fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

МОН: Нема шуга во училиштето „Владо Тасевски“, случајот е изолиран

Од Министерството за образование и наука (МОН) ги демантираат пишувањата на одредени медиуми дека во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош има зараза од шуга и наведуваат дека се работи за само едно дете, односно изолиран случај за кој родителот пријавил минатиот четврток. „Ја уверуваме јавноста дека во училиштето нема појава на заразна болест, а родителите можат да бидат спокојни и...

Повеќе средства за поддршка и партнерски односи со младите во институциите

Со младинските организации дискутиравме за напредокот на спроведувањето на младинските политики во рамките на ресорните институции, информираше денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на тематската владина седница посветена на младинските политики. Тој додаде дека ќе се организираат јавни дискусии за новиот Закон за млади, но и се донеле одлуки за формирање на важни работни групи. - Со 16,5 милиони евра, Владата...

Ученик уби двајца во средно училиште во САД

Двајца мртви и 17 ранети и повредени е епилогот на крвавиот напад што вчера се случил во средното училиште Маршал Каунти во Бентон, во американската држава Кентаки. Нападот го извршил 15-годишен ученик, а жртвите се негови врсници. Според полицијата, убиецот, кој не е идентификуван, бил уапсен 15-тина минути по нападот во кој животите ги загубија една девојка и едно момче. Напаѓачот...

Шилегов: Иницијативата за децата да не се пуштаат на школо е политички мотивирана

Иницијативата на граѓаните за да не ги пуштаат децата на училиште, поради загадениот воздух е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега, одговори на новинарско прашање, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пред денешната дискусија за развивање интегриран пристап за заштита...

Потона брод во Јужна Кореја, 13 лица загинаа

Крајбрежната стража на Јужна Кореја соопшти дека 13 лица загинаа, а две лица се водат како исчезнати откако рибарски брод се судрил со брод за дополување гориво. По сударот, рибарскиот брод потонал, а на него имало 22 лица, од кои седуммина биле спасени. Голем број хеликоптери се вклучени во потрагата по исчезнатите. Секоја година во Јужна Кореја се случуваат голем број бродски несреќи. Пред три...

Судир на ученички автобус и комби – повредени 10 ученици

Десет ученици од демирхисарското основно училиште „Гоце Делчев“ се повредени откако автобусот со кој се превезувале се судрил со комби. Како што соопшти СВР Битола, во несреќата е повреден и возачот на комбито. Сообраќајната несреќа се случила околу 7.30 часот на патот Демир Хисар - Кичево, а во автобусот имало 30 ученици. На повредените им била укажана лекарска помош во Клинички центар...

СДСМ: Учебната година почнува без притисок од екстерното тестирање

Учениците во основно и во средно образование првпат по неколку години ќе ја почнат учебната година ослободени од стресот што го создаваше непотребното екстерно тестирање, со што тие ќе станат попосветени и помотивирани во наставниот процес, се вели во утринското соопштение на владејачкиот СДСМ. Во него се додава дека се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа,...

Дескоска најави ревидирање на наставните програми и намалување на бројот на часови

Треба да се намали бројот на часови и да се реорганизира начинот на одржување на наставата, така што главните промени ќе бидат во основното образование и тоа во одделeнската настава, изјави денеска министерката за образование и наука, Рената Треневска-Дескоска. Таа додаде дека учениците се преоптоварени со голем број часови и на тој начин нема ефикасност во учењето. - Сметаме дека треба да има...

Учебната година ќе почне на 4 септември, информираат од МОН

Учебната 2017/2018 година за јавните основни и средни училишта ќе почне на 4 септември (понеделник), информираше денеска Министерството за образование и наука. Календарите за организација на учебната 2017/2018 година во јавните основни и средни училишта ќе бидат објавени во Службен весник на Република Македонија. Министерката за образование и наука, Рената Треневска-Десковска, на 5 јуни најави дека е почнат обид да се спречи...

Министерство за образование: Екстерното тестирање е укинато

Со објавувањето на трите закони за измена на законите за основното образование, за средното образование и за наставниците во основното и во средното образование во „Службен весник на Република Македонија“ бр.67 од 1 јуни 2017 година, екстерното тестирање во Македонија е укинато и нема да се спроведува, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). „Сите почнати постапки во врска со...

