недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: урбанизам | 17 резултати

Мета факт: Во тек е реализацијата на ветувањето за меѓународен конкурс за избор на идејно решение за „Расадник“ во Кисела Вода

февруари 10, 2023

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година им вети на граѓаните дека ќе спроведе меѓународен конкурс за избор на идејно решение за урбанизација на локацијата „Расадник“ во населбата Кисела Вода. Ова ветување што треба да се спроведе во неговиот мандат до 2025 година во моментов […]

Репортажа од Долњи Витковице: Од напуштена фабрика до креативен уметнички и образовен центар [фото]

април 21, 2022

Трансформацијата и реадаптацијата на напуштените индустриски комплекси во Скопје засега остануваат само на хартија како идеи на стручната јавност и граѓанските иницијативи како да се искористи напуштениот простор за добробит на целото општество. Со исклучок на трансформацијата на поранешниот магацин на АРМ во Центар за дизајн и иновации „Јавна соба“ што се реализираше во 2015 […]

Предавања „Утописки урбанизам и глобален град“ во МСУ по повод годишнината на скопскиот земјотрес

јули 26, 2021

На тремот од Музејот на современата уметност – Скопје (МСУ), вечерва со почеток во 20 часот, во рамките на јавната програма со наслов „Утописки урбанизам и глобален град“ предавања ќе одржат Саскија Сасен, професорка по социологија на Универзитетот Колумбија во САД и Ана Ивановска – Дескова, професорка на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и […]

Градежната експанзија и урбанизмот е проблемот што најмногу ги мачи жителите на Карпош

април 12, 2021

Преку анкета на јавно мислење на граѓаните во Општина Карпош, утврдено е дека 30 отсто од анкетираните лица рекле дека најголем проблем во општината е градежната експанзија, 10 отсто е невработеноста, додека 8 отсто од граѓаните имаат проблем со безбедноста. Овие резултати ги презентираше Данче Даниловска Бајдевска, програмска координаторка во Фондацијата Отворено Општество Македонија на […]

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

март 18, 2020

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат […]

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

јануари 5, 2020

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз […]

Државата нема да ги преземе ингеренциите за урбанизмот од Општина Струга

септември 11, 2019

Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко сè уште чекаат одговор од Министерството за транспорт и врски на писмото со кое Општината бара Министерството да ги преземе ингеренциите во областа на урбанизмот и спроведувањето на забелешките од УНЕСКО. Од кабинетот на Мерко потврдија дека одговор нема, што го толкуваат како неодобрување на барањето. Деновиве при една […]

Новиот закон за урбанизам нема да ги излечи лошите навики во градењето

март 28, 2019

И со новиот Закон за урбанистичко планирање, кој веќе е влезен во собраниска процедура за негово изгласување, нема да се променат лошите навики за градење. Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Мартин Пановски за „Мета“ вели дека постојат големи недоречености во предложениот закон, кој владата веќе го усвои и го испрати до Собранието. […]

Арсовски: Наместо Уставен суд, за спорните ДУП-ови треба да одлучува Државниот инспекторат

март 22, 2019

Времената мерка донесена од Уставниот суд со која се прекинува мораториумот за градење во општина Центар е проблематична за урбанистите. Иван Арсовски, планер-урбанист, посочува дека со одлуките околу спорните урбанистички планови треба да се занимава Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, а не Уставниот суд. – Да се измени статутот на инспекторатот или да се […]

„О2“: Новиот закон за просторно планирање скроен по мерка на бизнисот, а не на граѓаните

јануари 17, 2019

Новиот Предлог-Закон за просторно и урбанистичко планирање не нуди решенија за постојниот урбанистички хаос, туку токму спротивното, сметаат од Иницијативата „О2“. „Во ситуација кога Уставниот суд го укина членот 50 од сегашниот закон за просторно и урбанистичко планирање со кој се утврдуваше кои се градбите од државен интерес и како ќе се градат, подалеку од […]

Пановски: „СЈО за урбанизам“ за криминалите во градењето, упадот во зеленилото и системот

јануари 3, 2019

За тоа како се случи Скопје да остане без зеленило, како „Скопје 2014“ го загади воздухот во Скопје, за висококатниците кај „Холидеј Ин“ и за тоа каде е излезот од урбанистичкиот ќорсокак во кој се загубија човечките димензии на главниот град на државата, „Мета“ разговараше со Мартин Пановски, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија […]

Кривични пријави за вработени во Општина Прилеп за незаконско легализирање деловен простор

октомври 24, 2017

Кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување поднела полициската станица од Прилеп, против раководителот на секторот за урбанизам во Општина Прилеп, како и против уште четворица вработени во Општината, еден геометар и директорот на „Пелагонија турс“ од Прилеп, поради незаконска легализација на деловен објект, соопшти МВР. Пријави добиле И.К. (61), раководител на сектор […]

Скопје и Тетово се загадени поради големиот и брз урбан развој без еколошки стандарди

мај 19, 2017

Аерозагадувањето во Скопје и во Тетово е резултат на нивниот голем и брз урбан развој, кој се одвива без да се запазат основните урбанистички и сообраќајни стандарди. Ова е ставот на дел од учесниците на Меѓународната конференција на применети науки, која се одржа на Државниот универзитет – Тетово. Професорот Вулнет Палоши смета дека градот треба […]

Страна 1 од 1