fbpx
Таг: вакцини против ковид-19

таг: вакцини против ковид-19

Вистиномер: Не е вистина дека смртта кај пилотите се покачила за 1.700 отсто поради вакцинирањето

Во објавата се прави манипулација со бројките, односно се презентирани во погрешен контекст и второ неточно се тврди дека причината за смртта на пилотите е вакцинација. Во соопштението од списанието „Air Line Pilot“ велат дека бројките на починати лица кои се наведени дека се случиле во 2019 и 2020 година не се единствените што се случиле тие години, туку...

МЗ: Смртноста од ковид-19 кај невакцинираните е драстично поголема

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани лица, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 23 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. „Во период од 06 август до 23 декември, на територија на државата 66.857 граѓанин, се...

Израелскиот премиер најави четврта доза вакцина за да го спречи ширењето на сојот Омикрон

Израелците постари од 60 години и здравствените работници ќе имаат право на четврта доза вакцинација против ковид-19, за да се заштитат од сојот Омикрон кој брзо се шири, објави премиерот на државата, Нафтали Бенет. „Граѓаните на Израел беа првите во светот што ја примија третата доза од вакцината, а ние продолжуваме да бидеме први и во аплицирањето на четвртата доза“,...

Вистиномер: Вакцините против ковид не може да ве заразат со ковид

Фактите говорат дека ниедна авторизирана вакцина против ковид-19  не содржи жив вирус кој предизвикува ковид-19.  Така што вакцината не може да ве зарази со ковид-19. Симптомите кои се јавуваат после вакцинација се краткотрајни и се доказ за градењето на имунолошки одговор, а имунитетот не се создава инстантно, туку во период за неколку недели после втората доза. Во тој меѓупериод...

Вистиномер: Со вакцините против ковид не се модифицира геномот на личноста

Наспроти тврдењата во постот, во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во „липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот „нано” само значи дека е мала, а не...

МЗ: Две дози вакцина примиле 48 отсто од полнолетните граѓани во земјава

До вчера, 14 декември, вакцинирани се вкупно 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, соопшти Министерството за здравство. Според досегашните податоци на МЗ, досега две дози примиле 48 отсто од полнолетните граѓани во земјава, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. 22 отсто од вакцинираните граѓани...

Вистиномер: Барт Сомерс не е белгиски министер за здравство и не учествувал во лажна вакцинација, туку во тестирање пред вакцинација

Првата дезинформација е дека Сомерс е министер за здравство на Белгија. Тој никогаш не бил на таа функција. Видеото, пак, е земено од телевизиска станица, а на него се гледа проба во вакцинален центар, кој уште не бил отворен во моментот на снимањето, меѓутоа се вршело тестирање на процедурата пред да биде навистина отворен за јавноста подоцна, пишува „Вистиномер“...

Вистиномер: Купишта невистини дека ковид е заговорнички план на „сатанистите, глобалистите и фармацевтската мафија“

Фактите се дека СЗО нема забрането обдукции на починати од ковид-19. Само во С. Македонија, на Институтот за судска медицина извршени се повеќе обдукции на починати од ковид 19 во земјава, но само ако за тоа има индикација. Тоа е официјално потврдено од патолозите кои ги вршеле обдукциите. Уште на 1 јули 2020 година, имаше информации од завршени обдукции...

Претседателот Пендаровски прими трета доза вакцина против ковид-19

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со вработените во Кабинетот на Претседателот на РСМ, денеска ја примија третата доза вакцина против ковид-19. Пендаровски по примањето на бустер-дозата на Фејсбук напиша дека масовната вакцинација е најсигурниот и најбезбедниот начин за справување со ковид-19. „Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето и здравјето на другите“, им порача претседателот Пендаровски на сите македонски граѓани кои размислуваат...

Вистиномер: Рекламите на Кока кола и мутациите на коронавирусот се неспоредливи

Тврдењето дека целта на новите мутации е да ја рекламираат „пландемијата“, како што во постот е именувана пандемијата со коронавирусот, за да се продава стравот, нема никаква основа. Човекот засега нема контрола врз мутациите на вирусот, според тоа, ниту може да управува со неговата распространетост. Откриени се бројни мутации кај вирусот САРС-КоВ-2 од почетокот на пандемијата, но само два...

