fbpx
Таг: ученици

таг: ученици

„Поддршка за онлајн настава“: Во првото полугодие родителите да изберат дали нивните деца ќе учат во училница или онлајн

Брзи тестови за учениците кои ќе одат со физичко присуство од септември, можност родителите да изберат дали децата ќе им учат во училница или од дома, како и можност за наставниците кои сакаат, да предаваат од дома. Ова се трите барања на членовите на Фејсбук групата „Поддршка за онлајн настава“, кои ги доставиле до надлежните во Министерството за образование...

Павиќевиќ: Од септември секој ученик треба да бира дали ќе учи во училница или од дома

Гимназијалецот Лука Павиќевиќ пред околу еден месец беше избран за нов претседател на Сојузот на средношколци, на местото на Бленди Ходаи. За тоа кои се главните проблеми со кои се соочуваат средношколците и како тие да се решаваат, разговараме со Лука во ова интервју за Мета.мк. Од неодамна си прв човек на Сојузот. Што е она што ќе биде во...

ЈСП: Бесплатниот превоз за ученици и средношколци во Скопје не важи за време на летниот распуст

ЈСП-Скопје ги информира основците и средношколците дека ученичките билети за бесплатен превоз не важат за време на летниот распуст. Наместо бесплатен превоз, во претстојните летни месеци на основците и на средношколците им се нуди можност да купат месечен билет по повластена цена. Месечен билет за јули или август чини 600 денари, информираат од ЈСП. Месечниот билет за основците и средношколците...

Матурантите денеска на втор екстерен испит, најголем дел одбрале да полагаат странски јазик

матура ученици
Учениците од завршните години во средните училишта денес го полагаа вториот екстерен испит во рамки на државната матура. Тие имаа можност да изберат помеѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Според податоците на Државниот испитен центар, најголем интерес меѓу матурантите има за полагање странски јазик, при што најголем дел се определиле за англискиот – 13.452. Германски ќе полагаат 140,...

Успешно заврши необичната учебна година, одржана во вонредни околности и проследена со протести

Онлајн настава
Како што почна, така и заврши – наместо училишно ѕвоно, крајот на учебната 2020/2021 година го огласи затворањето на дигиталниот прозорец од платформата преку која учениците следеа настава. Изминативе девет месеци и за учениците и за наставниците беа особено необични, зашто за првпат во нивните животи, целата учебна година ја поминаа дома пред екраните на своите лаптопи или компјутери. Откако нејзиниот...

Повеќе од 15.000 ученици денеска полагаат државна матура

Денеска започнува полагањето на државната матура за учебната 2020/2021 година, а тоа е процес кој значи формализација на средното образование и стекнување на услов за упис на високообразовните установи во земјата, но и надвор од неа, велат од Министерство за образование и наука. Од таму додаваат дека од страна на надлежните институции на системот, координирани од Министерството за образование и...

На 14 јуни започнуваат уписите во средните училишта за следната учебна 2021/2022 година

Уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања во текот на следниот месец, почнувајќи од 14 јуни, информираат од Министерство за образование. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што доставуваат доказна...

На 3 јуни оркестарот на Филхармонија ќе настапи заедно со учениците од државните музички училишта

На 3 јуни (четврток), со почеток од 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“, на кој тие ќе настапат заедно со учениците од државните музички училишта, информираат од Филхармонија. „На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија  Михајловска – пијано (VIIодд., класа: проф. м-р Ана Трајановска),...

МОН: Апсурдно е да се протестира против напредок во образованието

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано, но сепак, причината поради која се користи ова право не е оправдана, велат од МОН по повод протестите на дел од родителите во Скопје и во другите градови, кои се против дигитализацијата во образованието. „Апсурдно е да се протестира против дигитализација на...

Порталб: МОН гарантира дека училиштата ќе обезбедат книги за учениците кои сакаат да учат од печатени книги

Во новиот предлог-закон на Министерството за образование и наука (МОН), кој е достапен на ЕНЕР, со кој се предвидува дигитализација на книгите, никаде не пишува дека учениците од четврто одделение во основното училиште имаат можност да изберат дали ќе учат со дигитални или печатени книги, и покрај фактот што тоа го најави министерката Мила Царовска. Ова предизвика забуна и...

Вистиномер: Не е вистина дека со онлајн учење децата ќе добијат разни болести и ќе станат „зомби генерации“

Шпекулативна и сензационалистичка објава на Фејсбук преку непотврдени хорор сценарија шири паника и страв дека онлајн учењето е опасно по здравјето и менталниот развој на децата. За изнесените податоци, кои се прикажани во навидум точни проценти, нема никакви научни и точни докази добиени од релевантни институции. Не е јасно дали станува збор за податоци добиени од некои истражувања, и...

