fbpx
Таг: увид

таг: увид

Целосно изгоре куќа во струмичко Дукатино поради неисправен оџак

Во пожар вчера целосно изгорела куќа во селото Дукатино, Струмичко, сопственост на 34-годишниот З.Р., соопшти полицијата. Пожарот избувнал вчера ноќ, околу 2.20 часот, а бил изгаснат од територијалната противпожарна бригада. Во пожарот нема повредени лица. Увид на местото извршиле екипи од Секторот за внатрешни работи Струмица и од Дирекцијата за заштита и спасување. Според полицијата, пожарот избувнал поради неисправен оџак поставен...

Обвинител врши увид во куќата во Тетово, каде загинаа мајка и нејзините деца

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово врши увид во двокатната куќа на улица Гоце Делчев во Тетово, каде што ноќеска избувнал пожар при што, според првичните информации, настрадале жена и четири деца. „Надлежниот обвинител во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид. Обвинителот повика...

Такси-возач загина во верижен судир на булевар Србија

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа што ноќеска, околу еден часот по полноќ се случила на булеварот Србија во Скопје, а во која учествувале повеќе возила. Како што информираат од МВР, несреќата се случила кога автомобил, марка „ауди а4“, управувано од 28-годишниот Ѓ.Д. се судрил со возило „пежо 206“, а потоа преку тревникот преминало на...

Спасовски нема да ги потпише законите ако не гарантираат заштита од прислушување

Прво да заврши увидот и стручната јавност и граѓаните да го дадат своето мислење, а потоа законот за новата агенција за прислушување (Оперативно-техничка агенција - ОТА) и новиот закон за следење на комуниакциите ќе одат на усовјување во Владата и во Собранието. Ова на денешната прес-конференција го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање кога очекува...

Запален автомобил во населбата Ѓорче Петров

Ноќеска, околу еден часот по полноќ, бил запален автомобил на паркиралиште на улицата Борис Сарафов, во скопската населба Ѓорче Петров, информира МВР. Станува збор за возило марка „опел астра“, сопственост на 38-годишниот Г.Т. од Скопје. Од полицијата велат дека засега не се познати причините за опожарувањето на возилото, кое целосно изгорело. Огнот, како што додаваат од МВР, делумно зафатил и автомобил...

Човечко тело во распаѓање пронајдено во канализациска шахта во Сопиште

Вчера, околу пладне, во полициската станица во Кисела Вода, било пријавено дека при изведување градежни работи на локацијата „Сончев град“ во селото Сопиште, во канализациска шахта било откриено човечко тело во напредна фаза на распраѓање, информираат денеска од МВР. Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Од МВР велат...

Кривична пријава на Вангеловски бидејќи не дава увид во списите за Грујовски и Бошковски

Советот за утврдување на факти му поднесе кривична пријава на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Кривичната пријава Советот ја поднел бидејќи пред две недели Вангеловски не им дозволи на членовите на комисијата која ги истражува околностите за бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски, да влезат во Врховниот суд и да извршат увид во списите од предметите...

Тројца ранети во инцидент во Кичево, меѓу кои и носител на советничка листа

Во вооружен инцидент што вечерва се случил во Кичево ранети се три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази, пренесува „Телма“. Напаѓачот, кратко по инцидентот бил приведен од полицијата, а како што потврдиле од МВР за телевизијата, било обезбедно и оружјето од кое било стрелано. Четириесетгодишниот Абази бил застрелан во слабината, додека Дестан Абдиу,...

Врховен суд: Прво да образложат, па после ќе добијат увид во списите за Грујовски и за Бошковски

Прво Советот за утврдување на факти писмено да го образложи барањето за пристап до списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“, а потоа Врховниот суд ќе определи време и простор, соопштиле од судот за државната новинска агенција МИА. Реакцијата на судот следи откако Советот денеска обвини дека на членовите на комисијата која истражува дали судиите кои одлучувале по барањата за притвори...

Вангеловски не ѝ дозволил на комисијата за Грујовски и за Бошковски да влезе во Врховен

На Комисијата која истражува дали судиите од Кривичниот, Апелацискиот и од Врховниот суд, кои одлучувале по барањата за притвори, ја прекршиле постапката и им овозможиле на Горан Грујовски и на Никола Бошковски да побегнат од државата, денеска не ѝ било дозволено да влезе во Врховниот суд и да изврши увид во списите од предметите „Таргет“ и „Тврдина“. Како што соопштија...

