fbpx
Таг: вакцини против ковид-19

таг: вакцини против ковид-19

За два дена аплицирани 7.169 вакцини против ковид-19, интересот најголем за трета доза

Министерството за здравство информира дека во изминатите два дена аплицирани биле вкупно 7.169 дози вакцини против ковид-19, од кои 1.389 се аплицирани како прва доза, 1.364 се ревакцинирани, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 11 ноември, вкупно во земјава се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. Притоа, 54 отсто од граѓаните над...

Во два дена аплицирани 8.518 дози вакцини против ковид-19, мал е интересот за прва доза

Интересот за примање на прва доза вакцина против ковид-19 останува мал помеѓу граѓаните, иако само 39 отсто од целата популација е вакцинирана со барем една доза. Во меѓувреме, изминативе денови растат бројките на новозаболени лица, па така бројот на активни случаи се зголеми на над 8.000. Во понеделникот и вторникотбиле аплицирани вкупно 8.518 дози вакцини, од кои 1.883 се аплицирани...

Вистиномер: Целта на вакциналниот пасош не е контрола на граѓаните

Според стручната јавност, најважната цел на вакциналниот пасош е да се зголеми бројот на граѓани кои ќе примат вакцина, што пак, ќе доведе до колективен имунитет. Друга важна работа што ја овозможуваат вакциналните пасоши е да не се дозволува мешање меѓу вакцинирани и невакцинирани на затворен простор, со што се спречуваат нови инфекции. Наспроти тоа што се тврди во...

Вакциналните пунктови низ земјава ќе работат и утре

Сите вакцинални пунктови низ државата ќе работат во текот на утрешниот ден. Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат со вакцина против ковид-19, утре ќе може да го направат тоа како и секој друг работен ден, информираат во Министерството за здравство. Инаку, како што информираат оттаму, во еден ден аплицирани се вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како...

Вчера аплицирани 3.838 дози вакцини против ковид-19, најголем интерес има за трета доза

Имунизацијата на населението против ковид-19 во земјава продолжува првенствено за оној дел од популацијата којшто веќе прими две дози вакцини. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден биле аплицирани вкупно 3.838 дози вакцини, од кои 758 се аплицирани како прва доза, 787 се ревакцинирани, а 2.293 граѓани примиле трета доза вакцина. „Заклучно со 3 ноември вкупно се...

Вистиномер: Не е вистина дека најсилниот човек на светот е убиен со вакцина

Целото тврдење дека вакцината го убила Данецот Џорџ Олесен е манипулација. Да, тој бил вакциниран, но во постот е испуштено да се каже дека се соочувал со други здравствени проблеми повеќе години наназад. Исто така, Олесен не е сегашен, туку поранешен најсилен човек на светот. Кога починал имал 60 години, а дански шампион во супертешка категорија во кревање тегови...

МЗ: Во изминативе два дена аплицирани 9.009 дози вакцини против ковид-19

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 9.009 дози вакцини, од кои 1.873 се аплицирани како прва доза, 1.580 се ревакцинирани, а 5.536 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 2 ноември, вкупно се вакцинирани 806.781 граѓани, ревакцинирани се 777.655, а трета доза примиле 36.424 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од...

Вистиномер: Вакцинираните не се измамени, тие се заштитени од коронавирусот

Наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека  вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид-19 во земјава се невакцинирани лица. Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде...

Вистиномер: Шведски лекар лажно тврди дека вакцината на „Фајзер“ содржи живи микроорганизми

Во видеото споделено во постот, шведскиот лекар д-р Енби, кому му била одземена медицинската лиценца во 2007 година,  прикажува фотографии на својот компјутер за кои тврди дека се микроскопски приказ на вакцината „Фајзер“,  а честичките што се движат на екранот, наводно, се живи микроорганизми. Д-р Амеш Адаља, виш научник во Центарот за здравствена безбедност „Џон Хопкинс“, е категоричен дека...

Вистиномер: Дезинформација е дека скринингот на учениците е вовед во присилна вакцинација на децата

Постот што го анализираме шири дезинформации. Тврдењето дека децата насилно ќе бидат вакцинирани е неосновано и без никакви докази. Вакцинацијата на децата е доброволна и исклучиво со одобрение на родителите, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Пост на Фејсбук тврди дека скринингот, кој се спроведува во училиштата за откривање на евентуални асимптоматски случаи на заразени со ковид-19, е само...