Хелсиншки комитет: Да престане злоупотребата и манипулацијата на децата за политички цели

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше да не се злоупотребуваат, односно да престане манипулацијата на децата за политички цели, по денешните случувања во врска со најавениот бојкот на наставата поради актуелните реформи во образованието за дигитализација на учебниците. Според Комитетот, децата се подложни на бројни манипулации, лажни вести и дезинформации, кои дополнително ја усложнуваат и онака сериозната состојба која...

За 23 отсто опаднал бројот на ученици во средно образование во последните осум години (инфографик)

За 23 отсто или 20.309 ученици се намалил бројот на ученици во средно образование во последните осум години. Ако се земе просечен број на еден клас од 30 ученици, овој број на ученици би оформиле 676 класови. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на крајот на учебната 2012/2013 биле регистрирани вкупно 88.582 додека пак, минатата 2019/2020 година биле...

Доделени 638 стипендии на учениците Роми во учебната 2020/2021

На учениците Роми запишани во прво и во второ одделение во учебната 2020/2021 година им се доделени вкупно 638 стипендии. Сето тоа во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Редовно часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“. Овој проект е имплементиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија,  Здружението „Центар за образовна поддршка Дендо вас“ и Фондацијата за...

Порталб: Општина Тетово не го исполни ветувањето за столпчиња на тротоарите околу училиштата

Од Општина Тетово не го одржаа дадениот збор за Порталб.мк дека столпчињата за спречување на паркирање на возилата на тротоарите околу основните училишта ќе бидат поставени при првите денови од 2021 година. Додека животот на учениците се загрозува кога одат на училиште, од Општина Тетово денес одлучија да не дадат одговор на прашањата за оваа тема, пишува Порталб.мк. Образованието е...

Зимскиот распуст за учениците почнува утре, наставата ќе продолжи на 21 јануари

Почнувајќи од утре па сè до 20 јануари ќе трае зимскиот распуст за учениците од основните и средните училишта. Наставата ќе продолжи на 21 јануари. Оваа година, првото полугодие траеше пократко, поради тоа што учебната година започна еден месец подоцна од регуларниот термин, односно на 1 октомври. Иако имаше барања првото полугодие да заврши порано и зимскиот распуст да трае подолго,...

Учениците од ОУ „Гоце Делчев“ во Тетово, одат по улица, заобиколувајќи ги возилата на тротоарите

Учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово секој ден одат на училиште загрозувајќи го животот, бидејќи се принудени да одат по улица, поради тоа што на тротоарите околу училиштето постојано се паркирани возила. Општина Тетово претходно вети дека ќе се постават блокади околу ова и други училишта, во текот на првите денови од 2021 година, пишува Порталб.мк. „Во моментов...

Порталб: Нема тротоари за учениците на ОУ „Миѓени“ во Тетово, на училиште одат по улица

Нема тротоари што ќе им овозможат на учениците безбедно да одат на училиште во основното училиште „Миѓени“ во Тетово, пишува Порталб.мк. На двете страни каде што учениците на ова училиште мора да поминуваат секој ден, имаше автомобили и патишта, но не и места за пешаци. Според порталот на албански јазик, Порталб, Општина Тетово повторно вети дека, и во ова...

Ученици од Дебар, Струга и Карбинци победници на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микро:бит“

Учениците Ермира Оручоска и Сеад Рустемоски при основното училиште „Ристо Ристески“ од с. Долно Косоврасти го изготвија проектот наречен „Правосмукалка Мирина в1.0“, под менторство на наставникот Ристо Коларовски и со истиот победија на онлајн натпреварот по кодирање со уредот „Микро:бит“. На натпреварот кој го организираше Британскиот совет во соработка со Министерството за образование и наука, второто место го освои училиштето „Ашим Агуши“ од с....

Ефектот од воведувањето на медиумска писменост ќе зависи од ангажирањето и подготвеноста на наставниците

Доколку се изработи некаков курикулум за медиумска писменост во основното образование тој би требало неизбежно да биде испреплетен со безбедното и етичкото користење на интернетот како медиум којшто најмногу го користат учениците бидејќи сепак, медиумски писмен ученик би бил безбеден онлајн ученик, изјави наставничката по информатика во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Неготино, Георгина Димова на панел-дискусијата на тема...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...