

Демири: Досега се евидентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат децата

15 февруари 2024

Во државата досега се евдентирани 34 случаи на голема кашлица, родителите да ги вакцинираат своите деца, апелираше денеска новиот министер за здравство, Илир Демири. Тој кажа дека Центарот за јавно здравје веќе прогласил епидемија на ниво на град Скопје, по предлогот на Комисијата за заразни болести од пред речиси две недели. Демири потсети дека вакцинацијата […]

Вирална Фејсбук објава ги наведува родителите да не ги вакцинираат децата

14 февруари 2024

Во оваа објава вакцините се претставуваат како штетни за децата што е неточно и многу опасно. Вакцините обично се даваат во детството заради заштита од сериозни, често смртоносни болести. Тие му помагаат на имунолошкиот систем поефикасно да се бори против инфекциите, со тоа што ќе го поттикнат имунолошки одговор на одредени болести. Ваквите објави, кои […]

Здравствените експерти не хистеризираат за големата кашлица во Скопје, туку состојбата е алармантна

13 февруари 2024

Антивакцинална објава обвинува за хистерија околу состојбата со голема кашлица, заразно заболување кое може да биде фатално за невакцинираните доенчиња. Во земјава опфатот со вакцини кои штитат против оваа болест е незадоволителен, а Комисијата за заразни болести препорачува прогласување епидемија во Скопје и да не се примаат невакцинирани деца во градинките со надеж дека така […]

Антиваксерска објава шири дезинформации против ДиТеПер вакцината

12 февруари 2024

Во објавата што ја рецензираме се изнесуваат невистини дека нивоата на алуминиум во ДиТеПер вакцините биле толку високи што предизвикувале низа болести, што не е вистина зашто алуминиумот е присутен како адјувант во вакцините со децении наназад во многу ниски дози кои не предизвикуваат никакви болести. Во земјава со прогласувањето на епидемијата, градинките имаат право […]

Немало план да се набават ковид вакцини од „диви фармацевтски компании“

10 февруари 2024

Во објавата се изнесуваат невистини, меѓу кои и таа дека има обвинети за случајот Онкологија. Во овој предмет што е во фаза на истрага, нема обвинети, туку има петмина осомничени, меѓу кои не е ексминистерот за здравство Венко Филипче. Исто така, немало план вакцините да се набават од „диви фармацевтски компании“, туку се набавени преку […]

Не постои никаков сатански систем кој дава инструкции за вакцинација

1 февруари 2024

Вакцинацијата против ковид е доброволна, а лицето пред да ја прими, потпишува изјава за согласност со којашто потврдува дека сака да се вакцинира. Не постојат никакви сатанисти, ниту сатански систем кои даваат некакви насоки за вакцинација, како што тврди објавата што ја анализираме. Таа е дел од познатата реторика на антиваксерите, која особено се засили […]

Во светот не се шири мистериозна болест посмртоносна од коронавирусот

28 јануари 2024

Тврдењето во објавата, како и насловот на написот што го споделува, е во целосна спротивност со она што е прикажано во текстот. Не постои никаква смртоносна и опасна болест која се шири во светот и која е посмртоносна од коронавирусот. „Болест Х“ е хипотетичка болест која би можела да се појави во иднина и за […]

Вакцините против ковид не се „геноцид“, туку спасуваат животи

27 јануари 2024

Само во 2021 година, вакцините против ковид-19 спасија 14.4 милиони животи насекаде во светот. Вакцинацијата, според СЗО, исто така, ја намалува можноста да се појават нови варијанти. Тоа е показател дека вакцините делуваат. Ниту прекумерната смртност, ниту карциномот, ниту смртта на лица на помлада возраст не се асоцирани со ковид вакцинацијата. Теориите на заговор дека […]

Меџити: Родителите да ги вакцинираат децата против голема кашлица

10 јануари 2024

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца против голема кашлица (бордетела пертусис), откако беше прашан каква е состојбата со оваа болест во земјата, со оглед на фактот дека на Детска клиника е хоспитализирано шестмесечно бебе со голема кашлица. „Не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на […]

