вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: уапсен | 90 резултати

Турски државјанин уапсен на преминот Богородица за фалсификуван пасош

10 јули 2016

На граничниот премин Богородица, полицијата вчера уапсила турски државјанин кој го сомничи дека фалсификувал лични документи. Турскиот државјанин Б.Р.A. (1963) од Истанбул за време на граничната проверка на полицијата ѝ покажал хрватска патна исправа, која гласи на негово име, за која полициските службеници се посомневале дека е фалсификувана. При претресот кај лицето се пронајдени фалсификувани […]

Полицијата спречила шверц на 1.500 штеки цигари без бандероли

26 јуни 2016

Полициски екипи од Регионалниот центар за гранични работи Исток, во петокот оваа недела спречиле обид за шверц на поголемо количество цигари без бандероли на границата меѓу Македонија и Бугарија. Како што соопшти денеска МВР, во петокот, околу 5 часот, во близина на местото Чемериков преслап, во близина на Пехчево, полициски екипи забележале џип без регистарски […]

Во Грција уапсен Македонец кој криумчарел мигранти

11 јуни 2016

Грчката полиција во Серес уапси Македонец по кој се трага за криумчарењње бегалци од Грција преку Македонија кон Србија. Против уапсениот 30-годишен македонски државјанин има потерница од македонскиот Интерпол. Според потерницата на Интерпол, Македонецот се товари за учество во организирана мрежа која пренесувала нелегални мигранти од Гевгелија, односно од грчко-македонската граница кон Србија во периодот […]

МВР потврди: Вработени на Економски факултет се осомничени за примање поткуп

6 јуни 2016

Одделот за организиран криминал на Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со надлежното јавно обвинителство ја спроведува акцијата на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, потврдија за „Мета“ од МВР. „Одделот за справување со организиран и сериозен криминал презема мерки и активности во координација со Основното јавно обвинителтво на УКИМ, поради сомневање […]

Најголемиот наркодилер на Перу е уапсен во Колумбија

1 мај 2016

Најголемиот наркодилер на Перу, Херсон Галвес, е уапсен вчера во еден ресторан во колумбискиот град Меделин, соопшти колумбиското министерство за одбрана. По Галвес била распишана потерница од Интерпол и тој се смета за „новиот Ел Чапо Гусман на Јужна Америка“. Тој е познат под името Каракол и властите во Перу го бараат поради убиства, шверц […]

Салах Абдеслам екстрадиран во Франција

27 април 2016

Белгиските власти го екстрадирале во Франција главниот осомничен за терористичките напади во Париз од 13 ноември минатата година, Салах Абдеслам, јавува „Би-би-си“. Абдеслам беше уапсен во драматична полициска акција на 18 март во Брисел, четири дена пред бомбашките напади во градот, во кој беа убиени 31 лице. Кон крајот на март белгискиот суд донесе одлука […]

МВР: Кривична пријава против Савески поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

25 април 2016

Членот на партијата Левица, Здравко Савески, кој утрово беше повикан и задржан во полициската станица Пролет во населбата Кисела Вода, се товари дека за време на протестот на 13 април, со дел од толпата демонстранти влегол во народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, каде запалил фотографија со ликот на претседателот и фрлил предмет кон канацеларијата, […]

Зоран Божиновски синоќа екстрадиран во Македонија

22 април 2016

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, кој вчера беше уапсен во Нови Сад, синоќа околу 21.30 часот бил екстрадиран во Македонија, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). – Постапката беше завршена синоќа околу 21.30 часот. Неа ја спроведува Министерството за правда, а МВР беше известено за постапката – ни рекоа […]

Новинарот Зоран Божиновски уапсен во Нови Сад, се чека негова екстрадиција во земјава

21 април 2016

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, денеска бил уапсен во Нови Сад, по налог на српското министерство за правда. Против него во ноември 2013 година беше издадена потерница како осомничен во случајот „Шпион“. Од македонското Министерство за правда за телевизијата „Телма“ потврдиле дека кај нив веќе стигнало решението за негова екстрадиција во земјава, […]