Вистиномер: Вакцините против ковид не предизвикуваат канцер

Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19 не покажуваат линк меѓу вакцините и стапката на канцер. Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки од Клиниката за хематологија, да се вакцинираат. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат...

Студија во Велика Британија: Третата доза ковид вакцина значително го зајакнува имунитетот

Третата доза на вакцина против ковид-19 може значително да ја зајакне имунолошката одбрана на телото, покажува најновата студија од Велика Британија што го испитувала имунолошкиот одговор на околу 3.000 лица кои примиле бустер-доза, пишува весникот Гардијан. Истражувањето е објавено во угледното списание Lancet, при што научниците ги проучувале имунолошките одговори на лица кои примиле бустер-доза два до три месеци по...

Филипче: Hема како да се казнат административците кои не се вакцинираат, засега мерката не важи

Задолжителна вакцинација за здравствените работници и за јавната администрација, е нешто што засега нема да се спроведува, стигнавме до констатација дека тоа отвора сериозни прашања во однос на тоа како би се казнило тоа што некој не би се вакцинирал, рече во изјава за медиумите министерот за здравство Венко Филипче. „Затоа ќе видиме сега каков ќе биде опфатот со вакцинација...

Мнозинство од граѓаните ги прифаќаат теориите на заговор и заблудите за корона вирусот

Дури 65 отсто од граѓаните во земјава сметаат дека ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, потоа 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од ковид-19 се зголемувани, и дека се плаќало за да се пријавуваат луѓе дека починале од ковид. До такви резултати дошло истражувањето „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања...

Проф. Грозданова: Вакцина против ковид треба да се прими еден месец по прележување

До каде сме со процесот на имунизација против ковид-19 во државата, што се презема за да се зголеми опфатот на населението со вакцина, што треба да се направи за да се надмине постојниот скептицизам на граѓаните кон вакцините, дали треба да се проверуваат антитела пред да се прими бустер доза, кога да се прими вакцина против ковид по прележувањето...

Вистиномер: Коронавирусот е изолиран

Кина го изолира вирусот и го идентификува како коронавирус, а од 13 јануари ја сподели геномската секвенца со Светската здравствена организација. Веб-страницата на Американската национална библиотека за медицина, го објави целосниот геном од изолираниот вирус, земен во раните фази, како и неговата обновена верзија. Во научен труд во детали се објаснува како САРС-КоВ-2 е изолиран и колку е есенцијално...

Од вкупниот број на починати од ковид-19, 80 проценти биле невакцинирани

Од вкупниот број на починати лица од ковид-19 во периодот од 6 август до 18 ноември, дури 80 проценти биле невакцинирани лица, додека 20 проценти од починатите биле вакцинирани, информираат од Министерството за здравство. Притоа, починатите вакцинирани лица имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Во периодот од 06 август до 18 ноември, на територијата на земјава имало 53.682 лица позитивни на...

Вистиномер: Вакцините против ковид-19 имаат одобрение за употреба

Фајзеровата вакцина е одобрена во сите 27 земји членки на ЕУ од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА). Истата агенција ги има одобрено вакцините на „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Џенсен“. Ова одобрение за употреба на ЕМА трае една година. Од официјалната страница на ЕМА, може да се види дека за „Фајзер“ ова одобрение е продолжено на 3.11.2021 година, а...

Вчера дадени 4.961 дози ковид вакцини, досега имунизирани 47 отсто од полнолетните граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вчера биле дадени вкупно 4.961 дози вакцини против ковид-19, од кои 1.721 биле прва доза, 1.030 граѓани биле ревакцинирани, а 2.210 примиле трета доза вакцина. Заклучно со 15 ноември, вкупно биле вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани. Во проценти, 57 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33...

Вистиномер: Со лажни информации се плашат родителите да не ги вакцинираат децата против ковид

мРНК вакцините не ја менуваат вашата ДНК на кој било начин и затоа не можат да предизвикаат рак. Вакцините за Messenger РНК (мРНК) ги учат клетките како да создадат протеин што предизвикува имунолошки одговор ако некој се зарази. мРНК што се инјектира во вашето тело не комуницира со вашата ДНК. Откако мРНК ќе ја заврши својата работа, вашите клетки...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...