fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

Пијан наставник ги претепал учениците од трето одделение во селото Оржаново, Голо Брдо

Неколку деца, ученици од основното училиште во селото Оржаново, од областа Голо Брдо во Албанија, завршиле во болница откако биле претепани од наставникот Агим Муча, пишува весникот на македонски јазик „Илинден“. Децата раскажале како наставникот им ги трескал главите во клупите и ги тепал со стап. Ова не е првпат наставникот Агим Муча да тепа деца. Децата завршиле во болница. Четири...

Крвава тепачка во гимназијата „7 Март“ во Тетово 

Деветнаесетгодишно момче се здобило со убодна рана во пределот на грбот во крвавата тепачка која се случила вчера во гимназијата „7 Март“ во Тетово. Раната му била нанесена од остар предмет, најверојатно нож. Лицето било префрлено во тетовската болница и е задржано за понатамошно лекување. Во тепачката во која учествувале седум лица повреден бил и негов врсник кој се здобил со сериозни повреди на...

Се реконструираат училиштата во Тетово за кои се одобрени 2,2 милиони евра

При крај е реконструкцијата на училиштето „Братство Миѓени“, кое е едно од најстарите основни училишта во Тетово. Школото доби нови тоалети, а моментално се изведуваат и други градежни активности за реконструкција на оваа образовна институција. - Во ова училиште, Министерството инвестираше 200.000 евра. Реконструкцијата на тоалетите заврши, сега се очекува да се реконструира и подот - изјави министерот за образование,...

Со велосипед против долговите за бесплатен превоз

Околу половина милион евра општините Штип и Кочани им должат на превозниците за бесплатниот превоз на учениците. Овој владин проект целосно падна на товар на општините, а актуелните градоначалници потрошија близу две третини од својот мандат во враќање на долговите што ги наследија од своите претходници. Општината Штип од 2013 година има обврска да врати околу 450.000 евра на превозниците. Досега,...

Матурантите денеска екстерно ќе се тестираат

Денеска почнува екстерното тестирање на матурантите, кое ќе трае до петок. Екстерното тестирање ќе го полагаат 19.931 матурант, според податоците од Државниот испитен центар. Сите пријавени матуранти ќе полагаат тестови од два предмета, а за кои предмети ќе бидат тестирани дознаваат три дена пред денот на полагањето. Од Државниот испитен центар изјавија дека прелиминарните резултати се очекуваат за 8 февруари. Незадоволните матуранти ќе имаат...

Заврши зимскиот распуст, учениците се вратија на училиште

За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта денеска е прв училишен ден во второто полугодие од учебната 2015-2016 година. Учениците кои беа на распуст од 30 декември 2015 година, денеска се враќаат во училишните клупи.

Во лавината на француските Алпи досега има тројца загинати

Бројот на загинати во лавината што се случи во скијачки центар на француските Алпи се искачи на три лица. Загинати се двајца средношколци и еден турист од Украина. Меѓу повредените се и еден ученик и професорот што ги придружувал учениците, а сè уште трае потрагата по уште пет други. Претседателот на Франција, Франсоа Оланд, им изрази искрено сочувство на блиските на жртвите и најави...

Учениците од денеска на распуст

Од денеска почнува зимскиот распуст за учениците во основните и во средните училишта. Наставата треба да продолжи на 21 јануари 2016 година. Распустот годинава почнува еден ден порано бидејќи секоја учебна година треба да има 180 работни денови, а февруари, бидејќи 2016 е престапна година, има 29 дена. На зимски распуст во учебната 2015/2016 година ќе заминат околу 270.000 ученици.

Учениците од утре на распуст

За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта утре ќе почне зимскиот распуст. Денеска е последен ден од оваа година и од ова полугодие што ќе го поминат во училишните клупи. Учениците ќе се вратат на настава на 21 јануари 2016 година.

Општина Центар: Час поскоро прекин на наставата поради загадениот воздух

„Мора итно да се донесат мерки за заштита од загадениот воздух. Утрово, воздухот во Центар беше загаден деветпати повеќе од дозволеното, а вчера Скопје беше најзагаден град во Европа. Прекин на наставата е најбрзата од низата мерки што треба да се донесат час поскоро, за децата да не трпат последици по здравјето“, се вели во реакцијата на Општина Центар, откако...

МОН не дозволи децата од Центар да одат порано на распуст

Министерството за образование го одби барањето на Општина Центар за децата од сите седум основни училишта во таа општина да одат порано на распуст, поради енормното загадување на воздухот. Градоначалникот Андреј Жерновски, неодамна испрати барање до МОН децата да се ослободат од настава, поради високите нивоа на опасните честички ПМ10 и ПМ 2,5.

