Таг: УКИМ
таг: УКИМ
УКИМ ја прифати средбата со МОН на 10 февруари
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја прифати поканата за средба со Министерството за образвание и наука на 10 февруари.
„Ве известуваме дека го прифаќаме предлогот средбата да се одржи на 10 февруари. Местото и терминот за средбата ќе бидат дополнително договорени“, пишува во дописот од ректорот Велимир Стојковски до министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.
МОН вчера предложи средба на 10...
МОН иницира средба со УКИМ на 10 февруари
Министерството за образование и наука го прифати предлогот на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за сеопфатна, стручна и за темелна анализа, од која ќе произлезат предлози за реформи и за подобрувања во високото образование. Од МОН предлагаат средбата со претставници на УКИМ да се одржи на 10 февруари.
„Имајќи предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како...
УКИМ побара, а МОН прифати пилот-проект за државен испит
Ректорската управа на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска, по вонредната седница, испратила писмо до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и до министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, во кое се бара од Собранието да има пилот-проект за државниот испит.
„Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како главен носител на високото образование во Република Македонија, ќе го поддржи...
Четворица поранешни ректори на УКИМ бараат одложување на измените на Законот за високо образование
Oдложување на донесувањето на измените во Законот за високо образование побараа четворица поранешни ректори на УКИМ.
Во нивното писмо стои:
„Ние, бивши ректори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – академик Ѓорѓи Филиповски, Драги Данев, Александар Анчевски и Ѓорѓи Мартиновски, во врска со постапката за донесување измени во Законот за високо образование, за целокупната јавност, ја даваме следнава изјава:
1....
Адеми му пиша на ректорот: Еве, вака ќе изгледа државниот испит
„Мета“ дојде до документ испратен од Министерството за образование и наука, потпишан од министерот Абдилаќим Адеми, до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, на 5 декември, во кој е објаснет моделот на државниот испит за студентите и начинот на кој ќе се спроведува.
Во документот се вели дека испитот ќе биде составен од пет прашања од секој...
В понеделник, петта студентска средба на платото пред УКИМ
„Студентски пленум“ за утре (понеделник) ја најави петтата студентска средба, прва по протестниот марш.
„Понесете си топла зимска облека и топли пијалаци и в понеделник, во 18 часот, бујрум на платото на УКИМ. Донесете ги и своите идеи за идни активности на пленумот“, стои во повикот.
Конференција за напредокот и за предизвиците на високото правно образование
„Достигнувања, напредок и предизвици за високото правно образование во Југоисточна Европа“ е името на конференцијата што денеска ќе се одржи во ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Станува збор за завршна конференција на проектот за поддршка на Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа (SEELS) финансиран од Владата на Сојузна Република Германија, имплементиран од Германското друштво за интернационална...
УКИМ и „Нова“ ќе потпишат меморандум за соработка
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународните училишта „Нова“ денеска ќе потпишат меморандум за соработка.
Со потпишувањето на овој меморандум се предвидува да почне соработката преку организација на настава по кинески јазик во училиштето „Нова“, а со тоа кинескиот јазик ќе се придружи на францускиот, италијанскиот, германскиот и на шпанскиот, коишто моментно се изучуваат како странски јазици во...
„Студентски пленум“ в среда пред платото на УКИМ
Студентската иницијатива „Студентски пленум“ на својата фејсбук-страница објави дека четвртиот по ред собир на студентите ќе се одржи в среда, точно напладне, пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј, пренесува „Радио МОФ“.
Студентите почнаа да организираат собири пред повеќе од две недели по најавите од Министерството за образование за воведување на екстерно тестирање во високото образование.
Ставот на „Студентски пленум“...
„Студентски пленум“ ги повика студените на собир пред ректорот на УКИМ
„Студентски пленум“, студентска иницијатива за одбрана на правата на студентите, денеска ги повика студентите на собир пред Ректоратот на УКИМ.
Како што информираа, целта на собирот е да се направи притисок за прашањето за екстерното тестирање да се најде на дневниот ред на заседанието на Сенатот на УКИМ и да се заземе став.