fbpx
Таг: уништување

таг: уништување

„Би-Би-Си“ за Охридско Езеро: Балканскиот Галапагос е под закана

Заканата од уништување на Охридското Езеро со претерана урбанизација, се најде на страниците на јулското издание на едно од најчитаните печатени списанија за див свет „Би-Би-Си вајлдлајф магазин“ (BBC Wildlife Magazine). - Балканскиот Галапагос е под закана. Дом на уникатни видови риби и полжави, Охридското Езеро може да пресуши доколку се гради во неговото Студенчишко блато - пишува во списанието. Охридското...

Како ИД профитира: Артефактите од Палмира веќе се на продажба во Лондон!

Исламска држава (ИД) ги продава статуите, ликовите изработени во камен и фреските што интернационалните дилери на археолошки артефакти ги бараат, ги зема парите, ги предава реликвиите и потоа ги крева во воздух храмовите и градбите од каде потекнуваат за да ги прикрие доказите за тоа што е ограбено. Ова е одговорот што либанско-францускиот археолог Џоан Фарках (Joanne Farchakh) го дава...

Исламска држава објави фотографии од уништувањето на Палмира

Исламска држава (ИД) објави фотографии од, како што може да се види од нив, уништувањето на храмот Балшамин во античкиот град Палмира во Сирија, кој е на листата на УНЕСКО на светски културни богатства. На фотографиите кои циркулираат меѓу поддржувачите на џихадистичката група, можеле да се видат милитанти на ИД како поставуваат експлозив во храмот, а на една од фотографиите...

Во Русија ќе почне уништувањето на храната чијшто увоз е забранет

Во Русија денеска стапува на сила претседателскиот декрет за уништување на нелегално увезени прехранбени производи, за кои е воведено ембарго, како одговор на санкциите што Западот ги воведе кон Москва заради мешање во украинската криза. Документот кој претседателот на Русија, Владимир Путин, го потпиша на 29 јули, предвидува уништување на земјоделските производи, сирењето и на друга храна која е увезена од...

МВР: 600 парчиња оружје и повеќе од еден тон дрога уништени во „Југохром“

Околу 600 парчиња оружје и повеќе од еден тон разновидна дрога денеска беа уништени во погоните на фабриката „Југохром“ во Јагуновце, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во присуство на министерот за внатрешни работи и на членовите на комисијата задолжена за уништување на оружјето, кое се чуваше по институционалните депоа, во печките на „Југохром“ завршија вкупно 593 парчиња разновидно оружје. Поконкретно, по...

МВР денеска во Јагуновце ќе уништува запленети дрога и оружје

Министерството за внатрешни работи денеска во 12 часот во кругот на фабриката „Југохром фероалојс“, во селото Јагуновце, ќе спроведе јавно уништување на запленети дрога и оружје. „Акцијата традиционално се спроведува секоја година по повод 9 јули - Светскиот ден на борбата против мало и лесно оружје, а се уништува голем број запленето оружје и разни видови дрога кои потекнуваат од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...