fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Македонија ќе ѝ донира на Украина 12 хеликоптери, купуваме осум нови

Македонската влада подготвува нов пакет на воена помош за Украина, која повеќе од една година се бори против воената агресија на Русија врз сувереноста и независноста на оваа земја. На следната владина седница ќе се достави предлог за донесување на одлука за донација на 12 хеликоптери за Украина, најави министерката за одбрана Славјанка Петровска во синоќешното гостување во емисијата...

Најмалку девет цивили загинаа во најновите руски напади врз Украина

Русија изминатово деноноќие изврши нови напади врз Украина, во кои животот го загубија најмалку девет цивили во различни украински региони. Најмалку шест цивили загинаа, а пет лица се ранети како последица на руските воени дејствија во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Пет лица загинале во градот Константиновка при руски ракетен напад врз зграда, а едно лице го изгубило животот во...

Македонија ќе повика на одговорност за сите сторители на воени злосторства во Украина

Македонија повикува на одговорност за сите сторители на воени злосторства во Украина, е одговорот којшто денеска го даде министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето за тоа како нашата земја би постапила откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 17 март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воените злосторства извршени во Украина. Министерот Османи како...

Над 72.000 воени злосторства регистрирани од почетокот на руската агресија врз Украина

Украинскиот јавен обвинител Андриј Костин за време на неговата посета на Лондон изјави дека Јавното обвинителство на Украина регистрирало над 72.000 воени злосторства од почетокот на руската воена агресија врз Украина, јавува Укринформ. Костин уште еднаш повика на формирање Специјален трибунал за руските злосторства извршени во Украина. „Ова е одлучувачки чекор за градење на архитектурата на одговорност за меѓународните злосторства...

Зеленски ги посети војниците на фронтот кај Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги посети војниците на линијата на фронтот во Бахмут, каде што борбите беснеат со месеци. Уништениот град долго време беше фокусна точка на војната, додека руските сили се обидуваат да ја оживеат својата воена кампања на исток, пренесе Би-би-си. Неговата посета дојде кога руските сили започнаа серија напади врз украинските градови, во кои најмалку осум...

Три лица загинаа во ноќните напади со дронови врз регионот на Кијив

Три лица загинаа, а седум други се ранети во нападите на руски беспилотни летала во текот на ноќта врз регионот на Кијив, соопштија украинските власти, пренесе Ројтерс. Регионалната воена управа на Кијив на својот канал Телеграм објави дека е оштетен „цивилен објект“ и дека спасувачите сè уште работат на местото на настанот. Официјални лица рекоа дека повеќе од 100 работници и...

Во експлозии на полуостровот Крим уништени руски ракети

Руски ракети кои биле транспортирани со воз на полуостровот Крим се уништени во експлозии, информираше Министерството за одбрана на Украина. Нападот се случил во близина на градот Џанкој, а градоначалникот инсталиран од руските сили тврди дека областа била нападната со беспилотни летала, пишува Би-би-си. „Експлозиите го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат украинскиот полуостров Крим за деокупација“,...

Кинескиот претседател во Москва, додека во Украина беснее војната

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг денеска е во посета на Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, која доаѓа само неколку дена откако Меѓународниот кривичен суд од Хаг го објави налогот за апсење на рускиот претседател поради основани сомневања за воени злосторства сторени во Украина, пишува Гардијан. Си Ѓинпинг пристигна во понеделник напладне. Тој рече дека Кина и Русија се...

Путин се појави во Мариупол два дена откако Меѓународниот кривичен суд побара негово апсење

Рускиот претседател Владимир Путин го посетил украинскиот град Мариупол, окупиран од Русија, само два дена откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење. Путин отпатувал во Мариупол со хеликоптер и ги обиколил разрушените населби на градот со автомобил, се вели во соопштението на Кремљ објавено денеска, јавува CNN. Според информации од соопштението, Путин застанал да разговара со жителите во...

Издаден налог за апсење на Путин поради наводи за воени злосторства

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Судот тврди дека тој е одговорен за воени злосторства и ги фокусирал своите тврдења на незаконско депортирање на деца од Украина во Русија, пренесе Би-би-си. Се вели дека злосторствата биле извршени во Украина од 24 февруари 2022 година - кога Русија ја започна својата целосна инвазија. Москва ги...

Полска ќе даде четири авиона МиГ-29 на Украина, остатокот од НАТО срамежлив

Откако претседателот на Полска, Анджеј Дуда вчера соопшти дека во следниве денови неговата земја на Украина ќе ѝ подари десетина борбени авиони, од кои четири МиГ-29 ќе бидат испорачани следниве денови, западните земји, во прв ред, САД и Германија, немаат такви планови, но тоа сепак става морален притисок врз нив, пишува британскиот весник „Гардијан“. Данскиот премиер Мете Фредериксен за данска...

