fbpx
Таг: вакцинација

таг: вакцинација

Започнува вакцинација против сезонски грип, набавени 40 илјади вакцини

Следната недела започнува вакцинацијата против сезонски грип, информираат од Министерството за здравство. За оваа намена се набавени 40.000 вакцини против сезонски грип за ранливи групи население. Се чека да завршат законските процедури во МАЛМЕД за да започне вакцинирањето, а граѓаните имаат опција да пополнат пријава за вакцинирање. „Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од компанијата „Абот“ од Холандија....

Видео дезинформира дека поради вакцината колабирале новинари, политичари, спортисти

На видеото кое трае повеќе од 2 минути, измонтирани се сегменти од различни настани каде телевизиски презентери, новинари, медицински лица и спортисти се онесвестуваат или пак паѓаат на терените, а за сите нив се тврди дека „починале поради вакцината”. Но, дел од видео материјалите се снимени пред воопшто да постои вакцина против ковид-19, а за другите постојат или други...

Од денеска пријавување за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи

Министерството за здравство информира дека од денеска, преку страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи население. Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот „Абот“ од Холандија. Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. Бесплатната...

Говор на Бајден изваден од контекст се шири на социјалните мрежи

Бајден не им кажува на Американците да се подготват за ураган со тоа што ќе се вакцинираат, туку зборува општо, за опасноста ураганите да го ограничат медицинскиот пристап. Во постот што го рецензираме, не се наведува поширокиот контекст за кој зборува Бајден, се премолчуваат клучни податоци за целосно да се разбере неговата порака и се добива впечаток дека вакцинацијата...

Не е точно дека во САД се трујат диви животни со експериментални орални вакцини

Не станува збор за никаква нова програма за масовна дистрибуција на орални вакцини за диви животни, како што невистинито се тврди во оваа објава на Фејсбук. Вакви орални вакцини против беснило кај дивите животни во САД се применуваат од 1990 година. Истата програма во Канада се спроведува од 1985 година, а во Европа од 1980 година. Исто така, на...

Човек во Австралија починал поради напад од кенгур, а не поради ковид вакцина

Постот дезинформира дека се прикрива вистината во врска со настанот во Австралија кога човек починал откако бил нападнат од кенгур и паушално тврди дека тој умрел 24 часа после третата доза вакцина против ковид. Светските медиуми јавија дека роднина на починатиот маж го пронашол со сериозни повреди. На местото на настанот дошла и полиција, бидејќи кенгурот не ѝ дозволувал...

Не е потврдено дека децата се во огромен ризик од смрт и нуспојави по ковид вакцинацијата

Индивидуалните пријави и сите детали во системот на ВАЕРС не се потврдени и верифицирани, односно станува збор за случаи каде со самопријавување се даваат информации и тие не се поентата на пристапот на ВАЕРС, односно нивната цел. Со други зборови, станува збор за ран систем на предупредување, а не точен инструмент за мерење на нуспојавите. Системот не потврдува...

Не е точно дека Британија „тивко“ ја отстранува ковид вакцината за бремени жени

Велика Британија ги нема променето упатствата за користење на ковид вакцината за бремени жени. Корисниците на социјалните мрежи погрешно го интерпретираат делот од извештајот за вакцината на Фајзер кој што беше објавен кон крајот на 2020 година од Британската регулаторна агенција како дел од иницијалниот процес за одобрување на оваа вакцина. Агенцијата потврди за проверувачи на факти на Асошиејтед...

Нема докази дека синдромот од кој страда Џастин Бибер е поврзан со вакцината против ковид

Како што објавува Њујорк Тајмс, Рамзи Хант синдромот е невролошка состојба предизвикана од вирусот варичела зостер, истиот вирус кој предизвикува сипаници кај децата и кај возрасните. Различни експерти за проверувачите на факти на Ројтерс, потврдиле дека навистина имало испитувања за тоа дали има поврзаност меѓу Ремзи Хант синдромот и вакцината против ковид-19, меѓутоа резултатите досега се инконклузивни. Друг професор...

Не е точно дека МРП вакцината е небезбедна и дека предизвикува смрт

МРП вакцината може да има одредени несакани ефекти, но тие се далеку од животозагрижувачки, како што се тврди во објавата што ја анализираме. Несаканите ефекти кои може да ги предизвикува оваа вакцина се опишани на официјалната веб страница на Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ). Тие се болка на местото на инјектирање, треска, благ осип и повремена болка и вкочанетост во...