Собранието го укина екстерното тестирање

Со 64 гласа „за“, ниту еден против или воздржан, попладнево на четвртата седница, Собранието на Република Македонија го укина екстерното тестирање. Беа направени измени на три закони - за основно образование, за средно образование и законот за во наставници во основното и во средното образование. Епилогот на гласањето беше аплауз во салата, во која отуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Како единствен претставник...

Љутфиу вели дека годинава сепак ќе има екстерно тестирање

Министерот за образование и наука во заминување Пиштар Љутфиу изјави дека сепак, и на крајот на оваа учебна година ќе има екстерното тестирање иако мандатарот за состав на новата влада, Зоран Заев, најави дека екстерното тестирање ќе се укине веднаш штом Собранието почне да работи. -Силно верувам дека новата влада нема да донесе закон против граѓаните и учениците во Македонија,...

Во сообраќајна несреќа во Танзанија, загинаа 27 деца

Полицијата во Танзанија соопшти дека најмалку 34 лица загинале, откако возач на автобус, кој превезувал ученици од основно училиште во Аруша, изгубил контрола и удрил во дрво, јавуваат светските медиуми. https://twitter.com/allafrica/status/860828714279608322 Медиумите во Африка пренесуваат дека загинале 27 деца и тројца учители, а полицијата се обидела да ги извлече телата од автобусот.

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање

Државниот испитен центар ги објави прашањата за екстерното тестирање за учениците од основно и од средно обрзование на веб-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk. Распоредите за тестирање ќе бидат објавени на 29 мај, а тестирањата треба да се одржат од 5 до 9 јуни. Учениците ќе полагаат два предмети кои ќе ги дознаат три дена пред тестирањето. Прелиминарните резултати треба да бидат објавени на 15 јуни,...

Воената гимназија во Белград попопуларна кај девојчињата отколку кај момчињата

За упис во воената гимназија за наредната учебна година се пријавиле деветпати повеќе кандидати отколку што има слободни места, а оваа година првпат има повеќе пријавени девојчиња отколку момчиња. Портпаролот на министерството за одбрана и за војска на Србија, Јован Кривокапиќ, рече дека во последните десет години заинтересираноста на младите за воената гимназија, но и за средното воено училиште и за...

Битолски средношколци со неписмени соопштенија се повикуваат на протести

„Бојкотираме за да учиме на македонски јазик, не бојкотираме за партија!“ Вака гласи повикот на социјалните мрежи со кои средношколци од повеќе училишта во Битола ги организираат своите соученици да ја прекинат наставата и да излезат на протести. Притоа, се повикуваат претседателите на класовите да прават списоци и да бележат кој сè излегол на протестите. Протестот кој беше најавен за...

СДСМ: Децата веднаш да се заштитат од партиските протести

Ги поддржуваме родителите кои остро се спротивставуваат на злоупотребите на нивните деца за протести, велат од СДСМ и порачуваат дека „многу бргу ќе има промена на власта и дека оние кои учествувале во притисоците врз ученици и оние кои тоа не го спречиле, ќе се соочат со одговорност“. „Никој нема право да принудува деца да бојкотираат настава за да одат...

СДСМ Прилеп поднесе кривична пријава против директорот на прилепската гимназија

СДСМ Прилеп денеска поднесе кривична пријава во Основното јавно обвинителство Прилеп, против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Киро Николоски, за кој велат дека извршил тешка злоупотреба на службената положба и овластувања. - Наместо да ги заштити децата од партиски злоупотреби, што му е должност, Николоски самиот, преку партиски говори во гимназијата, ги поттикнувал учениците на протести, на кои се...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со притисоците и со злоупотребите на ученици

ВМРО-ДПМНЕ да престане со притисоците и со злоупотребите на ученици за учество на протести со националистичка реторика и на кои се шири говор на омраза, порачуваат од СДСМ. Од партијата ја повикуваат ВМРО-ДПМНЕ да престане да прави притисоци врз наставниците и директорите на училиштата и потсетуваат дека злоупотребата на ученици за политички цели е кривично дело и дека за тие што...

СДСМ бара да престане злоупотребата на ученици во партиски цели

Повикуваме веднаш да престане злоупотребата на ученици за партиски цели и, уште посериозно, за протести на кои се поттикнува и се шири етничка и национална омраза, вели Петар Атанасов, претседател на комисијата за образование на СДСМ. Од СДСМ велат дека тоа што го прават директорите на училишта, под директива на ВМРО-ДПМНЕ, е кривично дело и за тоа лично се одговара. - Укажуваме...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...