fbpx
Таг: училишта

таг: училишта

Во Данска повторно се отвораат училиштата, но под строги услови

Данска почна делумно да ги отвора училиштата, но под услов учениците да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање и хигиена. Наставата ќе се одвива само за децата до петто одделение под строги правила: постојано миење раце, растојание меѓу клупите од два метра, мали групи на ученици во еден клас и, ако дозволуваат условите, што повеќе настава на отворено. Данската премиерка...

Училиштата во Њујорк ќе останат затворени до крајот на учебната година

Според првичникот план, училиштата во Њујорк требаше да бидат повторно отворени до 20 април, сепак тоа е нереална цел бидејќи Њујорк е жариште на епидемијата во САД, информираше градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио. „Тешко ми е што морам да ви кажам дека нема да бидеме во можност да ја организираме работата во училиштата до крајот на годината, но можам...

„Еквалис“ со петиција за намалување на наставниот материјал во основните и средните училишта

Здужението за едукативен развој „Еквалис“ и група на младински активисти ја започнуваат кампањата „Спас за учебната година“ (#спасзаучебнатагодина) со којашто ја покренуваат петицијата за намалување на наставниот материјал на 70% во основните и средните училишта во Република Северна Македонија. „Апелираме дека оваа вонредна ситуација треба да биде третирана како таква во образованието. Намалувањето на наставниот материјал на 70% би овозможилo...

Oнлајн наставата – тест за дигиталната (не)писменост на наставниците, децата и родителите (1)

Пандемијата на корона вирусот затвори милиони ученици и студенти ширум светот во своите домови. Тие се принудени и да учат од дома зашто немаат друга опција, а тоа е нешто што е предизвик не само за нашиот образовен систем, туку и за системите во далеку поразвиените земји. Многу детски и дневни соби, па и трпезарии периодов се претворени во мини...

Во Охрид започна вонредна дезинфекција и дератизација на детските установи

Согласно препораките и мерките што ги донесе Владата на Македонија за заштита од корона вирусот, општина Охрид започна со вонредна дезинфекција и дератизација. Во наредните денови ќе се врши дезинфекција и дератизација на сите објектите од јавните општински установи за деца, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, а потоа ќе продолжи акцијата и во сите основни и средни училишта на територија на општина...

Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди издадени од училиштата

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките на Владата што беа донесени вчера за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), информираат оттаму. - Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10 годишна возраст да се пријави...

Распуст до 25 март за градинките, школите и факултетите и нови, построги мерки против ширењето на корона вирусот

Утрово имавме состанок на Комисијата за заразни болести, на кој беа предложени дополнителни мерки во врска со проблемот со корона вирусот, особено по првиот случај на локална трансмисија, откако тројцата луѓе кои биле во контакт со лицата од Дебар, беа позитивни, а кои сега се сместени на Клиниката за инфективни болести, информира пред малку министерот за здравство Венко Филипче. -...

Kлуч на врата за сите градинки, училишта и факултети во следните 14 дена

Комисијата за заразни болести предлага затворање на сите училишта, градинки и факултети во државата во следните две недели, по состанокот кој го одржаа денеска со министерот Венко Филипче. Тој сега ќе го достави предлогот до Владата, која ќе донесе конечна одлука во текот на денот. „Комисијата за заразни болести ги заострува мерките и ги упатува сите основни, средни и високообразовни...

По Италија и Грција ги затвори школите поради корона вирус во три региони

Грција на 48 часа ги затвораат сите државни и приватни образовни институции во три региони Ахаиа, Закинтос и Илиас по препорака на Комисијата на експерти за заразни болести. Комисијата препорачува да се откажат секаков вид масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитети и музеи. Италијанската влада вчера исто така донесе одлука сите училишта и универзитети...

Што поскоро данокот на средствата за лична хигиена да се намали од 18 на 5 отсто

Деведесет отсто од ученичките во руралните средини, по четири до пет дена во месецот не одат на училиште во деновите кога имаат месечен циклус, а 75 отсто од ученичките во урбаните средини отсуствуваат од настава два до три дена во месецот заради истите причини. Ова е така заради тоа што во училиштата нема услови за одржување на менструалното здравје,...

УНИЦЕФ: Училиштата треба да знаат да одговорат на траума од дигитално вознемирување

Неодамнешните настани во врска со групата креирана преку „Телеграм“ на која размената на содржини вклучуваше и неовластено споделување фотографии и видеа од малолетни лица и млади девојки, претставуваат аларм кој повикува да се спроведе поусогласена меѓусекторска акција за заштита на децата и младите од опасностите што ги предизвикува насилството преку интернет, сајбер насилството и дигиталното вознемирување, порачуваат од канцеларијата...

