fbpx
Таг: Управен суд

таг: Управен суд

Се гледа крајот на двегодишната блокада за избор на декан на Правниот факултет

По безмалку двегодишна блокада на изборот на нов декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Вишиот управен суд донесе одлука со која може да се деблокира изборот на нов декан на оваа високообразовна институција и го потврди правото на Наставно-научниот совет да избере декан, без да биде попречуван во тоа од просветниот инспекторат или од ректорот на Универзитетот „Свети Кирил...

Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова против Судскиот совет

Управниот суд ја одбил тужбата на судијката Лидија Неделкова против Судскиот совет, во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд, јавува „Телевизија 24“. Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако Судскиот совет го одби нејзиниот приговор во кој таа имаше забелешки на начинот на кој Советот го спровел вонредното оценување на кандидатите за претседател...

Судиите Неделкова и Џолев најавија тужби против Судскиот совет до Управниот суд

Судиите Иван Џолев и Лидија Неделкова најавија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд заради одлуките на Судскиот совет, кој ги одбил нивните приговори во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседатели на Врховниот и на Основниот суд Скопје 1, пишува „Алсат М“. Џолев и Неделкова велат дека нивните забелешки биле поткрепени со факти, а при оценувањето...

Денеска се прегласува во Теарце, избирачкото место отворено навреме

Утрово во 7 часот беше отворено гласачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Теарце, каде се прегласува откако Управен суд одлучи да го поништи гласањето во ова тетовско село. Изборниот молк кој почна во петокот на полноќ, ќе трае до затворање на избирачкото место во 19 часот. На терен се присутни и претставници на граѓанската асоцијација „Мост“ и...

Утре ќе се прегласува во Теарце, избирачкото ливче останува исто

На избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во општина Теарце утре ќе се прегласува откако Управен суд одлучи да го поништи гласањето на ова избирачко место. Државната изборна комисија пред три дена едногласно донесе одлука за прегласување бидејќи симулацијата направена од ИТ-секторот покажала дека прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите, односно на бројот на освоени мандати...

Шилегов: Теарце ја има честа да ја запечати победата на демократска Македонија

Теарце ја има таа чест да ја запечати победата на граѓанска и демократска Македонија, рече носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата предводена од СДСМ во шестата изборна единица, Петре Шилегов, кој денеска со своите сопартијци го посети Теарце, каде, по вчерашната одлука на Управниот суд и денешната на Државната изборна комисија, в недела, на 25 декември, ќе...

ДИК одлучи да се прегласува на избирачкото место во Теарце

Државната изборна комисија на денешната седница донесе едногласна одлука да се повтори гласањето на избирачкото место 2011 во општина Теарце. Според симулацијата направена од ИТ-секторот на ДИК, прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите, односно на бројот на освоени мандати на политичките партии во шестата изборна единица. Прегласувањето во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ ќе се врши в недела, на 25...

Притисоците на СДСМ врз судот родија плод, оцени ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ и нивните налогодавачи срамно продолжуваат со обидот за кражба на кристално чистата победа на ВМРО-ДПМНЕ на последните избори, изјави вечерва членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, по одлуката на Управниот суд која се однесува на уважување на тужбата на СДСМ за прегласување на гласачкото место 2011 во Теарце. Според Тодоров, судиите од Управниот суд кои гласаа за...

Управниот суд ја уважи тужбата на СДСМ и го поништи гласањето во Теарце

Советот на Управниот суд ја прифати како основана тужбата на СДСМ и го поништи гласањето на гласачкото место број 2.011 во општина Теарце, во шестата изборна единица. Приговорот и тужбата на СДСМ за ова гласачко место се однесуваат на тоа дека на почетокот на гласањето било констатирано дека недостига гласачко ливче, кое на крајот при пребројувањето на гласовите било најдено...

Заев: Влада треба да состави коалицијата што ќе има минимум 61 пратеник во Собранието

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да го даде мандадот за составување нова влада на таа партија, партии или коалиција што ќе имаат мнозинство во Собранието од минимум 61 пратеник. - Членот 90 од Уставот на Република Македонија е јасен и вели дека претседателот на Република Македонија го доделува мандатот на оној претседател на партија, на...

