fbpx
Таг: Управен суд

таг: Управен суд

Годишно во Управниот суд и во второстепените комисии се постапува по 100.000 предмети

Според проценките, во државата има околу 100.000 предмети годишно по кои се постапува врз основа на некакво управно или административно барање на граѓаните до одредени институции. Против овие решенија се поднесуваат просечно околу 12-13.000 жалби, се вели во извештајот за работата на второстепените комисии и управните судови кој го подготви професорот на Правниот факултет, Драган Гоцевски. Извештајот е дел од...

Апелација денеска ќе ја соопшти одлуката дали „бомбите“ за „Титаник 2“ ќе станат докази

Апелацискиот суд Скопје денеска треба да ја соопшти одлуката дали „бомбите“ ќе се користат како докази во предметот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изборни нерегуларности „Титаник 2“. На јавна седница во скопскиот Апелациски суд, СЈО ги изнесуваше своите аргументи зошто снимките од прислушуваните разговори треба да бидат вклучени како докази во „Титаник 2“. Станува збор за две снимки од разговори, од...

Денеска е изборен молк – утре се прегласува на гласачко место во Чаир

Од синоќа од полноќ почна изборниот молк поради утрешното прегласување во избирачкото место 2901 во општина Чаир. Тоа е единственото место на кое се прегласува по вториот круг од локалните избори. Политичките партии по вториот круг од локалните избори, одржани на 29 октомври поднесоа 16 тужби, но Управниот суд отфрли 15 од нив, а ја прифати тужбата за избирачкото место...

ДИК одлучи да има прегласување во Чаир на 12 ноември

Државната изборна комисија попладнево на седница го разгледа решението на Управниот суд и ја усвои одлуката за повторување на гласањето на избирачкото место 2901 во основното училиште Илинден во општина Чаир. Во Чаир ќе се прегласува откако Управниот суд ја усвои тужбата на Беса. На ова избирачко место запишани се 719 гласачи, број што може да влијае на конечниот резултат и на...

ДИК ќе одлучува за прегласување на избирачко место во Чаир

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, закажана за 16 часот, треба да го разгледа и да го усвои решението на Управниот суд за повторување на гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир, од вториот круг на локалните избори, одржан на 29 октомври. Инаку, повтореното гласање на ова избирачко место во Чаир може да влијае на конечниот резултат од...

Се чека Управен суд да каже што решил за приговорите на партиите

Според соопштението објавено на веб-страницата на Управен суд вчера доцна вечерта, денеска судот би требало да соопшти какви пресуди донел за вчера разгледаните 10 тужби од политичките партии против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК), што ги разгледуваше. Од вкупно 16 примени тужби, судот вчера разгледуваше 10, а за денеска остануваат шест. Партиите незадоволни од неприфаќањето на нивните приговори во ДИК поднесоа...

Управен суд утре ќе ги соопшти одлуките за тужбите за приговорите што не ги прифати ДИК

Управниот суд денеска разгледал десет од 16 тужби поднесени од политичките партии Алијанса на Албанците, Беса и Народно движење за Македонија, но одлуките ќе ги соопшти утре. Незадоволни од неприфаќањето на нивните приговори поднесени до ДИК, партиите поднесоа тужби, и тоа Алијанса за Албанците - 11, Беса поднесе четири тужби, а НДМ - една тужба, односно вкупно 16 тужби се поднесени до 10 часот...

Управен суд почна да решава за 16 тужби за вториот круг од изборите

Вкупно 16 тужби од политички партии за вториот круг на локалните избори се поднесени до Управниот суд заклучно до денеска до 10 часот.  Во соопштението од Управниот суд, потпишано од претседателот на судот, се наведува дека 11 тужби се поднесени од Алијанса на Албанците, четири од Движењето Беса и една од Народно движење за Македонија. ДИК на седница ги отфрли...

ДИК ги отфрли приговорите на Беса, Алијанса за Албанците и на НДМ

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, која заврши вечерва, ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени од партиите Беса, Алијанса за Албанците и НДМ за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори, што се одржа на 29 октомври. Од вкупно 89 приговори поднесени од Беса, ДИК отфрли 88, а еден приговор бил...

