fbpx
Таг: Управен суд

таг: Управен суд

Беса нема да поднесе тужби, се сомнева во независноста на Управниот суд

Движењето Беса нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија да се отфрлат седум од осумте приговори за изборниот процес. - Органите на партијата оценија да не поднесат тужби до Управниот суд бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука - изјави за „Мета“ портпаролот на Беса, Орган Муртезани. Државната изборна комисија го...

Тече рокот за тужби на партиите до Управениот суд

Тече 24-часовниот рок за тужби по решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Од ДИК синоќа најавија дека правната служба на комисијата ќе ги подготви и ќе им ги достави Беса и на коалицијата предводена од СДСМ решенијата за 13 приговори за кои веќе донесе одлука. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на ждрепка, во...

Управниот суд и поништил 20 решенија на лустрациска комисија

Управниот суд поништил вкупно 20 решенијата за лустрација за лица за кои Комисијата за верификација на фактите утврдила дека соработувале со странски служби. Претседателот на комисијата, Томе Аџиев ни рече дека решенија стигнале за Ице Дамчевски, Јорданчо Чевревски, Неџбедин Рустеми, Љубомир Георгиевски, Јадранка Костова, Божин Павловски, Иван Катарџев, Сиљан Аврамовски, Јован Трпеновски, Вангел Гагачев, Божидар Кулевски, Владимир Јовановски, Трајко Огненовски, Николче...

Управниот суд ја поништи лустрацијата на уредничката на „Фокус“, Јадранка Костова

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за верификација на фактите за лустрација на новинарката Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“. Решението за лустрација на Костова беше донесено на 26 март 2015 година. Неколку месеци подоцна, парламентарното мнозинство изгласа прекинување на процесот на лустрација. Конкретно, од 1 септември 2015 година, Комисијата нема мандат да поведува нови постапки. Пресудата со која Управниот...

Утре ќе се одржи првата седница на Комисијата за импичмент на Иванов

Утре во 11 часот во Собранието треба да се одржи првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов. Сè уште не се знае дали коалицијата на СДСМ ќе учествува во работата на оваа комисија, затоа што тие иако ја поднесоа иницијативата за импичмент на Иванов, на пленарна седница...

СДСМ на Управен суд ја оспори одлуката за формирање на комисијата за импичмент на Иванов

СДСМ денеска поднесе тужба до Управниот суд со која ја оспори одлуката за формирање на Kомисија за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов. Како што велат од партијата при формирањето на Комисијата за одговорност на Иванов, тие побарале од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски да обезбеди спроведување на деловникот, но тој не сторил ништо. - Со оглед на тоа што Трајко...

ВМРО-ДПМНЕ останува единствен избор, Управниот суд ја отфрли тужбата на НДМ

Управниот суд ja отфрли тужбата на Народното движење на Македонија (НДМ) поднесена против Државната изборна комисија (ДИК). Имено, НДМ поднесе тужба против одлуката на ДИК затоа што ги отфрли листите на кандидати за пратеници од оваа партија поради тоа што биле нецелосни. Управниот суд потврди дека шестмина кандидати на НДМ не биле дел од избирачкиот список, по што ги отфрли тужбите како...

Управниот суд го поништи решението на ДЗЛП за е-пристапот до избирачкиот список

Управниот суд на 5 мај донел одлука со која ја уважил тужбата на Државната изборна комисија (ДИК) против привременото решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), со која ѝ се забранува на ДИК да обезбедува електронски пристап до избирачкиот список на интернет-страницата izbirackispisok.gov.mk. Истовремено, со уважувањето на тужбата на ДИК, Управниот суд го поништил привременото решение на...

ДИК ќе ја послуша ДЗЛП, ама ќе ги обжали решенијата пред Управен суд

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница донесе одлука да постапи по двете решенија на Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), односно да го повлече од својата интернет-страница списокот со спорни 89.000 гласачи за теренска проверка, како и избирачкиот списокот со вкупниот број на гласачи. Истовремено, како што пренесува „Телма“, членовите на ДИК одлучиле до Управниот суд да поднесат...

Спасов: Решението што го објави Ременски не е конечно и правосилно

Дополнителниот заменик-министер Диме Спасов реагираше на прес-конференцијата на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски. Во реакцијата на Спасов се вели дека решението од Управниот суд што денеска го објави министерката, со кое се отфрла тужбата на Спасов, не е конечно и правосилно бидејќи не е завршена судската постапка. Спасов најави дека ќе поднесе жалба до Вишиот управен суд. - Ова решение...

Ременски: Управниот суд со решение ја укина тужбата од Диме Спасов

Управниот суд донел решение со кое тужбата и предлогот за привремена мерка на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов против министерката за труд и социјална политика се отфрла како беспредметна во случајот со разрешувањето директор и со именувањето в.д. директор за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, информираше денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски. Ременски појасни дека...

Наумов: Ставрески повторно се задолжува иако одлуката на ДИК е оспорена

„Претходниот состав на Државната изборна комисија донесе политички диригирана одлука. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, свесно, надвор од сите законски надлежности, донесоа одлука со која овозможија неконтролирано задолжување во пресрет на претстојните парламентарни избори“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Тој потсетува дека на 22 декември 2015 година поднел тужба до Управниот суд на РМ против одлуката на Државната...

Чавков со телеграма им наредил на УБК и на БЈБ да ја спроведат одлуката на Управниот суд

Заменикот-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, утрово преку телеграма ги известил директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање дека се должни веднаш да ја спроведат одлуката на Управниот суд, кој вчера привремено ги поништи сите 29 решенија кои еден ден пред Нова година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пишува „Прес 24“. „Во...

Спасовски: Чавков лаже, крши закони и се однесува како судија на Управниот суд

Тоа што го зборува дополнителниот заменик-министер Митко Чавков е лага, обвини денеска на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со одлуката на Управниот суд за решенијата што тој ги донесе пред Нова година, меѓу кои и тие за разрешување на началниците на пет сектори за внатрешни работи. Според Спасовски, Управниот суд не ги укинал решенијата туку донел само...

Управниот суд привремено ги поништил и решенијата на Спасовски за разрешување началници

Управниот суд донел одлука да ја прифати тужбата на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и привремено да ги стави надвор од сила сите 29 решенија што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги донесе пред Нова година, пренесуваат медиумите. Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид,...

Управниот суд привремено ги поништи решенијата на Ременски за разрешување директори

Управниот суд донесе одлука со која привремено ги поништи решенијата за разрешување на директорите на центрите за социјална работа и на јавните установи од страна на техничката министерка Фросина Ременски. Во решението за привремена мерка се забранува на министерот за труд и социјална политика, Ременски, да презема дејства во врска и по повод донесените решенија за разрешувања на директор и...

СДСМ со тужба до Управен суд за одлуката на стариот состав на ДИК

СДСМ, преку дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, ќе поднесе тужба до Управниот суд на РМ. Со тужбата, како што стои во соопштението од партијата, се бара поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од Министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...