Заврши увидот во избирачкиот список

На полноќ истече рокот за јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори 2017. Граѓаните тоа можеа да го направат електронски или во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) во Скопје и во подрачните оделенија. Според роковникот на изборни дејства на ДИК, во рок од пет дена по завршување на јавниот увид, Комисијата треба да го достави избирачкиот список до...

Увид во избирачкиот список може да се направи до полноќ

На полноќ истекува рокот за јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори, закажани за 15 октомври годинава. Увидот се врши во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), како и на веб-страницата на ДИК. Според Комисијата, до 6 септември увид во избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во земјава извршиле 20.081 граѓанин, а преку веб-страницата...

Увид во избирачкиот список направиле 148.538 граѓани

Потребниот број потписи за поднесување независна кандидатура собрале 27 листи на кандидати за градоначалник и 47 листи на кандидати за членови на совети, информираа денеска од Државната изборна комисија. - Потписи за листи на кандидати за градоначалници се собрани за 22 општини, а потписи за листи на кандидати за советници се собрани во 27 општини. Рокот за поднесување кандидатури истекува...

ДИК на седница го разгледува извештајот за состојбата во избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска ја одржува 128. седница на која треба да го разгледа и усвои извештајот за утврдување на состојбата во избирачкиот список, за ставање на јавен увид а по повод одржувањето на локалните избори на 15 октомври, информираат од таму. На седницата исто така треба да се разгледа и усвои предлогот за јавен повик за сите граѓани, за...

Полицаец застрелал двајца малолетници во Струмица, обвинителството врши увид

Полицаец синоќа со службениот пиштол застрелал двајца малолетници во Струмица, од кои едниот со тешки повреди бил хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје (КАРИЛ), а на другиот му бил извршен оперативен зафат во струмичката болница. Од Јавното обвинителство соопштија дека денеска надлежен јавен обвинител од ОЈО Струмица ќе продолжи со увидот во близина на...

Димитров: Јавноста ќе има увид во договорот со Бугарија кога и официјално ќе стане договор

Јавноста ќе има увид во договорот за добрососедство со Бугарија кога тој ќе биде официјално потпишан и даден на ратифкација во Собранието на Република Македонија, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за „Телевизија 24“. Како што изјави шефот на македонската дипломатија, во моментов станува збор за нацрт-текст на договор, кој за да стане договор, првин треба да биде...

Кондовец уапсен откако признал дека убил соселанец

Дваесет и едногодишно момче од скопското село Кондово, синоќа било уапсено во полициската станица Ѓорче Петров, откако признало дека пред една недела го убило својот соселанец М.M. (57) и го открило местото каде се наоѓа телото, информираше денеска МВР. Според полицијата, 21-годишниот М.Т. на 11 јули, околу 21.30 часот, во близина на Кондово, го убил М.М., кој во меѓувреме бил...

Шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со писмо до Заев бараат увид во договорот со Бугарија

Илија Димовски, Никола Попоски, Трајко Вељаноски, Антонио Милошоски, Емил Димитриев и Влатко Ѓорчев, преку писмо упатено до премиерот Зоран Заев и до министерот за надворешни работи Никола Димитров, бараат договорот за доборососедство со Бугарија да биде транспарентен и разгледан од пратениците на опозицијата. Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека ова го направиле затоа што...

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Крушево

Едно лице загина, а три се повредени во сообраќајна несреќа што денеска се случи на патот Прилеп - Крушево, во близина на селото Големо Коњари. Несреќата се случила околу 19.15 часот, кога возилo, марка „венто“, од засега непознати причини, излетало од патот. Во несреќата на самото место починало 24-годишно момче од селото Славеј, Прилепско, а три лица со тешки повреди...

Осумдесет и четиригодишен скопјанец ги застрелал сопругата, ќерката и внукот

Осумдесет и четиригодишен скопјанец попладнево, околу 13 часот, пукал во својот дом и ги застрелал сопругата, нивната ќерка и внукот, а потоа се самоубил, јавува „Телма“. Полицијата го потврдила инцидентот, кој се случил на улицата Хо Ши Мин, во општина Бутел. Застреланиот внук, кој бил на 32-годишна возраст, според првичните информации, им подлегнал на повредите на самото место, а сопругата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...