fbpx
Таг: увид

таг: увид

Осумдесет и четиригодишен скопјанец ги застрелал сопругата, ќерката и внукот

Осумдесет и четиригодишен скопјанец попладнево, околу 13 часот, пукал во својот дом и ги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот, а потоа се самоубил, јавува „Телма“. Полицијата го потврдила инцидентот, кој се случил на улицата Хо Ши Мин, во општина Бутел. Застреланиот внук, кој бил на 32-годишна возраст, според првичните информации, им подлегнал на повредите на самото место, а сопругата...

Штипјанец пронајден мртов во својот стан

Педесет и петгодишниот К.Г. вчера околу 20.15 часот бил пронајден мртов во неговиот стан на улицата Стојан Гологанов во Штип, информираше денеска полицијата. Засега нема информации за причините за смртта на штипјанецот, која била констатирана од страна на лекар. Јавен обвинител, лекар патолог и екипа на СВР Штип извршиле увид на местото, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот...

Гужва пред СЈО: Јанакиески, Димитриев, Рангелова и Ременски дојдоа, на ред се Груевски, Димовски…

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен технички премиер Емил Димитриев денеска не дал исказ во Специјалното јавно обвинителство, туку како што изјави побарал увид во доказите за случајот „Талир“, каде тој е еден од 11 осомничени. Димитриев во СЈО се задржа околу еден час, а беше придружуван од адвокатот Никола Додевски., кој е бранител на повеќето осомничени во случаите што...

Кочан побарал дополнителен увид во доказите за случајот „Труст“

Првоосомничениот во случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска, наместо да даде исказ, побарал дополнителен увид во доказите во предметот. Кочан, кој заедно со својот адвокат, Никола Додевски, пристигна во СЈО околу 14 часот, внатре се задржа четириесетина минути, а при излегувањето не сакаше да даде изјва за медиумите. Тој и неговиот адвокат, како што пишува „МКД“, поради обемноста на материјалот,...

Пожар пеплоса хала за доработка на конфекциски производи во Штип

Вчера, околу 6.30 часот, во Штип избувнал пожар во хала за доработка на конфекциски производи на фирмата „ВИТ ДООЕЛ“, сопственост на 22-годишниот В.Ф., соопшти денеска полицијата. Засега не се познати причините за избувнувањето на пожарот, кој бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица - Штип. Поради големата материјална штета увидот на местото ќе се врши в понеделник, соопштуваат од МВР.

Новата влада ќе гради патишта, а Груевски ќе прави увид во доказите за перење пари

СДСМ реагираше на денешните изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, при денешната посета на автопатот Миладиновци - Штип, за кој СЈО денеска покрена нов случај, „Траекторија“. СДСМ порача дека Груевски ќе може да прави увид само во доказите против него за перење пари и за милионски провизии, а новата реформска влада ќе гради патишта. „Новата реформска Влада ќе изгради...

Осигурителна компанија ќе ја покрие штетата од дивеењето во Собранието

Сообранието на Република Македонија, објектот и опремата се осигурани и осигурителна компанија ќе ги покрие трошоците од направената штета за време на насилствата од 27 април, соопштија денеска од одделението за односи со јавноста на Собранието. Оттаму информираат дека стручната служба на Собранието направила увид во материјалната штета и дека во тек е постапката за нејзина проценка. „По настаните од 27...

Експертите на УНЕСКО ја почнаа контролата на проектите во Охрид

Група експерти на УНЕСКО од денеска се во Охрид каде што вршат увид на повеќе проекти што се во тек или кои се планирани да се реализираат. Експертите на УНЕСКО најпрво го посетиле Националниот парк Галичица, каде разговарале со раководството на јавната установа, но и со претставници на владата. Неофицијално, во НП Галичица се врши увид во однос на два проекти планирани...

Бесими: За 48 часа треба да се знаат причините за труењето на работниците во „Леар“

Во Клиничката болница во Тетово во моментов на лекување е задржано едно лице од вкупно 183 работници од фабриката „Леар“ во ТИРЗ Тетово, кои рано утрово биле хоспитализирани на клиниката поради симптоми на труење од храна, вели директорот на Клиничката болница, Флорим Бесими. - Во раните утрински часови, за краток период поголем број пациенити, масовно побараа лекарска помош во нашата...

Обвинителството и полицијата вршат увид во „Леар“ поради труењето на работниците

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово и екипа на полицијата во моментов вршат увид во фирмата „Леар“ во ТИРЗ Тетово, кај селото Сараќино, каде биле затруени, најверојатно од храна, околу 220 вработени во фирмата, информираат од обвинителството. „Утрово од тетовската клиничка болница во СВР Тетово било пријавено дека во болницата се донесени повеќе од 200 затруени лица, вработени во фирмата....

