среда, 20 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: училиште | 161 резултати

Основното образование губи по околу 1.000 ученици годишно

мај 16, 2023

За само една учебна година, бројот на ученици во основното образование се намалил за 1.015, а бројот на средношколци за дури 1.798, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 184.910, што е намалување за 0.6 отсо во однос на […]

Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

мај 11, 2023

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски” откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител. Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби […]

Сослушан таткото на детето кое уби девет лица: обвинителството бара притвор, тој го негира делото

мај 5, 2023

Во Вишото јавно обвинителство во Белград, бил сослушан В. К. (47), татко на седмоодделенецот К.К., кој на 3 мај уби девет луѓе во ОУ „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар, пренесува РТС. На рочиштето таткото негирал дека сторил кривично дело и детално ја изнел својата одбрана, а обвинителството најавило дека ќе бара мерка притвор. Сослушувањето […]

Српската влада по вчерашната трагедија предлага контроли и мораториум за носење оружје

мај 4, 2023

Српската влада ги донесе најновите одлуки по вчерашното деветкратно убиство во белградското училиште „Владислав Рибникар“, пишува Радио-телевизија Србија.  Владата со најновите одлуки предлага мораториум на издавање дозволи за поседување и носење огнено оружје (дозволи за набавка на оружје, потврди за оружје и слично), во наредните две години. Во рок од три месеци, мора да заврши […]

Властите ги утврдуваат причините за деветкратното убиство во Белград, граѓаните бесни

мај 4, 2023

Српските официјални власти започнаа со објавување во јавноста на првичните сознанија околу мотивите за вчерашното деветкратно убиство во Белград. Веселин Милиќ, началник на белградската полиција во вчерашното гостување во емисијата „Око“ на РТС, откри дека К.К. (13), седмоодделенецот кој вчера уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани […]

Вучиќ предлага мораториум за поседување оружје и кривична одговорност за лица над 12 години

мај 3, 2023

Српскиот претседател Александар Вучиќ попладнево имаше свое обраќање до јавноста, по траорниот настан, кога седмоодделенец уби осум свои соученици и чуварот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а рани уште шест деца и наставничка. Вучиќ откри повеќе детали околу случајот, а предложи и десет мерки, за кои рече дека треба да одлучат надлежните институции. […]

Осум деца и чуварот се убиени, откако седмоодделенец пукаше во училиште во Белград

мај 3, 2023

Во пукотницата што се случи денеска во Белград, во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, убиени се осум деца и чуварот на училиштето, потврди српското Министерството за внатрешни работи. Српската полиција соопштува дека шест деца и еден наставник се ранети и се пренесени во болница. Ученикот од седмо одделение, К.К., роден 2009 година, кој се […]

„Тројка“ за училиштата од просветните инспектори: лоша хигиена и недостиг од компјутери

мај 1, 2023

Лошите хигиенски услови во училиштата и во спортските сали, недостигот на нагледни средства (географски карти, глобуси, хамери, историски карти, смарт табли, геометриски тела, хербариуми и сл.) како и недостигот на компјутери и компјутерска опрема во наставата, се најчестите слаби страни кои ги нотирале просветните инспектори во нивните извештаи, кога ја оценувале работата на училиштата во […]

Ова се потребните документи за упис на прваче

април 12, 2023

Извод од матичната книга на родените, медицинска потврда од стоматолог, потврда за направен офталмолошки преглед, како и потврда за примени вакцини. Ова се документите кои треба родителите на првачиња да ги обезбедат, за да можат да ги запишат своите деца во прво одделение. Рокот за пријави почнува на 1 мај, а завршува на 31 мај. […]

Анкета на Мета: Средношколците на училиште најчесто јадат бурек, пециво или тост, а 30 отсто не се физички активни

април 6, 2023

Средношколците најчесто јадат бурек, хамбургер, тост или пециво додека се на училиште, а најчесто пијат кафе или вода. Ова го покажаа резултатите од анкетата што ја направи Мета.мк, со која целта беше да видиме какви се навиките во исхраната на средношколци од неколку училишта за средно образование, како и колку често спортуваат. Анкетниот прашалник го […]

