fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

Бесплатниот превоз остави 15 ученици од Карбинско дома

„Задолжителното средно образование на родителите од плачковичките села им донесе секојдневен трошок. Општината Штип нема обезбедено превоз за 15 ученици што живеат во планинските села од општината Карбинци“, посочи Изет Ибрахими, кој е и советник во општината Карбинци. Тој истакна дека родителите на тие деца се принудени секој ден со сопствени возила да ги носат на училиште. - Како и лани, и оваа години...

Средношколците од Тетово и денеска протестираа поради проблемот со превозот

Втор ден тетовските средношколци од руралните општини протестираа пред општинската зграда, барајќи да им се обезбеди бесплатен превоз. - Немаме пари да го платиме превозот. Според законот за децентрализација, општината е одговорна да обезбеди бесплатен превоз, затоа одговорноста за овој проблем ја бараме кај локалната самоуправа - изјави ученик од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Од Општина Тетово велат дека проблемот...

Протест пред Општина Тетово поради транспортот на тетовските средношколци

Тетовските гимназијалци од руралните општини протестираа пред зградата на Општина Тетово, револтирани што властите и по три недели не им обезбедува бесплатен превоз од нивните домови до училиштетото. Велат дека мораат сами да го плаќаат превозот, а некои ученици со финансиски тешкотии сè уште не тргнале на училиште. - Јас сум од Челопек. Плаќам до Тетово 40 денари и назад уште 40...

Родители од Солун не дозволуваат деца-бегалци да одат во исто училиште со нивните деца

Големо изненадување во Грција предизвика бунтот на група родители против владината одлука децата-бегалци да посетуваат настава во неколку училишта во солунската населба Ореокастро. Родителските совети на неколку училишта од општината ги прогласија децата-бегалци за непожелни и се закануваат дека ќе ги окупираат училишните згради за да не дозволат да се одржат предвидените часови. Родителите реагираат дека стравуваат од болести, тврдат...

Наставниците сами решаваат дали ќе ги оправдаат отсуствата поради земјотресите

Според информациите на „Мета“ од терен, и денеска во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава не се присутни сите ученици. Дали отсуството на учениците поради земјотресите ќе биде оправдано или неоправдано, ќе зависи од индивидуалната одлука на секој класен наставник, бидејќи Министерството за образование нема официјален став во однос на отсуствата на учениците поради земјотресот. И...

Средношколците во Тетово сè уште немаат бесплатен превоз

Голем дел од учениците од руралните средини од Тетовскиот Регион сè уште не почнале со настава затоа што немаат организиран бесплатен превоз. Дел од нив приватно, со комбиња и со такси, плаќаат за да пристигнат до училиште, а другите седат дома. Родителите на учениците велат дека од раководствата на средните училишта им посочиле дека децата можат да бидат отпишани од...

ИЗИИС забрани користење на неколку училници во училиштата во Скопје

Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС) по препорака на Управувачкиот комитет за справување со кризи денеска ги посетуваше училиштата и градинките во Скопско за да ги увиди штетите и можните последици по серијата земјотреси од последните два дена. Како што дознаваме, тие посетиле повеќе објекти, а во некои училишта се забранети за користење дел од просториите. За вечерашниот...

Ученици не одат на настава во две средни училишта во Тетово

Проблемите во образованието во Тетово продолжуваат. Освен гимназијалците Македонци, на училиште не одат и учениците од Средното економско училиште „8 Септември“, а наставата не почна ниту за дел од средношколците од руралните места од Тетовско, за кои Општината сè уште нема организирано бесплатен превоз. Еден од превозниците вели дека иако е почеток на учебната година, Општина Тетово нема склучно договор за...

Наставата не почна за гимназијалците Македонци од Тетово

Учениците што посетуваат настава на македонски јазик не почнаа со настава во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, иако таква одлука беше донесена на почетокот од оваа учебна година. Од раководството на училиштето велат дека не можат сите ученици, Македонци и Албанци, да ги распоредат да учат во еден објект. - Беше донесена одлука да се учи во три смени,...

СДСМ: Kако со плата помала од 10.000 денари да се обезбедат 9.000 денари по ученик?

Залудно ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и министерот - лажго Спиро Ристовски се фалат дека вовеле „концепт на бесплатно образование“, кога трошоците за почеток на учебната година за еден ученик изнесуваат колку една минимална плата од 9.000 денари, се вели во соопштението на СДСМ. Од опозициската партија велат дека за да ја почнат учебната година, родителите се изложени на огромни трошоци. „Плаќаат за тетратки,...

