fbpx
Таг: Украина Русија

таг: Украина Русија

Поради загубите во Украина, Русија сака да си откупи хеликоптерски мотори од партнерските земји

Русија се потрудила да си обезбеди делови од воени системи што претходно ги извезла во земји како Пакистан, Египет, Белорусија и Бразил, во обид да ги надополни своите одбранбени капацитети, за да ги надополни оружјата што ги користи за војната во Украина, пишува „Вол Стрит Џурнал“, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Според написот, Русија изминатава година преговарала со Египет,...

Манипулација за минимизирање на украинските жртви од руската агресија

Објавата прави манипулација, изнесувајќи погрешни информации со цел да се занемари руската агресија во Украина и украинските цивилни жртви. Уште пострашно е што се прави некаква споредба со загинати деца и што се прави обид за минимизирање на детските жртви во Украина, пишувајќи со потценување дека во Мариупол загинало само едно дете кое било сирак. Убивањето невини деца како...

Патрушев: Зголемен ризикот од употреба нуклеарно, хемиско или биолошко оружје

Секретарот на рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, вчера изјави дека „деструктивната“ политика на САД и нивните сојузници го зголемува ризикот од употреба на нуклеарно, хемиско или биолошко оружје во војната, пренесува „Гардијан“. Државната новинска агенција „Тас“ го цитира Патрушев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, кој вели дека влошувањето на глобалната безбедност е природна последица на деструктивната политика...

Близок советник на командантот на украинската војска убиен од граната на негов роденден

Еден од најблиските советници на врховниот командант на украинската армија е убиен откако експлодирала граната на неговиот роденден. Гранатата била спакувана меѓу еден од неговите роденденски подароци и експлодирала во моментот на негово присуство на роденденот, јавува Гардијан. „Под трагични околности, мојот помошник и близок пријател, Генадиј Частиаков, беше убиен... на неговиот роденден“, објави на Телеграм генералот Валериј Залужни. Смртта на...

Зеленски не е оставен сам да се снаоѓа, а „смарт-мобилизација“ е пилот проект во најава

Наспроти изнесеното во објавата дека Зеленски е напуштен и оставен самиот да се снаоѓа. САД на 26 октомври испрати пакет со воена помош од 150 милиони долари за Украина, а Европската комисија исплати 1.5 милијарди евра од пакетот за макрофинансиска помош за Украина. Онлајн мобилизацијата е пилот програма, со која на Украинците ќе им се овозможи зависно од нивните...

Најмалку 19 лица загинаа откако Русија нападна воена церемонија за доделување медали во Украина

Русија изврши ракетен напад врз воена церемонија на доделување медали на украински војници во регионот Запорижја, при што најмалку 19 војници загинаа, јавува Укринформ. Украинското раководство веднаш најави истрага за случајот, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот напад врз церемонијата е „трагедија која можела да се избегне“. Украинскиот министер за одбрана веднаш отвори истрага за воените офицери, кои...

Извозот на украинско жито паднал за речиси една третина во споредба со лани

Извозот на жито во Украина е намален за речиси една третина во споредба со минатата година, покажуваат податоците на украинското Министерство за земјоделство, а пренесува Гардијан. Бројките покажуваат дека извозот паднал на 9,8 милиони тони досега во маркетиншката сезона 2023-2024 јули-јуни. Министерството соопшти дека до овој момент минатата година Украина извезла 14,3 милиони тони жито. Обемот извезен оваа сезона вклучува 4,9...

Украинскиот министер за одбрана издаде наредба за целосна истрага за рускиот напад за време на доделување признанија

Украинскиот министер за одбрана издаде наредба за истрага за наводниот руски балистички ракетен напад врз украинската јуришна бригада, по извештаите дека повеќе од 20 војници биле убиени за време на церемонија за доделување признанија, објави Ројтерс. „Моето сочувство до семејствата на загинатите војници од 128-та одделна планинска нападна Задкарпатска бригада“, напиша на социјалните мрежи украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров,...

Фон дер Лајен во посета на Киев, ќе се разговара за пристапниот пат на Украина во ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев за да разговара за проширувањето на Европската унија (ЕУ) со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави таа на платформата „X“, поранешен Твитер. „Тука сум да разговарам за пристапниот пат на Украина во ЕУ“, рече таа додавајќи дека ќе разговараат и за финансиската поддршка на ЕУ за обнова на Украина. Good...

Зеленски не спроведува ,,екстремистички режим на етничко чистење и геноцид”

Украина е република со претседателско-парламентарен систем на владеење, што е дефинирано со Уставот од 1996 година. Непосредно пред Русија да ја нападне Украина во февруари 2022 година, Москва лажно ја обвинуваше Украина за геноцид на граѓаните што зборуваат руски јазик во регионот Донбас. Путин го користеше овој наратив  за да ја оправда инвазијата врз Украина, но нема докази за...

