fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

Народен правобранител: Да престанат обидите за политичко инволвирање на учениците

Народниот правобранител на Република Македонија денеска, преку соопштение, изразува сериозна загриженост за обидите за инвловирање на деца во протестите што се организираат во повеќе градови во земјава. Омбудсманот истовремено ги осудува настапите на раководни лица во училиштата и ги повикува училишните одбори, градоначалниците, Државниот просветен инспекторат и Министерството за образование и наука веднаш, секој во рамките на своите надлежности, да...

СДСМ: Со Сеад Кочан, падна и последната маска на Груевски

Соопштението во кое ВМРО-ДПМНЕ го штити медиумскиот и бизнис-партнер на Груевски, Сеад Кочан, потврдува дека сè што прави оваа партија има единствена цел - заштита на својот криминали и на лично стекнатите богатства, се вели во реакцијата на СДСМ. Оттаму сметаат дека „секој кој работел противзаконски мора да понесе одговорност“. - Раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане со злоупотребата на луѓе за...

Притисоците врз ученици се кривично дело, велат од СДСМ

„Недозволиво е директори да повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и се шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело!“, се вели во соопштението на СДСМ. Според партијата, новата реформска влада ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе ги спречи ваквите скандалозни злоупотреби. - Најостро ги осудуваме притисоците како...

Гимназијата во Охрид се огради од летоците со кои учениците се повикуваа на протести

Откако информацијата за летоците со повик до учениците да учествуваат во протестите на иницијативата „За заедничка Макеоднија“, беше објавена во медиумите и предизвика реакции на политичките партии и особена осуда од јавноста, со соопштение се огласи и средното училишта „Св. Климент Охридски“. Во него се наведува дека училиштето е исклучително професионална институција, која е целосно посветена на заштита на учениците од...

МОФ: Агитирањето меѓу млади луѓе за партиски цели мора да престане

„Учениците треба да бидат оставени сами да размислуваат и критички да се изразуваат, а секое наметнување туѓ став врз нив, секое заплашување и злоупотреба најостро го осудуваме. Агитирањето меѓу млади луѓе за остварување партиски цели мора да престане“, се вели во соопштението на Младински образовен форум (МОФ). Оттаму додаваат дека „директорите, професорите и родителите треба да реагираат на секоја намера учениците...

Ученици од техничкото училиште во Битола протестирале против двојазичноста

Неколку десетици ученици од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола претпладнево, околу 10 часот, ја прекинале наставата и излегле во училишниот двор на протест против двојазичноста. Учениците велат дека сами се организирале преку социјалните мрежи, бидејќи не се согласуваат со моменталната политика во државата „да учат албански јазик“. Учениците кои не протестирале, останале во училишните клупи. Еден од учениците, учесник...

Утре почнува екстерното тестирање на 18.600 матуранти

Екстерното тестирање на 18.600 матуранти ќе се спроведе од утре (30 јануари) и ќе трае до 3 февруари, информираше Државниот испитен центар (ДИЦ). Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а во петокот училиштата ги објавија и распоредите со предмети по кои учениците ќе бидат проверувани. Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари.

Со „Математичка дебата“ против незнаењето на учениците

Како најдобро се учи математика, беше предмет на „Математичката дебата“ што денеска се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, со професори и со наставници од Македонија, Бугарија, Романија и од Кипар. Управувачкиот комитет на меѓународниот проект во наредните две години треба да понуди нови методи и електронски дебати за тоа како најлесно да се изучува математиката. Оваа иницијатива...

Поради несоодветни услови, ученици од Тетово учат во три смени

Второто полугодие за дел од учениците од основното и од средното образование во Тетово, почна со одредени тешкотии. Во најголемото основно училиште „Лирија“ во Тетово, наставата се одвива во три смени, поради неможноста да се учи на вториот кат од училиштето, каде минатата година почна да прокиснува покривот. - Сега часовите траат по половина час. Така ни налага законот, во вонредни...

Завршува продолжениот зимски распуст, учениците од утре на настава

Завршува зимскиот распуст и од утре почнува второто полугодие од учебната 2016/2017 година за околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци. Зимскиот распуст беше продолжен за два дополнителни дена, односно 18 и 20 јануари, со одлука на Министерството за образование и наука, а по препорака на Комисијата за заразни болести и на Министерството за здравство, како превентивна...

