fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

Адаптирани тоалети за менструална хигиена за девојчињата, во училишта во Тетово и Ресен

Нови тоалети и пакети производи за одржување менструална хигиена ќе добијат околу 300 ученички во две основни училишта во Тетово и во Ресен. Новинари за човекови права и Институтот за јавно здравје, со поддршка на Британската амбасада ќе ги подобрат условите на тоалетите, а намерата е во иднина да се стандардизираат сите тоалети во јавните училишта. - Училишните тоалети треба да...

Европската недела на кодирање ќе се одржи од 5 до 20 октомври

Од минатата година, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за образование и наука и во соработка со Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, активно ја поддржуваат Европската недела на кодирање (EU Code Week 2019), која се одржува секоја година во октомври на различни локации во повеќе од земји од Европа и пошироко. „И оваа година ја продолжуваме оваа успешна...

Родителите сами плаќаат за тоалетна хартија и сапун за учениците (инфографик)

Меѓу сите други работи за на училиште кои деновиве ги купуваат родителите пред почетокот на новата учебна година, тие мора да издвојат пари дури и за тоалетна хартија која нивните деца ќе ја користат додека трае наставата. Иако цената на оваа хартија не е висока, училиштата, односно општините кои се нивни основачи, не ја набавуваат. Набавката на тоалетна хартија, сапуни, бришачи...

Неделков: Ако не ни ги покачат платите, ќе има генерален штрајк кој ќе трае со денови

Ако надлежните во Министерството за образование и наука (МОН) и Владата, не ги послушаат нашите барања за зголемување на платите на наставниците, со што би се вратило достоинството на професијата, во октомври ќе организираме генерален штрајк кој ќе трае со денови, се` до исполнување на барањата. Ова за „Мета“ го изјави Јаким Неделков претседателот на Синдикатот за образование, наука и...

Инспекторите затвориле два училишни тоалети и две сали поради лоша хигиена

Од 308-те училишта и 114-те детски градинки во кои биле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ), дури во 156 биле утврдени различни недостатоци во врска со хигиената на тоалетите и другите простории.  „Мета.мк“ побара информации од ДЗСИ за состојбата со хигиената во училиштата и во градинките, а според она што го добивме како одговор, недостатоците се главно од...

Конеска: Децата растат со ниска самодоверба, потребни се развојни промени

Денешните ученици се сè поагресивни, незаинтересирани, без чувство за другиот, имаат ниска емоционална интелигенција и висока нетолеранција. Тоа укажува на проблеми сврзани со воспитната улога на наставникот, но пред сè на родителската улога. Овие вредности се сè помалку развиени и непоттикнати и затоа мора да се менуваат, вели Марија Конеска, психолог и едукатор која секојдневно работи со наставен кадар,...

Годинава за една третина помалку првачиња во штипските училишта

Дури три од четирите основни училишта во Штип бараат Општината да им одобри постоење на паралелки помалку од законскиот минимум од 24 ученици. Во подрачните улилишта пак, се бара одобрување за комбинирани паралелки. Во Чардаклија има паралека со само седум ученици и тоа од прво, второ и петто одделение. Од средните училишта засега само гимназијата „Славчо Стојменски излезе со вакво...

Атанасов: Премиере, Вие најдобро знаете зошто не ги остваривме промените во образованието!

Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, на статус на Фејсбук напишал дека си поднесува оставка од функцијата, обраќајќи се на јавноста и на премиерот Зоран Заев. Причина за ваквата одлука е, како што напишал, неумеењето Владата да ги реализира промените кои биле ветувани. Тој, исто така, порачува и дека „револуцијата почнала да ги јаде своите деца“. „Во изминатите неполни 10...

Во „Орце Николов“ за 285 места се пријавиле 400 одлични основци – квалификационо тестирање в петок

Основците кои се пријавиле за да учат во гимназијата „Орце Николов“ ќе полагаат квалификационен тест в петок. Оваа одлука била донесена откако за 285 слободни места, се пријавиле дури 400 ученици од кои со сите петки се 330, а останатите имаат по една или две четворки. Ова е прв случај после многу години квалификационо тестирање да се полага во гимназија....

Ученици подгответе се, национално тестирање во училиштата од септември

Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да започне од новата учебна...