Русија со нов напад со дронови врз Украина, Зеленски вети жестока реакција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на масовниот руски напад на територијата на Украина, кој се случи изминатата вечер, пренесува Укринформ. Шефот на државата на Телеграм соопшти дека Русија лансирала околу 40 дронови, а повеќе од половината биле соборени од украинските воздухопловни сили, јавува дописникот на Укринформ. „Бранителите на небото“ работеа во 10 региони - Харкив, Запорижја, Херсон, Николаев, Одеса, Кијив, Кировохрад,...

Со дезинформации од руска кујна за војните во Украина и Израел, се оцрнува Америка

Украинските власти го отфрлија тврдењето дека нивната земја го вооружува Хамас. Агенцијата за воено разузнавање на Украина во понеделникот (09.10.2023) постираше на својата официјална Фејсбук страница обвинувања дека Русија лансира дезинформациска кампања околу овие тврдења. САД продолжуваат да ја поддржуваат Украина во нивната контраофанзива, но и во спроведувањето на сите воени дејствија, што може да се види и од...

Украинскиот генерал Залужни: Војната е во ќорсокак, длабок и брз пробив нема да има

Главниот командант на украинските вооружени сили, генералот Валери Залужни вели дека војната во Украина е во ќорсокак и најверојатно нема да има длабок и брз пробив на руската одбрана од страна на украинските сили, изјави тој за Економист. Тој ја споредува состојбата со Првата светска војна, додавајќи дека двете страни достигнале одредено ниво на технологија, а за да се...

Дезинформациите околу Израел ги поклопуваат дезинфо наративите за Украина

Откако во февруари 2022 година почна засилената проруска пропаганда преку десетина наративи, врз кои се пласираа специфични дезинформации околу агресијата во Украина, како и по периодичните дезинформации што можат да се прочитаат за случувањата во Косово, за првпат се регистрираат дезинформациски наративи и за војната во Израел, делумно кај медиумите, но уште повеќе на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во...

Најмногу руски напади врз Украина во изминативе 24 часа од почетокот на годината

Руските сили нападнале повеќе од 100 локации во Украина во изминативе 24 часа, што претставува најголем број на руски напади во еден ден од почетокот на годинава. Нападите резултирале со смртни случаи и повредени лица. „Во текот на денот непријателот гранатираше 118 населени места во 10 региони. Ова е најголемиот број погодени градови и села од почетокот на годината“, објави...

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ја ослабне поддршката за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека војната на Блискиот Исток не смее да ја ослабне поддршката за Украина и ја нагласи потребата да ѝ се обезбеди повеќе оружје на земјата во борбата против Русија. Нема знаци дека Русија планира мир, напротив, планираат уште војна, рече Столтенберг на 75-от Нордиски совет во Осло, Норвешка, а пренесе Укринформ. „Војната во Газа...

Германскиот министер за одбрана: Мора да бидеме спремни за одбранбена војна во Европа

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус повторно предупреди од опасноста за војна во Европа. Руската агресија врз Украина ја постави Германија пред нова реалност од која се одвикна уште пред 30 години, изјави вчера Писториус за радиото Дојчландфунк, пренесува германската новинска агенција ДПА.  „Ние психички за тоа не сме подготвени“, изјави министерот говорејќи за можниот напад од странски агресор. Но,...

Руските сили обвинети за два нови масакра врз цивилно население во Украина

Канцеларијата за човекови права на ОН денеска соопшти дека има „сериозна основа“ да заклучи дека ракетниот напад што уби 59 лица во угостителски објект во селото Хроза, во регионот Харкив во Украина на 5 октомври бил извршен од руските сили, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net. Лиз Тросел, портпарол на Високиот комесар за човекови права на ООН пред новинарите во...

Украина не го забрани православието и Зеленски не му подарил на Папата икона без Исус, туку уметничка слика

Украина не го забранила православието, а уште помалку станала „сатанистичка и води отворена војна против Бога,“ како што тврди оваа објава. Исто така, Зеленски не му подарил на Папата Франциск икона без ликот на Исус, туку станува збор за слика која не алудира на ништо сатанистичко, таа има симболика и е посветена на детските жртви од страшната војна во...

Шојгу: Москва е подготвена за решавање на украинската криза, но условите не се исполнети

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, зборувајќи на форумот за одбрана во Пекинг, кажа дека Москва е подготвена за разговори за постконфликтно решавање на украинската криза и за понатамошен „соживот“ со западот, но дека западните земји треба да престанат да бараат стратешки пораз на Русија. Како што пренесе „Гардијан“, условите за разговори сè уште не биле исполнети. Тој го обвини...