МЗ: Граѓаните да генерираат нов ЕУ сертификат за вакцинација ако го направиле ова вчера

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано ЕУ сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk треба преку веб порталот да генерираат нов. Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење на лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни податоци. Сите земји што имплементирале EUDCC се соочуваат со постојани напади на нивните системи...

МЗ: Од хоспитализираните со ковид-19 во последните 2 месеца, 75 отсто биле невакцинирани

Од 45.621 граѓани утврдени како позитивни на тестирањето за ковид-19 во периодот од 6 август до 28 октомври, 27 отсто биле целосно вакцинирани, односно 12.375 лица, соопшти Министерството за здравство (МЗ) во новата анализа за заболените од ковид-19 и учеството на вакцинираните меѓу нив. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена...

МЗ: Ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани и 38 отсто од целото население

Во текот на вчерашниот ден се ставени вкупно 4.797 дози вакцини против ковид-19, од кои 734 се прва доза, 876 се ревакцинирани, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство (МЗ). До вчера вкупно се вакцинирани 804.151 граѓани, ревакцинирани се 774.464, а трета доза примиле 27.298 граѓани. Во проценти, 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани,...

Вистиномер: Дејвид Ејмес не е убиен зашто бил против вакцините

Убиството полицијата не го поврзува со политичките афилијации на пратеникот, ниту, пак, со неговите политики во врска со ковид, кои, патем, не биле целосно спротивни на вакцините со оглед на тоа што поддржал ограничување на движењето на невакцинирани во одредени ситуации. Мотивите за убиството се терористички и на ниеден начин не се доведени во корелација со некакви ,,сатанисти” кои...

Вчера биле аплицирани 6.089 дози вакцини против ковид-19, најмногу за трета доза

Во текот на вчерашниот ден се дадени вкупно 6.089 дози вакцини против ковид-19, од кои 709 се прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Заклучно со 26 октомври, вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани се 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани. 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се...

Вистиномер: Од корона не умираат само вакцинирани лица, 75 отсто од починатите се невакцинирани

Со овој манипулативен пост се споделени две фотографии од медиумски објави од соопштението од Министерството за здравство, а на една од фотографиите може да се прочита и вистинската информација, а тоа е дека 75 отсто од починатите се невакцинирани. Според податоците од Министерството, сите починати, а вакцинирани, биле хронично болни со една или повеќе болести, а само еден пациент...

МЗ: Од 124 пациенти со ковид-19 што починале од 15 до 21 октомври, 97 биле невакцинирани

Во период од 15 до 21 октомври во земјава починале 124 пациенти со ковид-19, а од нив 78 отсто биле невакцинирани, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Сите починати - и невакцинираните и вакцинираните - имале коморбидитети, се гледа од статистиките што министерството ги објави. Од вкупно починатите пациенти во период од 15 до 21 октомври, 97 пациенти починати со ковид-19 биле...

Вчера биле аплицирани 7.739 дози вакцини против ковид-19, расте интересот за трета доза

Во текот на вчерашниот ден се дадени вкупно 7.739 дози вакцини против ковид-19, од кои 748 се прва доза, 1.629 се ревакцини, а 5.362 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство (МЗ). Од почетокот на вакцинацијата против ковид-19 во земјава до вчера се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165, а трета доза примиле 15.851 граѓани. Дури 54 отсто од...

Иван Џикиќ: Зимава ќе биде тешка за земјите со ниска стапка на имунизација, бројот на вакцинирани мора да расте

Македонските власти мора многу повеќе да се ангажираат за зголемување на процентот на вакцинирани лица против ковид-19 и да се воведат мерки кои ќе спречат натамошно ширење на корона вирусот, вели светски познатиот хрватско-германски научник Иван Џикиќ, професор на Медицинскиот факултет на Гете Универзитетот во Франкфурт, Германија и на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Сплит, Хрватска. На денешната онлајн средба „Што вели...

Вистиномер: Фејсбук објава дезинформира дека спортисти починале од срцев удар поради примена ковид вакцина

Постот произволно тврди дека има смртни случаи од срцев удар кај спортисти поради примена вакцина против ковид-19, но не се наведени нивните имиња. За ниту еден од посочените случаи нема конкретни и точни информации, нема никаква официјална потврда дека тие навистина примиле две дози на вакцина и дека тоа резултирало со срцев удар. Вакви фабрикувани објави кои се дел...

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

По речиси пет месеци во притвор, Врховниот суд одлучи таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, да оди во куќен притвор. „По одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот...