недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: убиства | 47 резултати

Во 2019 година за 4,8 отсто намален бројот на починати од насилна смрт

јуни 17, 2020

Минатата година од насилна смрт починале 454 лица, што е намалување од 4,8 отсто во однос на 2018 година. Според полот, како и во претходните години, и во 2019 година поголемо учество во цифрите за насилна смрт имаат машките лица, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вкупниот број случаи на насилна смрт, […]

Национална мрежа против насилство: Двете убиства на жени се знак дека системот потфрла

мај 12, 2020

Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство сметаат дека двете убиства на жени (фемициди) за неполни две недели, се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство. „По објавувањето на вознемирувачката вест за вчерашното убиство на млада жена во Скопје од страна на својот партнер, за неполни две недели […]

Грозев: Руски воени разузнавачи вклучени во труењето на Скрипаљ со години роварат низ Европа

јануари 14, 2020

Група од околу 30 луѓе, припадници на Управата за воено разузнавање на Генераштабот на оружените сили на Руската федерација (порано позната како ГРУ) со години се занимава со дестабилизирачки активности во Европа и на Балканот, вклучувајќи и убиства. Ваквото обвинување во утринската програма на бугарската телевизија „бТВ“ стаса од устата на Христо Грозев, новинар кој […]

Воскреснувајќи го т.н. „Крвав Божик“ од 1945 г. во Македонија, бугарските медиуми го воскреснуваат националистичкиот мит

јануари 10, 2019

Голем број бугарски медиуми во понеделникот, на денот на одбележувањето на Божик во Македонија излегоа со потсетување на, како што велат, „Крвавиот Божик“ од 7 јануари 1945 година, кога на територијата на сегашна Република Македонија, а тогашна Демократска Федерална Македонија, биле убиени „1.200 Бугари“. За илустрација ќе го земеме текстот објавен од faktor.bg, каде покрај […]

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс

август 19, 2017

Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс, во Каталонија, каде што петмина терористи со автомобил повредија петмина граѓани и еден полицаец, јавуваат светските медиуми. Полицијата ги уби петмината терористи, а идентификувани се телата на тројцата од нив. Истовреме, безбедносните сили трагаат по возачот на комбето кој изврши напад во Барселона, односно влета […]

Сирија: Обвинувањата на САД се нов холивудски заговор

мај 16, 2017

Сириската влада соопшти дека обвиненијата на САД за масовни убиства на затвореници и за користење крематориуми за уништување на телата се целосно невистинити. Министерството за надворешни работи на Сирија соопшти дека наводите претставуваат „нов холивудски заговор“ чија цел е да се оправда „агресијата и интервенцијата“ на САД. Изјавата доаѓа два дена откако американскиот Стејт департмент ја […]

За Божиќ во Чикаго ранети 40 лица, 12 загинати

декември 27, 2016

Божиќниот викенд во Чикаго оваа година беше рекорден по бројот на ранувања од огнено оружје. Дури 40 лица беа ранети, а од нив 12 починале. Чикаго веќе некое време е под лупа поради зголеменото насилство во градот, а од локалната полиција изјавија дека причината за тоа се зачестените судири помеѓу бандите. При рацијата, за време на […]

Сириската војска убива цивили во Алепо, тврдат ОН

декември 13, 2016

Обединетите нации денеска соопштија дека сириски провладини сили почнале да влегуваат во домови во источните делови во Алепо и да ги убиваат цивилите кои ќе ги затекнат внатре, пренесува „Би-би-си“. Од канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, како што наведува британскиот национален сервис, изјавиле дека имаат веродостојни докази дека во четири области 82 цивили биле […]

Бројот на загинати во нападот на Јемен достигна 231 лице

октомври 9, 2016

Бројот на загинати во нападот во главниот град на Јемен, Сана, за време на погребна церемонија, достигна 231 лице, јавуваат светските медиуми. Претставници на шиитските бунтовници, Хути, кои присуствувале на церемонијата, изјавиле дека врз зградата каде што се одржувал настанот, имало воздушни напади од страна на арапската коалиција. Арапската коалиција, пак, која е предводена од Саудиска Арабија, негираше […]

Нови апсења во Турција поради нападите на аеродромот „Ататурк“

јули 11, 2016

Турската полиција уапси и поднесе обвинение против нови седум лица осомничени во врска со нападите на аеродромот во Истанбул, во кој беа убиени 47 луѓе, јавуваат турските агенции. Со ова, вкупниот број на обвинети лица поврзани со овој напад се искачи на 37. Според властите, се работи за 22 странци и за 15 Турци кои […]

