fbpx
Таг: универзитети

таг: универзитети

Јусуф Зејнели изгласан за нов ректор на Тетовскиот универзитет, реакции по изборите на кои тој беше единствен кадидат

Јусуф Зејнели е избран за нов ректор на Универзитетот во Тетово (УТ), на избори на кои тој беше единствен кандидат, откако останатите тројца пријавени се повлекоа од конкурсот, обвинувајќи за низа неправилности. „Со мнозинство гласови од академскиот кадар на 12 факултети, проф. д-р Јусуф Зејнели е избран за ректор на Универзитетот во Тетово, за следниот тригодишен мандат, 2023-2026 година“, информираа...

Тетовскиот универзитет денеска избира ректор, тројца од четирите кандидати се повлекоа од трката

Кандидатите Башким Зибери, Миќереме Руси и Дервиш Алими се повлекоа од трката за ректор на Универзитетот во Тетово (УТ) поради основани сомнежи дека изборите се наместени во корист на Јусуф Зејнели, зад кого се тврди дека стои ДУИ, објави телевизија Алсат. Сега поранешните кандидати за ректор велат дека имало политички притисоци врз професорите и врз нивните семејства. Во писмото со оставка,...

Бројот на дипломирани студенти се намалил за 3.5 отсто, две третини од нив учеле на државните универзитети

Вкупно 7.483 студенти минатата година завршиле додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува намалување за 3,5 отсто во споредба со 2021 година, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Ако се направи споредба меѓу факултетите, може да се заклучи дека најмногу студенти минатата година дипломирале на Економскиот факултет при приватниот Универзитет за туризам...

Контраспин: УКИМ не смее да биде спинерска тема на партиите

Секое градење цврст став и комуникација на тој став со јавноста само врз основа на една од бројните ранг листи во светот, е осудена на ризик за спинување уште во старт. Оттука, нема сомневање дека, иако ВМРО-ДПМНЕ се повикува на точен податок од една ранг листа, ставот дека нивните политички противници на власт СДСМ и ДУИ го допреле дното...

УКИМ со нов пад на листата на CWUR – сега е на 1.990 место меѓу најдобрите универзитети во светот

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) се најде на 1.990-то место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за 2023 година, што денеска ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети (CWUR). Станува збор за ранг-листа која CWUR ја објавува секоја година, а при рангирањето универзитетите и колеџите ги оценува според четири мерки: образование, можност за вработување,...

Универзитетите бројат вкупно 3.166 наставници, најмногу има на факултетите за медицина

Бројот на наставници и соработници во македонските високообразовни установи во тековната академска 2022/2023 година изнесува 4.496, информираше вчера Државниот завод за статистика. Од вкупниот број, 3.166 или 70,4 отсто се наставници, додека 1.330, односно 29,6 проценти се соработници во наставата. Податоците укажуваат и на речиси изедначена полова структура - бројот на наставнички и соработнички изнесува 50,1 отсто, додека наставници и соработници...

УКИМ рангиран на 657 место на листата на „SCImago“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 657 место меѓу 4.364 универзитети на „SCImago Institution Rankings“ листата за 2022 година, објавена на почетокот на годинава. Оваа позиција УКИМ ја дели заедно со уште 19 други универзитети од светот. Ранг-листата ги класифицира академските институции кои се занимаваат со истражување, рангирани според индикатор кој комбинира анализи на резултати од истражувањата,...

Ретроспектива: Студентскиот стандард и високото образование во 2022 година

Преку гласни реакции на неправдите, преговори со државата и краткотрајни протести, македонските студенти годинава успеаја да го одбранат она што им следува и што некој сакаше да им го одземе и да го заштитат од дополнително пропаѓање кревкиот студентски стандард погоден од економската криза. Високото образование 2022 година ја завршува со најави за подготовка на нов закон кој треба...

УГД распиша оглас за студенти од еднородителски семејства за плаќање половина од партиципацијата

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип објави Интерен оглас за студенти од ранливи категории и студенти чие родителско право го врши само еден родител за стекнување со погодноста за плаќање половина од износот на партиципацијата за прв циклус студии за академската 2022/2023 година. Право на учество на огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии...

НАкС реагира дека измените на Законот за високо образование се вршат нетранспарентно

Независниот академски синдикат (НАкС) реагира дека со голема загриженост ги следи најавите за измена и дополнување на Законот за високото образование. Од НАкС велат дека предмет на измени е законот за високо образование од 2018 година кој беше донесен со широк консензус, додека неговата содржина беше предмет на длабоки консултации со сите чинители. Синдикатот реагира дека останува нејасно како дошло...

