fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Зеленски: Кијив користи проектили со долг дострел обезбедени од САД

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека Кијив користел проектили со долг дострел на армијата за тактички ракетни системи (Аtacms) обезбедени од САД. „Денеска, посебна благодарност до Соединетите држави“, рече тој. Како што пренесува „Гардијан“, тој информирал дека договорите со американскиот претседател Џо Бајден се спроведуваат. Употребата на проектили од американската армија, ја означува првата официјално потврдена употреба во Украина, кои може...

Кулеба: На Алијансата за оружје за Украина се приклучија 59 компании од 23 земји

На Алијансата на одбранбената индустрија, формирана во рамките на Првиот форум на одбранбената индустрија што се одржа во Кијив, досега се приклучиле 59 компании од 23 земји, соопшти денеска украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба. Како што извести украинската државна новинска агенција Ukrinform.net, Алијансата заеднички ќе произведува оружје за Украина. Според Кулеба, Украина ја предвидела можноста да се дојде...

Русија не сопира со агресијата, истрелани ракети и дронови кон Украина

Руската воена агресија врз Украина продолжи и изминатово деноноќие, при што во изминатава ноќ се истрелани пет ракети и 12 камикази-дронови, објавија украинските воздушни сили, пренесува весникот Гардијан.  Противвоздушната одбрана на Украина соборила две руски ракети, кои таргетирале цели во северните и источните делови на Украина. Дроновите биле лансирани на различни локации, со фокус на западниот дел на Украина. Гувернерот на...

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов. Ама тоа не значи дека случувањата таму се помалку или повеќе важни од руската инвазија...

Путин: Украинската офанзива целосно пропадна

Руската армија ги подобрува своите позиции на фронтот во Украина, вклучително и околу источниот град Авдијевка, кој беше цел на неколкудневни опсежни напади, рече претседателот Владимир Путин, и додаде дека украинската контраофанзива „целосно пропаднала“. „Нашите војници ги подобруваат своите позиции во целата таа прилично голема област“, ​​рече Путин во интервју за телевизискиот канал Русија-1, чии извадоци денеска на Телеграм ги...

Русија може да ја искористи Белорусија за да ја ескалира воената агресија врз Украина

Русија може повторно да се обиде да ја искористи Белорусија во секој момент за да ја ескалира својата агресија против Украина. Ова го изјави портпаролот на Украинската државна гранична служба Андриј Демченко на националната телевизија, јави Укринформ. Тој истакна дека сега е неопходно да се има силна одбрана за да се одвратат какви било активности, доколку евентуално ги има. Според...

Манипулација со настапот на холандската министерка за одбрана на форумот за безбедност во Варшава

Наспроти тврдењето во објавата, кога ќе се слушне оригиналната изјава на министерката за одбрана на Холандија, Касја Олонгрен дадена на форумот за безбедност во Варшава, станува јасно дека таа не зборува за поттикнување на војната, туку продолжување на поддршката на Украина која се соочува со територијалните претензии на Русија и на режимот на Путин. Невистинито е и тврдењето во...

Шефот на украинското разузнавање: Можна е руска вмешаност во нападот на Хамас

Напредните тактики на Хамас во користењето дронови при напад на борбени возила мора да е резултат на руска обука, тврди во интервју за „Украинска правда“ шефот на украинското воено разузнавање, Кирило Буданов. Насловот на вчерашното интервју со Буданов е драматичен: „Брзо се приближуваме до глобална војна“. Иако Буданов не тврди дека постојат јасни знаци за директна руска вмешаност во нападот...

Тројца убиени во руски напад на Доњецк, меѓу нив и 11-годишно дете

Двајца цивили, меѓу кои и едно дете, загинаа во руско гранатирање на украинскиот регион Доњецк. Како што пренесува Укринформ, бројката на жртви не е конечна бидејќи во моментов е невозможно да се утврдат жртвите во Мариупол и Валноваха. Руските сили вчера извршиле ракетни напади врз селото Бахатир во областа Валноваха. Загинало 11-годишно момче, а повредени биле и неговиот шестгодишен брат...

Не е вистина дека Олена Зеленска потрошила 1,1 милиони долари на Картие накит во Њујорк

Не постои веродостојно сценарио кое ќе ја смести Зеленска некаде во близина на „Картие“ на Петтата авенија во Њујорк, на 22 септември 2023 година, датумот прикажан на фактурата прикачена на објавата. Таа и нејзиниот сопруг веќе го напуштија Њујорк вечерта на 20 септември, по што заминаа во Вашингтон каде што беа на 21 септември, а вечерта целосно ги напуштија...