Фотографија од работилница за семејство злонамерно извадена од контекст

април 1, 2023

Директорката на училиштето „Св. Кирил и Методиј“ за Вистиномер вели дека на фотографијата споделена во постот има татко и синови и мајка и ќерка (еднородителско семејство и згрижувачко семејство). Родителите коишто реагирале, по консултацијата во училиштето се извиниле и го прифатиле објаснувањето од училиштето, пишува Вистиномер.   Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: “Се е отидено. Секој […]

Убиени шестмина во училиште во Нешвил, полицијата ја уби напаѓачката

март 28, 2023

Шест лица, од кои три деца биле убиени во пукање во основно училиште во Нешвил. Три од жртвите се на возраст од осум и девет години, возрасните жртви се на возраст од 60 и 61 година. Полицијата информира дека во децата пукала 28-годишната Одри Хејл, која беше убиена од полицијата. Според информациите од полицијата, Хејл […]

Изградена е спортска сала во училиштето во Ваташа

јануари 30, 2023

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Кавадарци, Митко Јанчев:   На крајот на септември 2021 година, во кампањата за локалните избори, градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев  на предизборен собир во Ваташа барајќи ја довербата за нов мандат, меѓу другото, вети и доизградба на […]

Лажна е заканата за поставена бомба во охридското училиште „Св. Наум Охридски“

декември 27, 2022

Дојавата за поставена бомба во училиштето „Св. Наум Охридски“ во Охрид е лажна информираат во Министерството за внатрешни работи. Оттаму велат дека ги направиле сите потребни проверки. „На електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектот, а […]

Нови дојави за бомби во три скопски основни училишта и едно во Крива Паланка 

декември 2, 2022

Министерството за внатрешни работи информира дека околу 07 и 30 часот утрово, во СВР Скопје е пријавено дека на електронски адреси на три основни училишта во скопско е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Исто така денеска околу 11 часот во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека на електронска адреса на едно основно […]

Разрешена е директорката на училиштето во Градско каде ученик беше жртва на булинг

декември 2, 2022

Директорката на Основното општинско училиште „Даме Груев“ во Општина Градско, каде еден од учениците подолго време бил жртва на врсничко насилство од соученици, е разрешена. Станува збор за случајот во кој двајца деветтодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, во два наврати, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование. Првпат тоа се […]

Мета факт: Градоначалникот Муцунски не започна со изградба на нова гимназија во Аеродром

ноември 22, 2022

Градоначалникот на скопската општина Аеродром Тимчо Муцунски, во своите обраќања пред граѓаните, во периодот пред локалните избори кои се случија минатата година, кажа дека во Аеродром ќе биде изградена модерна гимназија. Ова ветување, до денеска, е неисполнето. Муцунски, во кампањата за локалните избори, во видео обраќање насловено како „Мојата програма за Аеродром во 90 секунди“, […]

МОН: До Нова година да се одработат часовите што беа пропуштени заради дојавите за бомби

ноември 10, 2022

Наставата во средните училишта во Скопје каде во изминатите денови имаше повремени прекини, мора да продолжи, а училишните раководства кои се најодговорни за квалитетен и безбеден воспитно–образовен процес, согласно позитивните правни прописи, имаат должност да изнајдат начин и до крајот на првото полугодие да ги надоместат пропуштените часови. Ова е ставот на Министерството за образование […]

Крвавиот напад врз училиштето во Ижевск – плодно тло за можна пропаганда и дезинформации

септември 27, 2022

Сите светски медиуми и агенции под назнаката итно или „breaking news“ ја пренесоа веста за оружениот напад во градот Ижевск во руската Република Удмуртија, во училиштето 88, при што меѓу десетината загинати има и повеќе деца. Но, информациите од ваков тип оружени напади, во контекстот на руската агресија на Украина, на референдумот што се одвива […]

Вооружен напад во училиште во Русија: Убиени 13 лица од кои 7 деца

септември 26, 2022

Вооружен напаѓач уби 13 лица, вклучувајќи седум деца, и рани уште 21 лице во училиште во централна Русија, соопштија денеска тамошните власти. Рускиот Истражен комитет соопшти дека пукотниците се случиле во училиште во Ижевск, град кој е оддалечен 960 километри од Москва, во регионот Удмуртија, објавија светските агенции. Како што соопштил Комитетот, од ранетите 14 […]

Страна 2 од 8