По денешниот бојкот и протестен марш, тетовските гимназијалци од утре на настава

Тетовските гимназијалци од утре ќе почнат со настава во централниот објект на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, откако денеска ја бојкотираа наставата и со протестен марш го изразија револтот од просторниот проблем, со кој се соочуваат повеќе од 15 години. Одлуката да се продолжи со настава во централната гимназија ја соопшти градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која по завршувањето на...

Атанасов: Состојбата во образованието е катастрофална

„Образованието во Македонија е во катастрофална состојба. Владата и министрите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ носеа лоши закони, остваруваа погрешни цели и трошеа многу пари на промашени проекти. Ја понижија просветата, особено со екстерното тестирање, кое, веднаш да кажам, ќе биде укинато“, изјави претседателот на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов. Тој додаде дека СДСМ ќе создаде образовен систем...

Тетовските гимназијалци на 1 септември на протестен марш

Првиот ден од новата учебна година учениците Македонци од тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ ќе го почнат со протестен марш. На протестот кој го организираат учениците заедно со нивните родители и професори, ќе упатат повеќе барања за надминување на просторниот проблем со кој се соочуваат повеќе од една деценија. Ако не се прифатат барањата, учениците најавуваат бојкот на наставата. „Бараме од надлежните...

Сè уште не е решен просторниот проблем за учениците од тетовската гимназија

Стари проблеми на почетотокот од новата учебна година за учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово што следат настава на македонски јазик. Тие на 1 септември ќе треба да ја почнат наставата во две оделни згради, во услови под секое ниво за воспитно-образовен процес. Се работи за објекти на Работничкиот универзитет и на основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово. - Во објектите во...

Утре почнува августовскиот испитен рок за државна матура

Матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура ќе полагаат од утре до 18 август. Како што соопшти Државниот испитен центар, во августовскиот испитен рок се пријавиле 1.802 ученици. Утре ќе се полага задолжителниот предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик...

„Д и А Хера Транс“: Погрешен е податокот дека имаме седиште на булевар „Први Мај“

Погрешен е податокот и цртежот дека „Д и А Хера Транс“ ДООЕЛ Битола, свое седиште има на булевар „Први Мај“ и тој „чуден факт“ е целосно спротивен на вистината, реагираат од овој превозник по написите на „Мета“: Превозниците од „Транспортер“ не сопреа, туку тераат по старо, па и уште побрзо (1) и Превозниците ги проширија линиите, а СЈО истрагата...

Безбедни се сите 300 ученици од Тетово кои се во Истанбул

Околу 300 ученици од Тетово, кои минатата недела заминаа во извиднички камп во околината на Истанбул, се очекува да пристигнат дома во текот на денешниот ден. Учениците се испратени преку Здружението за просвета уметност и култура „Калкан“ од Тетово. Во извидничкиот камп за воениот удар дознале од медиумите. - Сите се безбедни и здрави. Во контакт и во соработка сме...

Во Ница им се изгубила трагата на 28 ученици од училиште од Берлин

По нападот во Ница, сè уште е непозната судбината на многу луѓе, а меѓу нив и на 28 ученици од училиште од Берлин. Германските медиуми јавија дека двајца ученици и еден учител од училиштето „Паула Фирст“ од Берлин загинале во нападот, а неколку деца биле во критична состојба. Информацијата ја потврдил наставник од ова училиште. Децата биле на еднонеделна екскурзија во Ница.

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не може да ги поправи штетите од екстерното тестирање

„По сите штетни последици што ги нанесе на образованието со екстерното оценување, ВМРО-ДПМНЕ почна да се повлекува. Со новите законски решенија ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да ги поправи штетите што ги нанесе. Само се обидува да ги ублажи последиците по партискиот рејтинг. Решенијата со кои се менува терминот на примена на екстерното оценување и чудното решение оценките од екстерното да не влезат...

Штипските училишта бараат помали паралелки

Советот на Општина Штип на наредната седница треба да одлучува дали ќе им дозволи на сите пет основни училишта да оформат паралелки со помал број ученици во прво одделение. Законскиот минимум за една паралелка е 24 ученици, меѓутоа поради малиот број запишани првачиња, училиштата се принудени да го намалат бројот на одделенија. Тоа, пак, значи дека некои наставници ќе мора да...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...