четврток, 21 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: услуги | 51 резултати

Тевдовски: Лани имаме рекордна искористеност на ИПА-средствата

мај 30, 2018

Минатата година имаме рекордна сума искористени ИПА-средства, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, кој се обрати на ставањето во употреба на надградениот и осовремен граничен премин Табановце, како дел од кампањата „ЕУ за тебе“. Тој рече дека искористеноста на европските фондови кои ни се на располагање, е неколкукратно повеќе, во споредба со претходните години. – Во 2017, […]

Град Скопје ќе основа ново претпријатие за енергетика

мај 30, 2018

На денешната седница, Советот на Град Скопје основа ново акционерско друштво кое ќе се занимава со енергетски дејности. „Со оваа одлука, Градот Скопје ја утврдува потребата од основање на акционерско друштво за вршење на овие дејности за подрачјето на Град Скопје за снабдување со природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од […]

Анѓушев: Новиот закон за енергетика ќе штити од неконтролиран раст на цените на струјата

мај 4, 2018

На денешната јавна расправа за предлог- законот за енергетика во Собранието, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев порача дека овој закон се носи за доброто на граѓаните и дека обезбедува конкурентност во енергетскиот сектор. „Овој Закон обезбедува конкурентност, а кога постои конкурентност има и бенефит за крајните корисници, бидејќи со зголемена конкуренција се подобрува квалитетот на […]

„Македонија сообраќај“ нема лиценца, затоа не сообраќа на релација Скопје – Солун

февруари 4, 2018

Министерството за транспорт и врски информираше дека превозникот „Македонија сообраќај“ не сообраќа на релацијата Скопје – Солун, бидејќи нема лиценца. „На превозникот „Македонија сообраќај“, поради нередовно одржување на возната линија Скопје – Солун, пред повеќе од три години му е одземена дозволата за превоз на патници на линијата Скопје – Солун. По две жалбени постапки […]

Лукаревска: Владата нема да менува ништо во плаќањето ДДВ

февруари 1, 2018

Новата Влада нема направено никаква законска измена во поглед на данокот на додадена вредност (ДДВ) за физички лица, а во постапувањето на Управата за јавни приходи (УЈП) не постои промена по ова прашање, појасни денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. – Не сите физички лица се обврзници за цели на ДДВ. Напротив, станува збор за […]

Стапката на пораст на БДП во третото тримесечје изнесува само 0,2 проценти

декември 7, 2017

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за третото тримесечје од годината изнесува 0,2 проценти. Во овој период, најголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање и друго. Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото […]

Трошоците за авионски превоз и за болнички услуги најмногу се зголемиле во март

април 7, 2017

Трошоците на животот во март, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за истиот период се зголемени за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемување на цените има кај свежото и разладеното овошје за 7,3 проценти, тутунот за 2,6 проценти, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто […]

Костова: Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството

април 7, 2017

Македонија е претпоследна земја во Европа според резултатите во здравството, а економската ситуација ги турка граѓаните во депресија. Ова произлезе како заклучок од синоќешната дебата посветена на 7 април, Светскиот ден на здравјето, организирана од комисијата за здравство на СДСМ и од форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Кисела Вода. Членката на комисијата […]

Лицата со хендикеп имаат ограничен пристап до здравствените услуги

март 31, 2017

Лицата со посебни потреби во Македонија имаат ограничен пристап до здравствени услуги, иако во Македонија осигурениците имаат право на здравствено осигурување до навршување 26 години. Ова го покажуваат резултатите од проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Македонија“, кој е поддржан од ЕУ, а спроведуван од Фондацијата за одржлив економски […]

ЕБОР и НЛБ ќе ги поддржуваат жените претприемачи со 300.000 евра

јануари 25, 2017

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Нова љубљанска банка (НЛБ), потпишаa договор за поддршка на жените претприемачи во Македонија. ЕБОР ќе обезбеди три милиони евра кредит на НЛБ, за финансирање на мали и средни претпријатија, управувани од жени. Програмата е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и на […]