Гореше автобус што носел ученици од Штип на излет

Основци од Штип, кои тргнале на еднодневен излет, се превезувале со автобус, кој 20-тина минути откако тргнал почнал да чади. Децата веднаш биле извадени од автобусот и сместени на безбедно место, додека, како што раскажуваат очевидци, возачот се обидувал да го реши проблемот. Меѓутоа, набргу чадот преминал во оган. Била повикана екипа од Територијалната противпожарна единица и набргу пожарот...

Хелсиншки: Oправдано е условувањето со потврда за примени вакцини за упис во прво одделение

Од уставните одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека во случај на одбивање на вакцинацијата од страна на родителите, истите не само што го загрозуваат здравјето на сопствените деца, туку и здравјето на другите лица кои поради медицински контраиндикации не се вакцинирани и на тој начин им го ускратуваат правото на здрав живот. Ова е ставот на Хелсиншкиот комитет за...

Афинитетите на учениците и развој на наставниците во фокусот на новите закони во образованието

Министерството за образование и наука подготвува Закон за основното образование со кој се предвидува уредување на воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем. Како главна цел на новиот закон се наведува обезбедување системски пристап кон поттикнување на когнитивниот, афективниот и психомоторниот развој на детето согласно неговите потенцијали...

Почна бркањето врски – родители молат за уште една шанса и за петки во дневниците 

Како што се приближува крајот на учебната година, во училиштата сè почести стануваат ургенциите за повисоки оценки. Родители бараат оценка плус за своите деца, посебно оние во повисоките одделенија, затоа што крајните оценки во предметна настава се важни при уписот во средно училиште. Во овој период, и во основно и во средно образование во тек се тестирања по сите предмети,...

Наставниците во е-дневникот мора да ги внесат само изостаноците и оценките

На помалку од еден месец до крајот на учебната година, наставниците мораат да си ја исполнат законската обврска да водат двојна педагошка евиденција. Сѐ што пишуваат во пишаните дневници треба да внесат и во електронските. Од Министерството за образование и наука (МОН), за „Мета“ информираат дека пополнувањето на електронскиот дневник е обврска на наставниците регулирана со закон, но дека овојпат...

Свидетелствата во јуни ќе бидат со новото име на државата

Во сите документи кои се дел од педагошката документација, променето е уставното име, информираат за „Мета“ од Бирото за развој на образованието (БРО). Тоа значи дека учениците, на крајот на јуни, ќе им бидат поделени свидетелства со нов печат и жиг на кои ќе биде впишано „Република Северна Македонија“. Оваа одлука веќе е објавена во „Службен весник“, а новите документи и...

Есејот по македонски јазик за државната матура за прв пат ќе биде на слободна тема

Учениците во четврта година периодов се подготвуваат за полагање на државната матура. Државниот испитен центар (ДИЦ) веќе објави на кои датуми ќе се одржат тестирањата. Првиот тест по странски јазик ќе се полага на 1 јуни, а мајчин јазик ќе се полага на 8 јуни. Новина годинава е тоа што по предметот мајчин јазик, учениците ќе пишуваат есеј на слободна...

Инспекторат: Нема ни компјутери ни опрема, па нема ни настава по информатика во школите

Поради нефункционалната информатичка технологија, наставниците не се во можност да реализираат ИКТ во наставата. Ова е констатирано во последниот извештај на просветните инспектори, кои дале и препорака училиштата да најдат начин како да го решат проблемот со поголема употреба на компјутери на часовите. Со оглед на тоа дека училиштата немаат можност самостојно да купат компјутерски уреди за да го решат...

Барбареев: Националното тестирање во школите е како крвната слика во здравството

Додека образовните власти во државата анализираат од кога би го спровеле националното тестирање во основното образование, „Мета“ побара мислења за оваа новина од експерти во областа. Овие тестови кои би ги полагале учениците, треба да бидат своевидна замена на екстерните тестови, со таа разлика што овој пат, резултатот нема да влијае на успехот на ученикот и оценките нема да...

Инспектори по училиштата, наставниците под стрес, децата на готовс

Државни просветни инспектори за основно образование периодов ги посетуваат училиштата и скенираат како тие функционираат. Ова е дел од интегралната евалуација, која во секое училиште во државата се спроведува на секои три години. Кај некои наставници постои страв од инспекторите, затоа што тие влегуваат во училниците и присуствуваат на час, за да ја оценат нивната работа. Затоа, многумина од нив...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...