Поради грипот, распустот на учениците продолжен до 23 јануари

Распустот за учениците ќе биде продолжен до 23 јануари, односно наместо на 18, второто полугодие од оваа учебна година ќе почне на 23 јануари. Ова денеска го соопшти министерот за здравство, Никола Тодоров, како една од мерките за намалување на ширењето на грипот во земјава. Покрај продолжувањето на распустот, како мерки се предвидени и секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот...

И во Србија е продолжен зимскиот распуст поради зголемен број на заболени од грип

Училишниот распуст во Србија ќе биде продолжен поради зголемениот број на болни од грип, информира српското министерство за образование. Одлуката била донесена во координација со министерството за здравство, па наместо на 9 јануари, учениците ќе тргнат на училиште на 11 јануари. Постои можност рокот уште еднаш да биде продолжен, доколку бројот на заболени се зголеми уште повеќе. Најмногу заболени има меѓу...

Поради вирози, околу 300 ученици не посетуваат настава во Штип

Поради вирозите и грипот, околу 300 ученици денеска не биле на настава во училиштата во Штип, а од 700 деца, колку што се згрижени во градинките во градот, дури 300 отсуствувале. Во текот на минатата ноќ во итната медицинска помош во Штип, помош побарале стотина пациенти, кои се жалеле на зголемена телесна температура, главоболки и на кашлица. Сепак, од Центарот за јавно...

Основци од Тетово протестираа поради тоа што им прокиснува покривот во училиштето

Учениците од Основното училиште „Лирија“ во Тетово, претпладнево протестираа пред општинската зграда, поради тоа што немаат услови за учење, а во нивните училници веќе втор ден прокиснува покривот. - По секој пороен дожд прокиснува покривот, дождовната вода ја пречекуваме во садови. Мора конечно да се реши овој проблем, да се реконструира покривот и да имаме достојни услови за следење настава...

„Месец на науката“ во Скопје

Друштвото на физичарите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на биолози, Македонското астрономско друштво, Македонското географско друштво, Скопското астрономско друштво, Природно-математичкиот факултет и „Скопје сити мол“ првпат заеднички ќе го организираат настанот „Ноември - месец на науката“ . Во рамките на овој настан ќе се одржи и школата „Млади физичари“, каде учениците ќе се натпреваруваат во...

Тетовските гимназијалци сè уште учат во салата на општинската зграда

Учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, кои следат настава на македонски јазик, и по речиси два месеци од почетокот на учебната година, учат во несоодветни услови во салата на зградата на Општина Тетово. Тие сè уште чекаат да се реновираат објектите на старото медицинско училиште, каде треба да го продолжат воспитно-образовниот процес. - Тука нема услови за следење настава,...

Учениците од плачковичките села ќе тргнат на училиште

Еден и пол месец по почетокот на учебната година, дваесетина ученици од подплачковичките села во Карбинско ќе тргнат на училиште. Општината Штип ја исполнила својата законска обврска и им обезбедила превоз на учениците. Родителите неодамна реагираа, исплашени од казните што можат да им следат поради тоа што децата не посетуваат настава. Општина Штип склучи договор за превоз на учениците од подплачковичките села со фирмата...

Доцни тендерот за превоз на ученици во Битола

Пропадна обидот на Општина Битола и на градоначалникот Владимир Талески тендерот за школски превоз, наместо локалната власт, да го распише средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“. Училишниот одбор не ја прифати понудата, па како што тврди опозицијата, ќе се бара тендерот да го распише друго училиште. Според опозицијата, тендерот за бесплатниот школски превоз треба да го преземе Министерството за образование, поради...

Не се постигна решение за тетовските гимназијалци

За тетовските гимназијалци кои следат настава на македонски јазик сè уште не се најде решение. И учениците и советот на родители и на професори од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово, не прифаќаат да се следи настава во објектите на старото медицинско училиште, предлог кој денеска на состанок им го понуди градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. - И советот на родители...

Учениците Македонци од тетовската гимназија почнаа да учат под ведро небо

По речиси еден месец бојкот, учениците Македонци од тетовската гимназија почнаа да следат настава. Но, наместо на училишните клупи, тие учеа стоечки, на отворено, на градскиот плоштад во Тетово. - Свесни дека бојкотот на наставата најмногу им штети на учениците, а немајќи соодветен простор во кој би ја следеле наставата во нормални и достоинствени услови, принудени сме наставата да ја...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...