fbpx
Таг: УКИМ

таг: УКИМ

ФОТО-ВЕСТ: Како изгледа првиот Студентски културен центар во земјава?

Студентите на најголемиот универзитет во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје утре ќе го добијат својот нов простор каде ќе можат да се дружат, работат, учат и да се забавуваат. Викендов се отвора Студентскиот културен центар (СКЦ), прв од ваков вид во државата, кој се наоѓа во палатата „Кузман“ веднаш до студентскиот дом „Кузман Јосифовски -...

ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе продолжат да се градат годинава, но не во барокен стил

Повеќе од единаесет години по основањето, најголемиот факултет во државата никако да добие свој сопствен објект. Бројот на студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) од година в година се зголемува, а „туѓите“ простории што ги користи институцијата и за кои плаќа кирија, стануваат премали за да ги задоволат потребите. Тесно е и на Факултетот за...

УКИМ рангиран на 657 место на листата на „SCImago“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е рангиран на 657 место меѓу 4.364 универзитети на „SCImago Institution Rankings“ листата за 2022 година, објавена на почетокот на годинава. Оваа позиција УКИМ ја дели заедно со уште 19 други универзитети од светот. Ранг-листата ги класифицира академските институции кои се занимаваат со истражување, рангирани според индикатор кој комбинира анализи на резултати од истражувањата,...

Отворена Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ во чест на Ацо Шопов

Денес, Македонија е во светот, а светот во Македонија. Развојот на странската македонистика веќе се одвива по цврсто утврдена патека на која има јасни патокази за развојот и во времето што следи. Стиховите на великанот Ацо Шопов добиваат и нови значења и толкувања преку посветеноста на македонскиот јазик, литература и култура од страна на странските македонисти – ова се...

Законот за социјална заштита и понатаму ги спречува дипломираните семејнолози да се вработат во државни институции

Дипломираните студенти семејнолози на Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје и понатаму не можат да се вработат во јавните установи за социјална заштита. За разлика од нивните колеги – психолози, педагози, логопеди и воспитувачи, профилот семејнолог отсуствува во Законот за социјална заштита каде што се предвидени категориите на работни места на вработените во државните институции. Факултетот...

По речиси 15 години, УКИМ отвора нови лекторати по македонски јазик во светот

УКИМ
Со заложби на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) е засилено присуството на македонистиката на универзитетските центри во светот – за првпат по близу 15 години се отвораат нови лекторати по македонски јазик, соопштија од овој универзитет. Оттаму велат дека заложбите на УКИМ за изучување на македонскиот јазик на странските универзитети остварени во изминатите неколку години преку Меѓународниот семинар за...

Вработените на УКИМ ќе добијат значително повисоки плати, соопшти Сојузот на синдикати

УКИМ
Собранието на РСМ, односно претседателот Талат Џафери и претседателот на Сојузот на синдикати проф. д-р Ангел Ристов денеска потпишаа колективен договор со кој во 2024 и во 2025 година сите вработени на најстариот универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, ќе добијат значително повисоки плати. Како што за Мета.мк вели проф. Ристов, се чека одлуката за колективниот договор да...

Зградите на ФИНКИ и ФФОСЗ ќе продолжат да се градат догодина, ќе почне и реконструкцијата на државните студентски домови

Изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ) ќе продолжи догодина, информираше денеска министерот за образование Јетон Шаќири на прес-конференцијата на која беше образложен буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) за 2023 година. Зградите на овие две високообразовни установи во рамки на Универзитетот „Св....

Професор Кочов: Ни треба нов ЗВО во кој студентите и научните истражувања поддржани од ЕУ ќе ни бидат приоритет

Во академските кругови сè повеќе се зборува за најавените измени на Законот за високо образование (ЗВО), кои универзитетски професори допрва ќе треба да ги подготвуваат. Изминатиов период има и поединечни реакции од професори дека процесот е нетранспарентен и дека законот се крои зад затворени врати. За тоа што сè е потребно да се менува, во ова интервју за Мета.мк...

Постоловска: Студентите се плашат дека не ја поседуваат силата да им пркосат на авторитетите кои ги угнетуваат

Академската заедница на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје е сè уште мошне незрела кога се работи за почитување на правата меѓу студентите и раководните органи. Истовремено, студентите не ги пријавуваат повредите на нивните права додека се на факултет поради тоа што, неретко, не ги препознаваат таквите повреди, а и оние што ги воочуваат не се осмелуваат...