Русија ги засилува нападите врз украинската инфраструктура

Во текот на изминатото деноноќие областа на пристаништето Одеса повторно била цел на напади со беспилотни летала од страна на Русија. Украина претходно тврдеше дека соборила 28 дронови лансирани од Русија во текот на ноќта, но не и останатите пет кои стигнале до целта. Украинската телевизија „Суспилне“ известува дека оштетени се приватни куќи и магацини, дека имало пожари во...

Зеленски во ненајавена посета во седиштето на НАТО Алијансата во Брисел

Во време кога НАТО сојузниците се под сѐ поголем притисок да испратат оружје за да ја зајакнат борбата на Израел со терористичката организација Хаманс, претседателот на Украина Володимир Зеленски, за прв пат се приклучи на состанокот на повеќе од 50 министри за одбрана од целиот свет, при што аплираше за поголема воена помош за Украина, објави Асошиејтед прес.   Неговото...

Бугарскиот премиер: Нема сомнеж дека конфликтот во Израел е поврзан со војната во Украина

Бугарскиот премиер Николај Денков денеска изјави дека има акција од Русија за дестабилизација на светот, додека ризикот за ескалација на воената напнатост е многу сериозен, пренесува mediapool.bg.  „Нема никаков сомнеж дека конфликтот во Израел е поврзан со Украина, со тоа, што гледаме сериозни државни удари во Африка. Тоа е начин за да се извлече од фокусот на светот нападот на...

НАТО не е најголемата закана за светот и не е причина за војната во Украина

Станува збор за повторувачки про-Кремљ дезинформациски наратив за војната во Украина. Од почетокот на воената инвазија Русија излегува со различни лажни објаснувања и изговори за својата агресија. Во објавата е монтиран дел од цитатот на генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, преземен од неговиот говор на заедничкиот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој се одржа на...

Украинските сили одбиле повеќе од 30 руски напади

Украинските одбранбени сили во последните 24 часа одбиле 30 напади од руските сили во шест сектори на фронтот, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Украинските сили продолжуваат со дефанзивни операции на истокот и на југот на Украина, како и со офанзивни дејствија во секторите Мелитопол и Бахмут, при што полека го уништуваат непријателот...

Нема докази дека Лојд Остин барал руската војска да не ги лови тенковите „Абрамс“

Не постои ваква изјава од Лојд Остин на ниту еден медиум. Наводната изјава ја има на форумот Редит, но под неа е забрането да се коментира од страна на администраторот, затоа што не постои извор за истата, односно сомнежите на заедницата на Редит се дека станува збор за невистинита, измислена изјава, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

(РЕПОРТАЖА): И воздухот во Молдавија како да трепери од неизвесноста на руската агресија врз Украина

Стара, трошна зграда ги пречекува патниците кои слетале на аеродромот во Кишињев. По големината и уреденоста, неодоливо потсетува на старата зграда на скопскиот аеродром. Веднаш по влезот во малиот објект, следи невообичаена пасошка контрола. На контролниот пункт двајца гранични полицајци, над кои стражари трето лице во цивилна облека. До пултот каде што тие ги прегледуваат пасошите, стојат двајца до...

Објава манипулира со непостоечки „душмански напад“ врз православието

Ниту Македонија, ниту Русија, ниту Србија не се нападнати, како што дезинформираа оваа објава на фејсбук. Русија ја нападна Украина, Македонија има спор со Бугарија, а Србија проблем со Косово. Трите состојби во трите држави се засебни, конкретни и не може да се влече паралела дека некој однадвор ги инструира или ги предизвикува тие состојби, особено не за да...

Деветмесечно бебе и неговата мајка меѓу повредените во руските напади врз Херсон

Четири лица, меѓу кои и деветгодишно девојче, се повредени во рускиот ракетен напад врз областа Константинивка во украинскиот регион Донецк што се случи утрово, објави украинската државна новинска агенција „Укринформ“. Руските напаѓачи лансирале крстосувачка ракета „Искандер“ околу 6 часот и 25 минути утрово, при што мета била станбена зграда. Во експлозијата биле повредени четири лица – 9-годишното девојче, нејзината 44-годишна...

Во нов руски напад загина десетгодишно момче, a 20 луѓе се повредени

Десетгодишно момче е убиено, а повеќе од 20 луѓе се ранети по руски ракетен напад врз станбен блок во центарот на Харков, соопштија украинските власти, а пренесе Гардијан. Нападот се случил во густо населеното централно подрачје на градот, во 6.46 часот утринава. Спасувачите го пронашле телото на момчето под урнатини. Два проектили „Искандер“ погодија станбена зграда, а овој чин...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...