Британски воен советник: Руските сили имаат до 30.000 жртви во борбите за Бахмут

Руските сили од мај минатата година во борбите за освојување на градот Бахмут во Донецкиот регион имале помеѓу 20.000 и 30.000 загинати и повредени војници, пренесува Укринформ. Ова го изјави Јан Стабс, висок воен советник во британската делегација во ОБСЕ, кој вчера зборуваше на Форумот за безбедносна соработка во Виена. „Во текот на изминатата недела, видовме интензивна борба додека Русија...

[Интервју] Данила: Дезинформациските кампањи во Романија често се насочени против бегалците од Украина

Додека дезинформациски кампањи ја преплавија Средна и Источна Европа, граѓанските организации се во првите редови на иницијативите за справување со овој предизвик. Мета.мк разговараше со Ина Данила, раководителка на проект во Funky Citizens, романска организација за проверка на факти и за отпорност кон дезинформации, во врска со тековната ситуација во Романија во регионален контекст.  Дезинформациите се закана за демократските општества во...

Низа обвинувања по соборувањето на американски дрон од Русија над Црно Море

Американските власти ја обвинија Русија дека мора да го почитува меѓународниот воздушен простор откако дрон на војската на САД се урна во Црното Море кој претходно бил намерно оштетен од руски воени авиони, пишува Би-би-си. Според тврдењата на американската војска, пред дронот летал авион „Сухој-27“ и намерно исфрлил гориво, по што се судрил со дронот што предизвикало оштетување на...

Меѓународниот кривичен суд ги отвора првите случаи за злосторства од руски војници

Меѓународниот кривичен суд ќе ги издаде првите налози за апсење поврзани со два случаи отворени за воени злосторства извршени во Украина, пишува Гардијан. Станува збор за случаи за киднапирање на украински деца и таргетирање на цивилна инфраструктура во војната од страна на руски граѓани. Весникот „Њујорк тајмс“ и „Ројтерс“ објавија дека обвинителот Карим Кан ќе побара од судиите на претходна...

Борбите во Бахмут се интензивираат, бројот на загинати војници расте

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање изјави дека изминативе денови биле убиени над 1.000 руски војници, додека 1.500 биле ранети, пренесува весникот Гардијан. Тој изјави дека почнувајќи од 6 март, украинските сили успеале да убијат повеќе од 1.100 непријателски војници само во секторот Бахмут. Овие податоци не можат да се проверат од независни извори. Сепак, последните податоци на британското...

Украинските вооружени сили одвратиле 92 руски напади вчера

Вкупно 92 руски напади се одвратени во пет области во Украина вчера, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина во својот утрински брифинг, пренесува британски „Гардијан“. Руските сили ги концентрираат своите напори на офанзиви кон Бахмут, Лиман, Авдиивка, Мариинка и Шахтарска, во областа Донецк. Во текот на изминатите 24 часа, руските сили лансирале пет ракети врз градот Запорижја, а извршиле и...

Бројот на загинати од вчерашните руски воздушни напади се искачи на 11

Во руските воздушни напади што се случија вчера во Украина загинаа најмалку 11 лица, објави британското Министерство за одбрана. Украинските власти соопштија дека 81 проектил бил истрелан од руските сили кон десетина украински региони во западна, централна, јужна и источна Украина, пренесува Гардијан. Најголем дел од жртвите, шест загинати лица, се од регионот Лвив во западниот дел на земјата....

Фридом Хаус: Руската агресија е најголемата закана за владите ширум светот

Драматичното намалување на политичките права и граѓанските слободи во текот на 2022 година беше поттикнато од директни напади врз демократските институции, без разлика дали станува збор за странски воени сили или за актуелни функционери. Војната и државните удари постојано претставуваа егзистенцијална закана за избраните влади ширум светот. Ова се вели во најновиот глобален извештај „Слободата во светот 2023“ на Фридом...

Руски воздушни напади во Украина, најмалку шест загинати цивили

Русија изврши нови воздушни напади врз Украина, во кои најмалку пет цивили го загубија животот, пренесува Би-би-си. Цивилните жртви се од градот Лвив во западна Украина, каде руска ракета погодила дом, напиша гувернерот на регионот Лвив, Максим Козицки. Во регионот Днипропетровск најмалку едно лице загинало, а две се повредени по руските ракетни напади во кои биле користени камиказе-дронови и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...