Три жени на местата на пратениците што станаа градоначалници

Откако Државната изборна комисија ги потврди освоените мандати во првиот круг на локалните избори, јасно е дека петмина досегашни пратеници во Собранието на Република Македонија ќе заминат од таа функција и ќе станат градоначалници. На нивните функции ќе стапат нови имиња, од кои три се жени. Така, во првиот круг на локалните избори, градоначалник на Скопје стана Петре Шилегов од СДСМ,...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС му правеше притисок на Управниот суд да не дозволи прегласување

СДС со притисокот врз Управниот суд и врз ДИК, за тие да одлучат во негова полза, мисли дека го прикрил поткупот на гласачи, заканите и уцените врз граѓаните, кои ги вршеа неговите активисти, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста. „Завчера, поради политичкиот притисок што во изминатиот период го вршеа СЈО, СДС и медиумите блиски до нив, Управниот суд подлегна на притисокот,...

Нема прегласување на првиот круг од локалните избори, одлучи ДИК

Државната изборна комисија (ДИК) на вечерашната седница ги прогласи за конечни резултатите од првиот круг од локалните избори, откако од Управниот суд ги доби одлуките за тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, ТМРО, Левица и од Алијанса за Албанците. На седницата на ДИК било заклучено дека нема да има прегласување на првиот круг во ниту една од општините во Македонија, додека вториот...

ВМРО-ДПМНЕ: Управниот суд подлегна на притисоците од СДС и од СЈО

Управниот суд подлегна под систематскиот притисок од СДС и од Специјалното јавно обвинителство и не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на одлуките на Управниот суд за тужбите што партијата ги поднесе во врска со одбиените приговори од ДИК за првиот круг од локалните избори. - ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд поднесе 24 тужби за 45 избирачки...

Судот прифати една тужба на ВМРО-ДПМНЕ за Сарај, ДИК ќе каже дали ќе има прегласување

Управниот суд уважи една жалба од 28-те поднесени тужби против приговорите одбиени од Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето и за сумирањето на резултатите од првиот круг од локалните избори што се одржа на 15 октомври. Управниот суд ги објави одлуките по сите тужби од партиите на својата веб-страница, според кои уважена е една тужба поднесена од коалицијата предводена од...

Управниот суд одби 16 тужби против одлуките на ДИК

Судечкиот совет на Управниот суд ги разгледал и донел одлуки за сите 28 тужби што политичките партии ги поднеле против решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за првиот круг од локалните избори, одржани на 15 октомври. На интернет-страницата на судот се објавени одлуките за 16 тужби кои, како што се наведува, се одбиени како неосновани. Четиринаесет од објавените одлуки се...

Поднесени 27 жалби до Управниот суд за одбиените приговори од ДИК

Вкупно 27 жалби се поднесени до Управниот суд од партиите ноќеска против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори, што се одржа на 15 октомври, соопшти судот. Инаку, рокот за за поднесување жалби за одбиените приговори од ДИК истекува денеска во 11 часот. Најмногу тужби поднела ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 24, две жалби се од ТМРО...

ВМРО-ДПМНЕ до Управниот суд ќе поднесе жалби за сите приговори одбиени од ДИК

ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористи правото на жалба пред Управниот суд за сите приговори за локалните избори на 15 октомври, што беа одбиени од Државната изборна комисија, соопштија денеска од опозициската партија, додавајќи дека нема да дозволат некој да ја уништува демократијата и правната држава во Република Македонија. Рокот за поднесување жалби до Управниот суд е 24 часа и истекува вечерва,...

ДИК на маратонската седница ги одби сите приговори за изборите

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите приговори поднесени за гласањето и сумирањето на резултатите од првиот круг на локланите избори кои што се одржаа во неделата, на 15 октомври. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска за „Мета“ изјави дека маратонската седница, која почна вчера околу 10 часот претпладне, завршила утрово и дека сите приговори се одбиени. ДИК одлучуваше по вкупно 43 приговори,...

ДИК денеска ќе ги разгледува приговорите и ќе одлучува по нив

Државна изборна комисија на денешната седница, која ќе почне во 10 часот, ќе ги разгледува приговорите и ќе одлучува по нив. ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. На седницата вчера, ДИК го усвои извештајот за поднесените приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите. До Државната изборна комисија пристигнале вкупно 46 приговори...

Досега нема приговори до ДИК, роковите истекуваат денеска

Во 19 часот денеска истекува рокот за поднесување приговори за процесот на гласањето до Државната изборна комисија (ДИК), а на полноќ ќе заврши и рокот за поднесување приговори за првичните резултати од локалните избори што се одржаа во неделата, на 15 октомври. Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, за „Мета“ вели дека досега ниту една политичка партија нема поднесено приговори. Рокот за поднесување приговори што се...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...