СДСМ: Управен суд расправал по тужбата за изборите без претставници на СДСМ

Судскиот совет во Управен суд кога одлучувал по тужбата на СДСМ за гласањето во избирачкото место 2011 во Теарце, ја отворил и ја завршил расправата по предметот без обезбедено присуство на тужителот, односно претставници на СДСМ, соопштуваат денеска од партијата. „Судскиот совет не достави покана за седницата до подносителот на тужбата, СДСМ, туку несоодветно, известил за одржувањето на седницата по...

Управниот суд напладне ќе одлучува по тужбата од ВМРО-ДПМНЕ

Управниот суд за денеска напладне закажа седница на која ќе ја разгледува тужбата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на ДИК да се поништи гласањето во едно избирачко место во Гостивар по приговорот поднесен од Беса. Советот кој ќе одлучува по оваа тужба ќе го води судијката Есма Алибашиќ-Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани. Денеска...

Управниот суд ја заврши расправата по тужбите од СДСМ, рокот за одлука е утре во 19 часот

Управниот суд ја заврши јавната седница на која попладнево судиите ги разгледуваа двете тужби поднесени од СДСМ за решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за предвремените парламентарни избори. Едната тужба се однесува за избирачкото место 1978 во општина Тетово, а другата е за одбиениот приговор за избирачкото место 2025 во општина Теарце. Судиите известители на јавната седница ги прочитаа тужбите...

Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе го води советот на Управниот суд за тужбите

Управниот суд со жрепка ги избра петтемина судии што на јавна седница ќе одлучуваат по тужбите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките што Државната изборна комисија (ДИК) ги донесе по приговорите за текот на гласањето на изборните на 11 декември. Претседател на петчелниот совет е судијката и заменик-претседател на Управниот суд, Весна Јовановска, а членови се судиите Бурим Сејдини, Анета...

Тодоров: Имаме докази дека одлуката на ДИК за приговорот на Беса е незаконска

Шефот на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во втората изборна едница, Никола Тодоров, попладнево на прес-конференција ја образложи тужбата што партијата ја поднесе до Управниот суд во врска со приговорот на Беса и посoчи дека имаат докази кои покажуваат дека одлуката на Државната изборна комисија (ДИК), која го прифати приговорот, е незаконска и е „невиден преседан“. Според...

Коцијанчич: Брисел е загрижен за негативната реторика и повикува на одговорно однесување

Европската комисија денеска повика да не се врши притисок врз Државната изборна комисија и судството. - Комисијата ги регистрираше прелиминарните резултати и исходот од приговорите и сега ги чека одлуките од жалбениот процес. На релевантните државни власти, вклучувајќи ја Државната изборна комисија и судот, треба да им се овозможи да работат непречено, без притисок и политичко мешање – изјави портпаролката...

Кој го раководи и што е Управниот суд, кој ќе пресече за резултатот од изборите

Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ вчера, пред истекот на рокот (ноќеска, на полноќ), соопштија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд за дел од одлучките на Државната изборна комисија по приговорите околу текот на гласањето на изборите на 11 декември. Управниот суд, пак, сега, според членот 150 од Изборниот законик, откако ќе ги прими тужбите, има рок од 48 часа...

Истече рокот за поднесување тужби на партиите до Управниот суд

Ноќеска на полноќ истече рокот за поднесување тужби од политичките партии до Управниот суд во врска со одлуките на Државната изборна комисија за приговорите за текот на гласањето на изборите на 11 декември. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на жрепка, во рок од 48 часа, на јавна седница треба да одлучат како ќе...

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба за одлуката на ДИК за прегласување во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ синоќа соопшти дека од партијата поднеле тужба до Управниот суд поради решението на Државната изборна комисија со кое се уважи приговорот на политичка партија Движење Беса и се поништија резултатите од гласањето на гласачко место во општина Гостивар, ИЕ6. „Ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на Коалицијата за подобра Македонија...

СДСМ ќе поднесе четири тужби до Управниот суд

СДСМ до крајот на денот ќе поднесе четири тужби до Управниот суд што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6, соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. - Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите. ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...