Молотов коктел фрлен во угостителски објект во Тетово

Утрово, околу 4.30 часот, две непознати лица го искршиле изложното стакло и фрлиле молотов коктел во угостителски објект во Тетово, информираат од МВР. Случајот бил пријавен од очевидец, а екипа на тетовската противпожарна бригада го изгаснала пожарот, во кој биле оштетени неколку маси и столови во објектот, лоциран на крстосницата од улиците ЈНА и Јане Сандански. Полициските екипи кои извршиле увид,...

Со нож нападнати двајца тетовци

Двајца тетовци на возраст од 26 и од 30 години, ноќеска биле нападнати со нож, при што добиле повреди по вратот, грбот и на екстремитетите. Двајцата повредени, со возило на итна медицинска помош, биле пренесени во тетовската клиничка болница. Помладиот од нив, поради сериозноста на повредите, префрлен е во Клиничкиот центар во Скопје. Осомничени за нападот се 34-годишен жител на...

Непознат маж пронајден мртов во опожарена барака

Непознат маж бил пронајден мртов во барака во Кочани, која синоќа била зафатена од пожар, информираат од МВР. Според полициските информации, пожарот избувнал околу 23.40 часот, во лимена барака на улицата Охрдиска во Кочани, во која привремено престојувал 62-годишниот В.С., жител на градот. При гаснењето на пожарот од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани, во бараката било пронајдено починато непознато...

26-годишен кочанец пронајден мртов со траги од насилство

Дваесет и шестгодишно момче утринава било пронајдено мртво во подрумот од зградата во која живеело во Кочани, а на телото имало видливи траги од насилство, соопшти Јавното обвинителство. „Веднаш по добивањето на информацијата, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид заедно со увидна екипа од МВР. Со оглед на тоа што на телото беа најдени видливи траги на...

Српски државјанин е пронајден мртов во камион на Качанички пат

Во камион со српски регистарски ознаки, вчера околу 07.30 часот на ул. Качанички пат во Скопје, бил пронајден починат Н.Ј. (37) од Србија, информира МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, а камионот бил запечатен за понатамошна постапка.

СЈО: Јанкулоска беше повикана на распит за „Титаник“

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, денеска била повикана во Специјалното јавно обвинителство во својство на осомничена во случајот „Титаник“, потврдија за „Мета“ од СЈО. Оттаму велат дека Јакулоска денеска побарала увид во доказите, поради што, додаваат од СЈО, таа „повторно ќе биде повикана на распит за истиот предмет за да го даде својот...

Цимерот на бездомникот од Битола е осомничен за неговото убиство

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.А. (53) од Битола, поради постоење основан сомнеж дека извршил убиство. Настанот се случил во текот на ноќта помеѓу 24 и 25 јануари, во неутврдено време, при што пријавениот со употреба на физичка сила и тврди предмети, на свиреп и подмолен начин, му нанел повеќе повреди по целото тело и на тој начин го лишил...

Пожар во гостиварската болница, причинета материјална штета

Во лабораторијата на гостиварската болница вчера избувнал пожар, најверојатно од вклучена греалка. Како што дознаваме, најпрвин се запалило столче, кое било во непосредна близина на греалката, по што огнот се проширил во просторијата. Во пожарот, во кој нема повредени лица, оштетени се клима-уред, мал бојлер и дел од електричната инсталација во просторијата. Со ангажирање на вработените во болницата, пожарот бил...

ДИК побара да се направи увид во изборниот материјал на гласачко место 2.024

Со пет гласа „за“ и со четири „против“, членовите на Државната изборна комисија изгласаа дека треба да биде направен увид во изборниот материјал од гласачко место 2.024 во шестата изборна единица, за кое СДСМ има поднесено приговор. За избирачкото место 2.016 сите членови на ДИК изгласаа дека треба да бидат повикани членовите на избирачките одбори и да дадат изјава, односно треба...

Украдени изборни материјали од просториите на ОИК Кавадарци

Претседателот на општинската изборна комисија во Кавадарци вчера попладне во локалната полициска станица пријавил дека биле украдени изборни материјали од големата сала во зградата на Општина Кавадарци, што ја користела комисијата. Кражбата, според пријавата, најверојанто била извршена утрината истиот ден, во периодот меѓу 1.30 и 6.30 часот. Сторителот, како што информираат од МВР, влегол преку вратата од салата, која била...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...