Објава на Фејсбук шири дезинформации за вакцините, економската криза и за климатските промени

Во објавата на Фејсбук се тврди дека вакцините против коронавирусот се експериментални, што е неточно. Вакцините пред да бидат одобрени за употреба имаат поминато повеќе фази на клинички тестирања. Понатаму, се продолжува со тоа дека постои извесно „запрашување од авиони“. Станува збор за уште една широко распространета дезинформација која што Вистиномер во неколку наврати ја дебанкираше. Притоа, се тврди...

Ниту Австралија, ниту Нов Зеланд некогаш планирале пуштање вакцини против ковид-19 во водата за пиење

Фотографијата што се споделува не претставува вистинска објава на весник од Нов Зеланд, туку графички изменета фотографија со цел да се промовираат антивакцинални невистинити тврдења. Ниту Австралија, ниту Нов Зеланд некогаш планирале вакцините против ковид-19 да ги стават во водата за пиење, ниту, пак, таквата евентуална и апсурдна операција би дала резултат, бидејќи, како што велат експертите за...

Лага е дека вакцините против ковид-19 се штетни за трудниците и за плодот

Лажните тврдења дека вакцините против ковид-19 се штетни за бремените жени и нивните бебиња не се нови и тие се провлекуваат за време на целата пандемија на коронавирусот, заедно со другите теории на заговор поврзани со вирусот и вакцините. Научните и медицинските факти покажуваат дека вакцинацијата е единствената опција со која може да се минимизираат здравствените ризици, особено кај...

Медицинските работници кои го вакцинираа населението не се злосторници

Здравствените работници кои во објавата се нарекуваат злосторници, се истите оние кои  во екот на пандемијата работеа во две смени за да постигнат да ги вакцинираат сите заинтересирани граѓани, а со тоа и да ги заштитат од самиот вирус, пишува Вистиномер. Тие се нарекуваат злосторници само затоа што вакцинирале лица кои своеволно дошле да се имунизираат. Вакцинацијата не е...

Не е вистина дека Oпштина Велес потплатува поединци со по 100 евра за да молчат за последици од вакцина

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, на социјалните мрежи беа пласирани повеќе обвинувања за наводно потплаќање од страна на Светската здравствена организација за да се „запише дека некој починал од ковид-19“, но сите тие приказни немаат поткрепа во реалноста, туку претставуваат теорија на заговор. Вистиномер уште од почетокот на пандемијата се бори со демистифицирање на таквите измислици, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Неточни информации за коронавирусот, вакцините и мерките за заштита од ковид

Вистиномер.мк рецензира пост кој зборува за мерки во САД, кои што наводно биле укинати поради илјадниците тужби и тоа што дел од тамошните сојузни држави го отфрлија задолжителното носење маски и вакцинацијата. Меѓутоа, Центарот за контрола и превенција на болести на САД уште во февруари годинава најави дека ја разгледува можноста да ги олабави јавно-здравствените мерки поради тоа што...

Вистиномер: Кју Анон поддржувачите шират измислици дека Бајден и неговата сопруга се клонови

Тврдењата за наводен двојник на американскиот претседател Џо Бајден и на неговата сопруга Џил не се втемелени во реалноста и во фактите, туку се производ на бујна фантазија испреплетена со заговорнички приказни на Кју движењето за наводна контрола и доминација на светот од страна на длабоката држава и поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп како спасител на светот од...

Вистиномер: Со стара фотомонтирана насловна страница се обвинува Фаучи дека ја донел СИДА-та во САД

Уште од стартот на пандемијата доктор Фаучи, националниот американски експерт за инфективни болести е честа мета на дезинформации и критики. Во  обид да се поткопа неговиот кредибилитет се споделува и оваа дигитално изменета фотографија која го става Фаучи во центарот на кризата со СИДА во осумдесеттите години од минатиот век, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Ѓоковиќ по сѐ изгледа ќе го пропушти УС Опен, САД тешко дека ќе ги кренат ограничувањата до понеделник

Новак Ѓоковиќ по сѐ изгледа не ќе може да се натпреварува на Гренд Слем тенискиот турнир, УС Опен, кој почнува следниот понеделник и ќе трае две седмици. Ѓоковиќ, како еден од најдобрите светски рекети и понатаму е одлучен да не се вакцинира против ковид-19, јавуваат светските агенции. Организаторот на еден од најпрестижните тениски турнири соопшти дека нема да бара потврда...

Вистиномер: Пост невистинито ги обвинува вакцините за катастрофални последици по здравјето и животот на луѓето

Постот што го рецензираме е невистинит. Не може да се користи системот ВАЕРС за да се инсинуира каузална врска меѓу вакцинацијата и несаканите ефекти. Системот ВАЕРС не е создаден за преку него да се утврдува смртност и повреди од кој било лек или медицинско средство, вклучително ни за вакцините против ковид-19. Ниту пак, од пријавите може да се извлекуваат...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...