Студентите на УКИМ организираат журка за реновирање на студентските домови

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) утре организира хуманитарна забава на која собраните средства ќе бидат наменети за реновирање на дел од објектите во студентските домови. Од ова студентско собрание за Мета.мк велат дека забавата има за цел директно да помогне во подобрувањето на условите во студентските домови. Една од опциите за искористување на собраните средства...

Инженерски натпревар во две категории за студентите на УКИМ

Организацијата БЕСТ Скопје го најавува Инженерскиот натпревар – ИН 2022, преку кој студентите на УКИМ ќе може да ја покажат својата иновативност и креативност со решавање на реални проблеми и да се стекнат со нови вештини за подобрување на логичкото размислување. Натпреварот ќе се одржи во периодот од 12 до 19 декември и е поделен во две категории – Студија...

Нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на престижниот Анкарски универзитет

Постигнат е успех од историско значење за македонистиката. Започнуваат со работа нова македонистичка катедра и нов лекторат по македонски јазик на странски универзитет – на престижниот Анкарски универзитет во Турција, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Како што е наведено, со новоотворената катедра и лекторатот по македонски јазик, започнува нова...

„Шорткат“ на Фестивалот на инклузијата во Скопје

Во понеделникот во Скопје се одржа фестивал на инклузија, каде граѓаните имаа можност да се запознаат со креативноста на лицата со попреченост. Нашите впечатоци од фестивалот ги пренесуваме во новото издание на вестите за млади „Шорткат“. Во новата епизода на „Шорткат“ информираме и за невработеноста која останува главен проблем за младите, за можноста за враќање на онлајн наставата, како и...

Викторија Постоловска е нов студентски правобранител на УКИМ

УКИМ
Студентката Викторија Постоловска од Филолошкиот факултет при УКИМ е избрана за нов студентски правобранител на овој универзитет, соопштија од Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ). Постоловска е студентка во четврта година на студиската програма англиски јазик и книжевност. Новиот студентски правобранител вели дека е спремна да се спротивстави на секаков обид за угнетување на студентските права. „Причината позади мојата кандидатура за студентски...

Славчо Темелковски: Квалитетот на студентите во Македонија е многу повисок од нашата позиција на светските листи [Интервју]

Студентите на најголемиот универзитет во земјава се соочуваат со низа предизвици, но пред да се премине кон решавање на проблемите, неопходно е да се зголеми довербата во Универзитетското студентско собрание кое ги претставува студентите во академската заедница, вели во интервју за „Мета.мк“ новиот претседател на УСС УКИМ, Славчо Темелковски. Во интервјуто, Темелковски ја претставува агендата на новиот состав на студентското...

По три години се враќа познатата Бруцошка забава на ФЕИТ

Во петок, во организација на Студентското собрание на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), по 21 пат ќе се одржи традиционалната бруцошка забава. На овој голем културен студентски настан, или како што студентите го нарекуваат, еднодневен фестивал, се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 посетители. Бруцошката забава на ФЕИТ се враќа откако нејзината организација претходните две години изостана поради...

Контраспин: Платите се ниски, а проблемот не е до (авто) реорганизацијата на УКИМ

Огромни промени одамна се потребни севкупно во високото образование. Дури и пред времињата кога владите предводени од експремиерот Никола Груевски започнаа со експериментирањето со високото образование, кога се отвораа факултети ширум државата без услови за изведување настава и без потребен број професорски кадар. Затоа, покачувањата на платите, досега и во иднина, малку ќе решат, исто како што нема да...

Прв академски час во новата учебна година, студентите се враќаат во предавалните и амфитеатрите

По две и пол години претежно поминати дома во учење од далечина, студентите денеска се вратија во нивниот природен дом – амфитеатрите и предавалните на факултетите. Државните универзитети денеска го одржаа првиот академски час за новата генерација на студенти со што се означи почетокот на новата академска 2022/2023 година. „Ниту една од дигиталните алатки и платформи, без кои не можевме...

Славчо Темелковски е новиот претседател на Универзитетското собрание при УКИМ

Славчо Темелковски е новиот претседател на Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје (УКИМ). Од Универзитетското собрание вчера информираа дека делегатите преку фер и демократски избори го избрале новиот претседател и со тоа почнува со работа третиот мандатен состав на собранието. Претходен претседател на УСС беше Ева Цветковска чиј мандат истече уште пред неколку месеци. Цветковска...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...