Промовиран нов водич за заштита на детските права во основно образование

Коалицијата на младински организации „СЕГА“ промовираше „Водич за ученичко учество, ученичко организирање и заштита на детските права во основните училишта“, за полесна примена на одредбите од Законот за основно образование кои се однесуваат на ученичко учество и организирање. „Преку овој проект, во текот на една декада, значително се придонесе кон подобрување на примената на Конвенцијата за правата на детето во...

Цело полугодие нема СМС-пораки со оценките на учениците

Во текот на првото полугодие, родителите воопшто не добиваат смс-известувања за поведението, за успехот и за бројот на изостаноци на нивните деца. Во меѓувреме наставниците продолжуваат да пополнуваат податоци освен во пишаниот и во електронскот дневник, бидејќи тоа е законска обврска која продолжи и со новиот Закон за основно образование. - Точно е дека родителите не се известуваат за успехот...

Aдеми: Резултатите од ПИСА треба да нѐ радуваат, но и да нѐ мотивираат

Учениците од Северна Македонија постигнаа исклучителен напредок во резултатите помеѓу двете последни ПИСА тестирања, изјави денеска министерот за образование и наука Арбер Адеми, по објавата на резултатите според кои државава се најде во последните 10 на ранг-листата од вкупно 77 држави, во читање со разбирање. Со меѓународната студија освен јазичната писменост кај учениците, се проверуваа и нивните знаења по математика,...

Инсталирани фотоволтаични системи на 108 јавни објекти низ земјава

На училишта, градинки, спортски сали, општински згради, домови на културата и други јавни објекти во 36 општини низ земјава беа инсталирани фотоволтаични централи кои годишно ќе штедат по околу 190.000 евра на сметки за електрична енергија. Во соработка со Европската Унија и Светската банка, македонската влада во изминатиов период постави опрема за производство на електрична енергија од сонцето на...

Инспекторите проверуваат колку се чисти тоалетите во училиштата

Санитарните инспектори овој и следниот месец проверуваат во каква состојба се училишните тоалети низ државата. Тие прават два надзори годишно, а по оној во мај и во јуни, сега проверуваат дали директорите ги поправаат недоследностите што тогаш биле утврдени. Последниот пат инспекторите утврдија дека во училиштата не се прави превентивна дезинфекција, дека во многу од нив инвентарот е дотрајан, а...

Невладиниот сектор загрижен поради кратењето на буџетските средства за образование

Граѓанските организации од земјава изразуваат загриженост за намалувањето на финансиите во секторот образование со ребалансот на овогодинешниот буџет. Образованието се наоѓа на третото место според висината на скратените средства со буџетскиот ребаланс. Како што се наведува во соопштението на 14 граѓански организации, најмногу се крати во високото образование – 329 милиони денари, по што следува ставката „инвестиции во образованието“ –...

Адаптирани тоалети за менструална хигиена за девојчињата, во училишта во Тетово и Ресен

Нови тоалети и пакети производи за одржување менструална хигиена ќе добијат околу 300 ученички во две основни училишта во Тетово и во Ресен. Новинари за човекови права и Институтот за јавно здравје, со поддршка на Британската амбасада ќе ги подобрат условите на тоалетите, а намерата е во иднина да се стандардизираат сите тоалети во јавните училишта. - Училишните тоалети треба да...

Хигиена во училиштата: Тоалетите се „гланцаат“ само пред инспекција? (Видео)

Во своето ново видео на Youtube, Кика Авеиро ги анализира информациите за нивото на хигиена во училиштата во кои учи иднината на државата. Информациите кои ги објави Државниот здравствен и санитарен инспекторат во однос на нивото на хигиена во училиштата на Кика и биле сомнителни. Таа одлучила самата да истражи каква е состојбата. Резултатите покажале колку е всушност ситуацијата застрашувачка....

Училиштата се празнат, се намалува бројот на ученици (инфографик)

Во пресрет на новата учебна 2019/2020 година, статистиките покажуваат дека се „топи“ бројот на запишани ученици во основните училишта. Овој податок, експерите го поврзуваат со останатите демографски индикатори, намалениот наталитет и интензивното иселување, се поприсутно и кај семејства со деца на помала возраст, се вели во неделната економска анализа на „Порталб.мк“. Од учебната 2007/2008 година забележан е тренд на намалување...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...