Марш за повисок стандард на Меѓународниот ден на студентите

Повисок студентски стандард преку подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, зголемување на износот на оброкот и стипендиите и дигитализација на образованието, побараа студентите од државата додека маршираа од Владата кон Министерството за образование и наука. Овие барања се само „кајмак“ на ситуацијата во која се наоѓаат студентите денес, среде финансиска криза, додека под површината...

Студентските собранија излегуваат на мирен марш за Меѓународниот ден на студентите

Универзитетските студентски собранија на државните и приватните универзитети во земјава повикаа на мирен марш во четврток, на 17 ноември, кој во светот се одбележува како Меѓународен ден на студентите. На овој марш студентите ќе ги истакнат нивните барања до институциите за подобар студентски стандард и поголем квалитет на високото образование. „Министерството за образование и наука за брзо време успеа да...

Сојузот на средношколци и НАкС со поддршка за студентските барања

Сојузот на средношколци изрази јавна поддршка за студентските собранија и им ја честиташе, како што велат, вчерашната победа, апелирајќи да се размислува за изнаоѓање на системско решение на субвенционираниот студентски оброк налик на применуваниот модел во европските земји. Од таму велат дека освен финансиската, важна улога мора да играат и нутритивната и економската димензија. „Понатаму, скорешните настани ја покажуваат важноста...

Дојави за поставени 50 бомби на повеќе локации во Белград

Бројни дојави за бомби се пријавени денес за повеќе важни објекти во српската метропола, Белград. Оваа информација ја потврди и српското Министерстви за внатрешни работи за Еуроњуз на српски јазик. Електронски пораки со заканувачка содржнина испратени од наводна „Азовска античетничка бригада“, во кои е наведено дека се поставени бомби на 12 локации низ Белград биле проследени и до неколку медиуми...

УСС УКИМ: Загрижени сме од гласините за можно враќање на онлајн наставата како решение за енергетската криза

Загриженост од гласините кои се шират деновиве во однос на можно враќање на онлајн наставата за студентите како едно од решенијата за справување со енергетската криза, искажа Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ). Од студентското собрание на УКИМ сметаат дека онлајн наставата не е единствено решение. Апел до надлежните упати и претседателот на УСС УКИМ,...

Славчо Темелковски: Квалитетот на студентите во Македонија е многу повисок од нашата позиција на светските листи [Интервју]

Студентите на најголемиот универзитет во земјава се соочуваат со низа предизвици, но пред да се премине кон решавање на проблемите, неопходно е да се зголеми довербата во Универзитетското студентско собрание кое ги претставува студентите во академската заедница, вели во интервју за „Мета.мк“ новиот претседател на УСС УКИМ, Славчо Темелковски. Во интервјуто, Темелковски ја претставува агендата на новиот состав на студентското...

Прв академски час во новата учебна година, студентите се враќаат во предавалните и амфитеатрите

По две и пол години претежно поминати дома во учење од далечина, студентите денеска се вратија во нивниот природен дом – амфитеатрите и предавалните на факултетите. Државните универзитети денеска го одржаа првиот академски час за новата генерација на студенти со што се означи почетокот на новата академска 2022/2023 година. „Ниту една од дигиталните алатки и платформи, без кои не можевме...

По УКИМ, и УКЛО ја намалува партиципацијата за студентите од еднородителски семејства

Студентите на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) чие родителско право го врши само еден родител од следната академска 2023/2024 година ќе плаќаат половина од износот на партиципација за прв циклус студии. Одлуката на Ректорскиот колегиум на битолскиот универзитет следува откако здружението Младите на „Една Може“ и студентскиот правобранител на УКЛО доставија барање до универзитетот за објава на интерен оглас...

МОН со повик до студентите да учествуваат во екстерната евалуација на универзитетите во земјава

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека со Агенцијата за квалитет во високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија. За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересираните студенти за учество во оваа постапка. Условите кои треба да ги исполнува секој апликант вклучуваат – студентот да е...

И годинава ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите илјада на Шангајската листа

Објавено е Академското рангирање на светските универзитети за 2022 година од страна на организацијата „ShaghaiRanking Consultancy“, познато како Шангајска листа. Меѓу најдобрите илјада универзитети и годинава не се најде ниту една македонска високообразовна установа. На врвот на листата и годинава доминираат универзитети од САД – како најдобар универзитет повторно е рангиран Унвиерзитетот Харвард на прво место, на второ место се...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...