Таг: ученици
таг: ученици
ВМРО-НП: Да се каже колку точно ученици Албанци и Македонци има во Бутел
ВМРО - Народна партија со внимание ги следи новинарските коментари на телевизија „Алсат-М“ за состојбите во училиштето „Арсениј Јовков“ во скопската општина Бутел, а се однесува на бројот на учениците и на нивната етничка припадност.
„Телевизија „Алсат“ тврди дека во десетте македонски паралелки учат во просек помалку од 20 ученици, а две паралелки дури воопшто и не постојат. Згора на...
Ќе се реализира проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“
Министерството за образование и наука информира дека во тек е реализацијата на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој е дел од програмата за работа на Владата на Република Македонија и чијашто единствена цел и фокус се учениците, нивното правилно насочување и придонес кон социо-културолошкиот развој, преку факултативна интеракција и преку дружење со родителите и со наставниците.
Проектот,...
ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место на натпревар за противпожарна заштита
Екипата на ОУ „Лазо Ангеловски“ го освои првото место во категоријата кадети на регионалниот квиз-натпревар за противпожарна заштита, кој се одржа на 19 ноември 2014 година во просториите на „Даре Џамбаз“.
Како победничка на ниво на Град Скопје, екипата на ова училиште ќе учествува на државниот противпожарен квиз-натпревар што ќе се одржи во декември, во Кочани, во организација на Противпожарниот сојуз на Македонија.
Претходно,...
Нападнати ученици во „Михајло Пупин“ во Скопје
Вчера, околу 16 часот, двајца ученици, М.М. (17) и К.А. (16), во скопското средно училиште „Михајло Пупин“, физички го нападнале соученикот Ф.А. (15).
„По преземени мерки, случајот е расчистен, а на напаѓачите им се издадени платни налози за наплата на глоба за сторен прекршок по член 12 од ЗППЈРМ“, соопшти МВР.
Скратени часови за учениците во Струга и во Кичево
Струшките основни училишта „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“ и нивните подрачни центри во селата Лабуништа, Ливадишта и Радолишта сè уште се без струја поради неисплатени долгови.
Поради тоа часовите за учениците од овие училишта се скратени по 15 минути.
Повеќе, пак, од 1.200 ученици од Кичево веќе трета недела не следат настава затоа што училиштата нема со што да се затоплуваат.
Бомбашки напад во училиште во Нигерија, најмалку 48 ученици загинаа
Во денешната експлозија на бомба, во средно училиште во градот Потискум, североисточна Нигерија, загинаа најмалку 48 ученици.
- Бомбата експлодирала за време на утринскиот собир на учениците, пред почетокот на наставата. Експлозијата погоди многу ученици, но не можам да кажам колку бидејќи сега ги евакуираме жртвите во болница која е оддалечена само сто метри - изјави еден наставник.
Ученици од Општо-научното...
Тепачка помеѓу ученици во „Зеф Љуш Марку“ во Скопје
Во средното училиште „Зеф Љуш Марку“ во Скопје синоќа околу 18 часот се степале неколку ученици.
Полицијата интервенирала, по што нарушувањето е расчистено, а по целосно документирање на случајот, на четири лица ќе им бидат издадени платни налози за сторен прекршок.
ВМРО-ДПМНЕ: Со Кембриџ-програмата сме лидери во регионот
Од оваа година нови наставни програми и учебници добија учениците од прво до трето одделение, за што, многупати информиравме дека вложени се 148 милиони денари, или околу 2,4 милиони евра, а не 12 милиони евра, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.
„Од 1 септември 2014 година, Република Македонија стана единствената земја во регионот којашто го воведува образовниот систем...
СДСМ: Јавно да се објави договорот за Кембриџ-програмата во училиштата
Јавно да се објави договорот за Кембриџ-програмата, јавно да се обелодени за што МОН потроши 12 милиони евра и јавно да се покаже извештајот од комисијата при Министерството за образование што ја одобрила програмата, побара денеска најголемата опозициска партија СДСМ.
Сашо Тодоровски од комисијата за образование и наука на СДСМ, рече дека дека до нив пристигнале голем број поплаки од родители...
Обезбедена нафта за струшките училишта
Учениците од струшкото училиште „Јосип Броз Тито“ од утре ќе продолжат со настава откако е обезбедена нафта за греење на училниците. Наставата беше во прекин затоа што родителите решија да не ги пуштаат децата на школо оти нема греење. Околу десет тони нафта претпладнето се испорачани во Централното основно училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, а дел од неа,...
Учениците во Кичево на протест поради ладните училишта
Повеќе од 1.000 ученици од основните училиште „Кузман Jосифоски-Питу“ и „Д-р Владимир Полежиноњски“ во Кичево одбиваат да следат настава поради ладните простории.
Според информациите, во училиштата нема пари за нафта за парното греење, а поради застарени долгови сметките се блокирани.
Поради ова, советот на родители од основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ реши и денеска учениците да седат дома, а родителите најавија протест пред Општина...