fbpx
Таг: вакцинација

таг: вакцинација

Случајот со Вања злоупотребен за да се обвини ЕУ за неспособност

Случајот со 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје се злоупотребува без никакви аргументи да се нападне ЕУ како немоќна и небезбедна. Исчезнувањето на деца не е поврзано со членство во Унијата, туку е глобален феномен кој буквално го има во сите држави од светот. Станува збор за светска проблематика која не може да се доведе во корелација со дискусија за...

Нема докази дека 2.000 спортисти починале поради ковид вакцината

Дел од спортистите наведени во листата доживеале некаков вид на потешкотии на теренот, колабирале или имале срцеви проблеми, некои од нив дури и починале, ама тоа да се доведува во корелација со вакцината е неточно, затоа што нема докази за такво нешто, ниту пак, има информации дали тие биле воопшто вакцинирани. Дефинитивно е неточно и дека пораснал бројот на...

ХПВ вакцините се безбедни, не содржат опасни дози на алуминиум

Вакцината против ХПВ е тестирана, безбедна, ефикасна, со поволен безбедносен профил и се препорачува од страна на СЗО во редовниот имунолошки календар. Овие вакцини содржат алуминиум, ама не во опасни дози. Количеството на алуминиум во ХПВ вакцината Гардасил е контролирано од страна на американската Агенција за храна и лекови, која има утврдено дека станува збор за незначително количество кое не...

Повеќе од 950 деца примиле вакцина во своите домови

Од Министерството за здравство информираат дека повеќе од 950 деца досега се вакцинирале во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација со пропуштени рутински вакцини. Освен тоа, оттаму додаваат и дека се поделени повеќе од 1.400 информативни брошури, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена...

Досега над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација. Во центрите за јавно здравје и здравствените домови, велат од Министерството, континуирано се врши имунизација против сезонски грип, а со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени...

Вакцината е најефикасна заштита од сезонски грип, годинава се вакцинирале 43.964 лица

Заклучно со 46 недела од 2023 година, се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 46-та недела од минатата сезона, е зголемен за 82,9 отсто, наведено е во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. „Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 351. Најголем...

Шестмина ковид пациенти хоспитализирани на Инфективна, едно лице починало изминатава недела

Шестмина пациенти кои се ковид позитивни, во моментов се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а од нив, четворица се на кислородна поддршка. Како што за Мета информира Шабан Мемети, директорот на Институтот за јавно здравје, во последнава недела и во општата болница во Охрид има четворица хоспитализирани, од кои еден пациент е на кислородна поддршка. „Од...

Вакцинацијата не е мисија наменета против граѓаните над 65 години и против децата

Објавата изобилува со манипулативни антивакцинални наративи, со цел да се исплашат граѓаните да не се вакцинираат. Вакцините не се оружје против возрасните граѓани над 65 години и децата, туку најголема медицинска придобивка на современата медицина, а овие две категории граѓани се ранливи групи и затоа фокусот на Министерството за здравство е на нив. Вакцините се безбедни и во државата...

Не е точно дека теренската вакцинација ќе ги „докрајчи“ ранливите категории

Објавата тврди дека вакцините „ќе ги докрајчат“ ранливите категории и алудира дека вакцините се штетни и опасни. Ова не е точно, вакцините не ги убиваат луѓето, туку ги спасуваат нивните животи. Наративот што се шири преку вакви објави на социјалните мрежи е опасен, затоа што може да ги натера оние што ќе ја видат оваа објава да се посомневаат...

За една недела вакцина против сезонски грип примиле над 10.000 граѓани

Вакцинацијата против сезонски грип одлично се одвива, а за една недела се имунизирани над 10.000 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Министерот за здравство денеска го посети вакциналниот пункт во Поликлиниката „Бит-пазар“, со цел лично да се запознае како тече процесот на вакцинација против сезонски грип. Меџити изрази задоволство од досегашниот одзив на граѓаните, потенцирајќи дека тоа покажува дека тие се...

Започна втората кампања за промовирање на вакцинацијата „од врата до врата“

Од денеска започна втората широка кампања за промовирање на имунизацијата што Министерството за здравство ја реализира заедно со Светската здравствена организација (СЗО) и со финансиска поддршка на ЕУ, информираа од ова министерство. Од таму велат дека 30 тимови од медицински лица од тимовите за имунизација во здравствените домови во државата ќе одат „од врата до врата“, односно ќе ги посетуваат...

За вакцини против сезонски грип досега се пријавиле повеќе од 47.000 граѓани

За бесплатна вакцинација против сезонски грип, согласно податоците од системот „МојТермин“, досега се пријавиле повеќе од 47.000 граѓани, информираат за Мета.мк во Министерството за здравство. Електронското пријавување на веб-страницата vakcinacija.mk започна на 9 октомври. „Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население - возрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, децата на возраст од...

Меџити се вакцинираше против грип, апел до граѓаните да го сторат истото

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. Секој граѓанин може да се пријави на сајтот vakcinacija.mk и ќе...

Антивакциналните дезинформации ги воскреснуваат заборавените болести

Антивакциналните дезинформации ја поткопаа имунизацијата и направија огромна штета на јавното здравје. Загрижувачки се податоците околу вакцинацијата на децата, препорачаниот опфат од над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во земјата. Дезинформациските наративи продолжуваат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, се измислува дека вакцините предизвикуваат „турбокарцином“, дури и кај луѓе кои воопшто не се вакцинирани. Вистиномер...

За 41,6 отсто зголемен бројот на грипозни во однос на изминатите 13 сезони

Бројот на лица со грип и заболувања слични на грип е покачен за дури 41,6 отсто споредено со изминатите 13 сезони, информира утрово Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во извештајот за состојбата со грип во државата. Изминатата недела е регистриран еден смртен случај во Штип, од возрасната група над 65 години, без коморбидитети, а лицето било позитивно на ковид...

Повеќе од 30.000 граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат против сезонски грип

Од денеска започнува вакцинацијата против сезонски грип, информира денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски. Тој кажа дека процесот досега се одвива во најдобар ред. „Ги следиме препораките од Светската здравствена организација (СЗО) за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот со што би се приближиле до препораката од...

Неделава започнува вакцинацијата против сезонски грип

Оваа недела ќе започне вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати вкупно 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација. Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс-порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање. „Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени возрасните лица (над...

Дезинформациите во здравството можат да нè чинат животи, вакцините се најдобра заштита од заразни болести

Лажни вести и дезинформации има во секој сегмент од општеството, но дезинформациите кога е во прашање здравството можат да бидат опасни по живот. Оттаму, неопходно е да се подигне нивото на здравствена едукација кај популацијата и да се знае дека многу болести се превенираат токму поради вакцинацијата. Ова се заклучоците од денешниот брифинг со новинарите на тема „Редовна вакцинација на...

Руските ковид вакцини не се забранети во земјава

Спутник вакцините не се забранети кај нас и сè уште ги има за оние кои сакаат да се вакцинираат за првпат. Исто така, не постојат никакви начини да ѝ се влијае на пинеалната жлезда, односно епифизата со вакцинација против ковид-19. Ова е дезинформација за да се создаде недоверба во ковид вакцината произведена во ЕУ. Сите состојки на сите вакцини...

Благ пораст на бројот на заболени од грип, достапна е бесплатна четиривалентна вакцина

Во текот на 40-та недела од годинава, во земјава пријавени се 32 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип. За споредба, во 40-та недела од минатата сезона, не беа регистрирани заболени лица, информираат во Институтот за јавно здравје, во последниот извештај за состојбата со грип во државата. „Заболените лица оваа недела се првите случаи...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...