ТОП 5 теории на заговор во С. Македонија за минатата година

9 јануари 2024

Пропаганда од Кремљ за војната во Украина, вакцини, Кју-анон, климатски промени, како и теории на заговор за различни моќни лица, беа најсподелуваните теми претходната година. Штетното влијание на вакцини и намалување на сериозноста за климатските промени се теми што се повторуваат секоја година, а други како движењето Кју-анон беа особено популарни во 2023та. Константа е […]

Вакцините против ковид не се отровни и пандемијата не е „план за депопулација“

7 јануари 2024

Наспроти изнесеното во објавата, светското население продолжува да расте и после ковид пандемијата и после ковид вакцинацијата, а не да опаѓа, со што фактички и со бројки може да се побие тврдењето дека „ковид е план за депопулација“. Вакцините против ковид-19 се со испитани состојки кои се транспарентно наведени и имаат позитивен безбедносен профил и никакви отрови […]

Вакцините против ковид-19 не се водечка причина за зголемена смртност во светски рамки

27 декември 2023

Преку погрешни интерпретации на извештај од канадскиот Завод за статистика, се прави обид да се обвинат ковид вакцините за зголемена смртност. Во извештајот воопшто не се споменуваат вакцините, ниту пак, се кажува колку од починатите се вакцинирани, а колку не се. Тоа што во објавата се претставува како „неодредени причини за смртност”, всушност се однесува […]

Со руски измислени „докази“се шири антисемитска пропаганда

26 декември 2023

Една од најпознатите измислици за „еврејскиот заговор“ и воедно најпознатиот фалсификат со трагични последици во светската историја се  т.н. „Протоколите на сионските мудреци“. Станува збор за опасна лага, публикација која е создадена во Русија во првата деценија на 20 век, која се проширила низ целиот свет веднаш по Болшевичката револуција, иако е измислица. Евреите како […]

Антиваксерска објава неточно ги поврзува вакцините со аутизмот

21 декември 2023

Објавата ја шири добропознатата антиваксерска теорија која без никакви докази тврди дека вакцините се штетни за децата. Не постојат никакви медицински и научни докази кои ги поврзуваат вакцините со аутизмот. Во последните години има зголемување на стапките на аутизам, но тоа нема никаква врска со вакцините и сето тоа го докажуваат бројни научни студии. Оваа […]

СЗО не е злосторничка организација финансирана и раководена од „сатанисти од длабоката држава“

18 декември 2023

Во објавата што ја рецензираме се споделуваат наративите карактеристични за теоријата на заговор Кју Анон. СЗО не е раководена ниту од сатанисти, ниту од длабоката држава, туку од делегати од сите земји членки, а претседателот се избира транспарентно и со учество на сите земји. Финансирањето, исто така, е транспарентно и може да биде преку донации […]

Вакцините не се користат за лечење и не претставуваат отрови за деца

17 декември 2023

Вакцините, иако се алатка којашто спасува милиони смртни случаи годишно, сепак тие не се лек односно не се употребуваат за да со нив се лечат децата. Тие се превенција и заштита, и наспроти тврдењата дека се отровни, тие се многу безбедни. Вакцинацијата помага да се стават под контрола над 20 болести како туберкулоза, дифтерија, детска парализа, […]

„Да не си играме со здравјето!“ – почнува нова кампања за имунизација

15 декември 2023

Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка на УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“, под мотото „Да не си играме со здравјето!“, со цел на граѓаните и понатаму да им се обезбедат точни и навремени информации за вакцините и имунизацијата. Како што соопштија од УНИЦЕФ, комуникациската кампања […]

Не прекинуваат теориите на заговор што го претставуваат Бил Гејтс како „вакцинален злосторник“

5 декември 2023

Во објавата Бил Гејтс е претставен како „злосторник против човештвото“, поради тоа што вакцинацијата ја промовира како придобивка. Иако, тоа е неспорен факт – вакцинацијата е најголема придобивка на медицината со која се искоренети многу смртоносни болести. Но, во објавата се изнесени куп невистини за тоа дека вакцините се шетни и дека целта е со […]

Страна 2 од 23