Група насилници нападнале ученици во автобус во Тетово

Вчера, околу пладне, на автобуската постојка во Тетово, четири-пет непознати лица насилно влегле во автобус на превозникот „Башким турс“ и со метални боксирачи нападнале двајца ученици од економското училиште, соопшти полицијата. Како што информира полицијата, инцидентот се случил околу 12.30 часот на улицата Илинденска, во непосредна близина на земјоделското училиште. Двајцата ученици, И.И. (18) и М.Б. (19) од селото Боговиње, поради повреди...

ЛДП: Користењето ученици во религиозни активности е упад во секуларноста на државата

Минатонеделниот случај во Битола, кога масовно се злоупотребија децата од неколку основни училишта во име на православната религија, во проект насловен „Децата за доброто и светлината“, на иницијатива на наставници кои факултативно го предаваат предметот етика на религијата, претставува директен упад во секуларноста на државата, велат од Либерално-демократската партија. „Крајно недозволива е каква било религиозна активност надвор од образовните институции,...

Најава за протести во ОУ „11 Октомври“, Костадинова обвинува за партиска заднина

За денеска попладне во основното училиште „11 Октомври“ се закажани протести против лошото менаџирање во оваа институција. Еден од директорите, Даниела Костадинова, која тврди дека има решение од Централниот регистар за да ја извршува оваа функција, вели дека протестите се организирани од општинската организација на СДСМ, а за тоа, наводно, има и СМС-порака. Во пораката, според Костадинова, стои дека во...

Милевски: Иселувањето го преполови бројот на жители во Битола

Масовното иселување на битолчани и кражбата на гласови на власта беа главните поенти на говорот на лидерот на ЛДП, Горан Милевски, на вечерашната трибина во Битола која беше дел од серијата „Македонија по груевизмот – либерални решенија“. - Градот е преполовен, битолчани се иселуваат. Последните години тоа добива драматични размери. Според некои процени, денес во Битола живеат околу 55.000 граѓани,...

МОН ќе додели стипендии на 745 ученици

Министерството за образование и наука ќе додели 745 стипендии за учениците од државните и од приватните средни училишта. Од нив, 400 стипендии се наменети за социјална поддршка на учениците, 80 за деца без родители, 50 за ученици со посебни потреби, 150 стипендии ќе бидат доделени за талентирани ученици - спортисти, 50 за талентирани ученици и 15 за учениците од угостителско-туристичка...

Агрегатор на видеосодржини ќе им помага на наставниците и на учениците

Министерството за образование и наука денеска го промовираше агрегаторот на видеосодржини www.eduvideos.mon.gov.mk, преку кој се презентираат наставни содржини. На агрегаторот, како што истакна заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, наставниците и учениците од основните и од средните училишта, како и родителите, ќе може да споделуваат едукативни видеосодржини поврзани со темите од наставните програми. Закачените видеозаписи, пред да бидат одобрени за...

САД: Уапсени ученици кои подготвувале напад на училиште

Четворица ученици во една школо во Калифорнија се уапсени под сомневање дека планирале напад врз своите соученици и професори, објави весникот „Њујорк тајмс“. Веста доаѓа неколку дена по масакрот во колеџот во Орегон. Сите четири ученици одат во исто училиште, а планирале да дојдат и да убијат што е можно повеќе луѓе, соопштил Џејмс В. Мил од локалната полиција. Мил не...

Хоспитализирани десетина средношколци од „Арсени Јовков“

Десетина ученици од средното училиште „Арсени Јовков“ денеска попладне, околу 18.30 часот, се пожалиле на печење на очите и на грлото, соопшти МВР. На учениците во училиштето им е укажана итна медицинска помош, по што веднаш се хоспитализирани. СВР Скопје е на терен и работи на утврдување на причината за ваквата појава. Официјални податоци за случајот, како што соопштија од МВР, ќе...

Што школо ќе беше: За две недели 14 решенија за директор за „11 Октомври“!

Прославата на 60-годишнината од постоењето на општинското основно училиште „11 Октомври“ наместо со танц и со песни, како што беше предвидено, најверојатно ќе помине во тензија и во кавги. И покрај напорите на советот на родители да се стави крај на голготата низ која поминуваат повеќе од 600 ученици, 40 наставници и уште 30 вработени во другите служби на училиштето,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...