АЕК решавала 918 приговори за висина на сметки и квалитет на услуги

јануари 2, 2017

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) од јануари до декември изминатата година решавала 918 спорови, кои генерално се однесувале на висината на сметките и на квалитетот на услугите. Најмногу спорови, односно 20,2 проценти, се однесуваат за говор во мобилната телефонија, по што следат 18,1 процент за мобилен интернет, 6,4 процент за дигитална телевизија, 5,5 проценти за […]

Одбележани 10 години од потпишувањето на договорот за слободна трговија ЦЕФТА

октомври 5, 2016

Во рамките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) досега е постигната целосна либерализација во трговијата со земјоделски производи, се финализира процесот на преговори за олеснувања во трговијата, а во завршна фаза се преговорите за поширока либерализација на трговијата со услуги. Ова денеска го истакна министерот за економија, Дритон Кучи, на одбележување на десетгодишнината од […]

Македонските и украинските компании ќе имаат поголема можност за соработка

септември 14, 2016

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира Македонско-украински бизнис-форум, на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис-делегација од Стопанската комора за трговија и за индустрија на Украина. Целта на форумот е подобрување на економската соработка меѓу двете земји, остварување директни контакти со компаниите од Украина за воспоставување конкретни деловни односи, како и за зголемување на […]

БДП се зголеми за 2,2 отсто во второто тримесечје

септември 9, 2016

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за второто тримесечје годинава изнесува 2,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Најголем пораст е забележан во секторите градежништво, од 31 процент, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности, од 11,5 проценти, и финансиски дејности и дејности на осигурување од 4,9 проценти. Во истиот период, извозот на стоки и […]

Стопанска комора ќе им ја олеснува работата на компаниите со подготовка на нова услуга

август 15, 2016

Стопанската комора на Македонија подготвува нова услуга која ќе им биде на располагање на компаниите, со цел олеснување на работењето при подготовка и апликација на документи при соработка со домашните и странските компании, но и при подготовка за извоз. Од Стопанска комора информираат дека услугата ќе биде во насока на ефикасно, ефективно и економично работење на компаниите. […]

АЕК ќе избира оператор што ќе обезбеди интернет во руралните места

јули 14, 2016

Околу 10.000 домаќинства од рурални и најмалку населени места првпат ќе добијат пристап до интернет во рамки на универзалната услуга од оператор што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да го избере на тендер до крајот на годинава. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, појасни дека станува збор за домаќинства во населени еста за кои операторите немаа комерцијален […]

Два проценти пораст на БДП во првото тримесечје годинава

јуни 10, 2016

Стапката на пораст на домашниот бруто-производ (БДП) за првото тримесечје од 2016 година изнесува 2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од годинава, најголем пораст е забележан во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување од 13,3 проценти, стручни, научни и технички дејности, административни и помошни услужни дејности од 11,7 проценти и градежништво од 7,7 […]

Туристичките потенцијали на Македонија претставени во Казахстан

април 21, 2016

Претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојуз на стопански комори, Аркан Керим, ќе ги презентира можностите за туризам и потенцијалите на Македонија како туристичка дестинација пред најголемите туристички оператори од Казахстан. Керим учествува на Меѓународниот саем за туризам во Казахстан, а во фокусот е презентирање на производи за подобрување на можностите за туризам, туристички услуги и решенија, услуги за […]

Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето за регистрација на имот

април 1, 2016

Катастарот воведе нова услуга со која се скратува времето и постапката за пренесувањето на недвижност од едно на друго лице и регистрација на имот. Со сегашните измени постапката се извршува во три чекори за шест дена, за разлика од порано кога постапката се извршуваше во седум чекори и траеше 30 дена. Разликата во цената со постоечката […]

Малку жени работат во секторот за ИТ-услуги во Македонија

март 22, 2016

Врз основа на претходни истражувања од 2015 година, вo Македонија на развој на софтвер и во секторот ИТ-услуги има помалку жени (27 отсто), а и помалку вработени жени на раководни места (12 отсто) во споредба со мажите, и покрај поголемиот број на академски образувани жени. – Работењето на жени како професионалци во ИТ-индустријата, која е глобално […]

Страна 2 од 3