Петмина полицајци убиени во Далас

јули 8, 2016

Петмина полицајци се убиени, а уште седум се ранети од снајперски оган за време на протестите што во Далас се одржаа во знак на ревлот против убиството на двајца Афроамериканци од страна на полицијата. Меѓу снајперистите кои пукале на полицијата има една жена која веќе е притворена. Другиот снајперист сè уште е на слобода, а во […]

Неидентификувани напаѓачи во Венецуела убија 11 луѓе

мај 30, 2016

Неидентификувани напаѓачи во Венецуела убија 11 луѓе меѓу кои тројца се тинејџери како и еден Колумбиец. Напаѓачите им наредиле на жртвите да излезат од своите домови и веднаш ги ликвидирале. Побегнале од местото на злосторството со автомобили и моторцикли. Невладини организации наведуваат дека степенот на криминал во Венецуела расте бидејќи економијата во државата е во […]

Исламска држава погубила 3.000 луѓе во Сирија за една година

јуни 29, 2015

Сунитските екстремисти од Исламска држава, откако прогласија калифат, погубија најмалку 3.000 луѓе во Сирија и во Ирак, поголемиот број цивили, соопшти сириската Опсерваторија за човекови права. Според нивните податоци, од 29 јуни 2014 година, погубени се точно 3.027 лица. Меѓу убиените, 1.787 се цивили, од кои 74 се деца. Помеѓу жртвите се и цивилите кои […]

ДЗС: Намален бројот на починати од насилна смрт за 10,7 отсто

јуни 26, 2015

Бројот на починати лица од насилна смрт во 2014 година е намален за 10,7 осто во споредба со претходната година и изнесува 493 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоците, умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,5 отсто. „Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и […]

Исламска држава убила стотици заложници јесиди во Ирак

мај 3, 2015

Милитанти на Исламска држава (ИД), во петокот убиле неколку стотини јесиди, кои биле држени како заложници западно од ирачкиот град Мосул, јавува „Би-Би-Си“. Од Јесидската напредна партија изјавиле дека станува збор за околу 300 заложници, кои биле убиени во областа Тал Афар во близина на Мосул. Ирачкиот заменик-претседател Осама ал-Нујаифи, убиствата ги опишал како „страшни […]

„Асошиејтед прес“ бара убиствата на новинари да се сметаат за воени злосторства

март 30, 2015

Претседателот и извршен директор на „Асошиејтед прес“, Гери Пруит, денеска повика на измена на меѓународниот закон со кој убиствата и киднапирањата на новинари би се класифицирале како воени злосторства. Пруит рече дека новата рамка е потребна поради заштита на новинарите кои сè почеста се мета на екстремистите во земјите зафатени со конфликт. – Своевремено, ознаката […]

ИД објави снимка од обезглавување осум муслимански шиити

март 30, 2015

Екстремистичката сунитска организација Исламска држава објави нова видеоснима на која се гледа обезглавување на осум мажи, за кои тврдат дека се муслимански шиити. Како што јавуваат странските медиуми, егзекуцијата на заробениците ја предводел тинејџер, а еден од членовите на ИД ги нарекува шиитите „валкани неверници“. Егзекуцијата е извршена во сириската провинција Хама.

ОН: Во Ирак убиени 1.100 лица во февруари

март 1, 2015

Во Ирак, во текот на февруари, убиени се најмалку 1.100 Ирачани, од кои 600 се цивили, соопшти денеска мисијата на Обединети нации во таа земја. Мисијата на ОН за помош на Ирак (УНАМИ) соопштила дека помеѓу 1.103 убиени минатиот месец, 611 биле цивили, а останатите биле припадници на безбедносните сили. Во истиот период, повредени биле […]

АИ: Двете страни се виновни за убивање на цивили во Украина

февруари 3, 2015

„Амнести интернешнел“ соопшти дека има собрано многу докази за убиства на цивили што во изминативе денови биле извршени и од проруските сепаратисти и од украинските сили во Источна Украина. Оваа организација ги обвини и двете страни за кршење на меѓународното хуманитарно право со напади врз Донецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти, и врз […]

Иран спречил агенти на Мосад да убијат нуклеарен научник

јануари 5, 2015

Елитните сили на иранската Револуционерна гарда изминатите две години успеале да ги спречат обидите на израелската разузнавачка агенција Мосад да убијат еден од водечките ирански нуклеарни научници, изјавил претставник на Ревулуционерната гарда, во извештаите на иранската новинска агенција „Фарс“, што ги пренесуваат израелските медиуми. „Во последните две години, ционистичкиот непријател (Израел) силно се обидуваше да […]

Страна 2 од 3