Уапсен припадник на ИД осомничен за минатогодишниот бомбашки напад во Анкара

7 април 2016

Турските власти уапсиле припадник на Исламска држава, осомничен за вмешаност во двојниот самоубиствен бомбашки напад што се случи во октомври минатата година во Анкара, а во кој загинаа 103 лица, јавуваат агенциите. Осомничениот бил уапсен вчера во турскиот град Газиентап, во близина на границата со Сирија. Тој се товари за учество во терористичка организација. Станува збор […]

Едно лице уапсено за убиство на 67-годишна радовишанка

7 април 2016

Едно лице е уапсено и осомничено дека од користољубие убило 67-годишна жена од Радовиш, чие безживотно тело вчера било пронајдено во нејзиниот дом во градот, соопшти Јавното обвинителство. „Се работи за 26-годишен жител на Радовиш. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица, ценејќи дека се исполнети условите, ќе предложи мерка притвор“, велат од Обвинителството. […]

Драган Даравелски уапсен во Белград, потвди МВР

24 март 2016

Поранешниот директор на Царинската управа на Македонија, Драган Даравелски, е уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана од македонски власти, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Даравелски, кој беше директор на царината во периодот од 1999 до 2002 година, повеќе од една деценија се бараше со потерница од македонските […]

Во Белгија идентификуван уште еден напаѓач од Париз

21 март 2016

Белгиското обвинителство денеска соопшти дека идентификувал уште еден учесник во минатогодишниот терористички напад во Париз. „Истрагата покажала дека Сафијан Кајал се идентификува како Наџим Лашрау, роден на 18 мај 1991 година. Тој патувал во Сирија во февруари 2003 година“, стои во соопштението на обвинителството. Белгискиот министер за надворешни работи, Дидиер Рејндерс, вчера соопшти дека повеќе од […]

Обвинение против Салaх Абдеслам

19 март 2016

Белгиското јавно обвинителство денеска официјално го обвини Салех Абдеслам за негова поврзаност со нападите во Париз во ноември минатата година, соопшти неговиот адвокат Свен Мери. Мери најави дека во оваа фаза од постапката ќе бара Абдеслам да не биде екстрадиран во Франција, иако францускиот претседател, Франсоа Оланд, уште синоќа најави дека Париз ќе бара негова екстрадиција […]

На Табановце уапсен српски државјанин кој се барал за силување

9 март 2016

Педесет и четиригодишен српски државјанин, кој се барал за кривично дело силување, вчера околу пладне бил уапсен на граничниот премин Табановце, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, вчера околу 12.25, при пасошка контрола, полицајците на граничниот премин констатирале дека В.К.(54) од Република Србија е евидентиран во стоп-листата и се бара за сторено кривично дело силување. Во […]

Македонски државјанин уапсен во Италија, регрутирал борци за ИД

26 февруари 2016

Антитерористичка единица на италијанската полиција, во околината на Венеција уапсила македонски државјанин, осомничен за регрутирање борци за учество во воените дејства на Блискиот Исток, на страната на Исламска држава (ИД), јавуваат италијанските медиуми. Полициската акција, како што пренесува „ Ла република“, била спроведена по наредба на обвинителството во Венеција, кое почнало истрага против неколку лица […]

Уапсен малолетен дилер на дрога

31 јануари 2016

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основа за сомнеж дека во текот на јануари, неовластено набавил и подготвил за улична продажба поголемо количество марихуана. Од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 25 јануари полициски службеници […]

Уапсен вооружен маж во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз

28 јануари 2016

Француската полиција денеска уапсила маж откако кај него биле пронајдени два пиштоли на влезот од хотелот „Њујорк“ во забавниот парк „Дизниленд“ во Париз, јавува „Би-Би-Си“. Дваесет и осумгодишниот маж, чиј идентитет не се соопштува, не им е познат на француските безбедносни служби. Кај него, според полициските информации, освен пиштолите, бил пронајден и примерок од Куранот […]

Уапсен еден од главните осомничени за геноцидот во Руанда во 1994 година

10 декември 2015

Главниот осомничен за геноцидот во Руанда во 1994 година е уапсен вчера во Демократска Република Конго, соопштија денеска Обединетите нации (ОН). Педесет и тригодишниот Ладислас Нтаганцва е обвинет дека стои зад организирањето на масовните силувања и масакр на илјадници луѓе во геноцидот во Руанда во кој загинаа околу 800.000 луѓе. Тој е еден од деветтемина […]

Косово: Уапсен осомничен за тероризам

1 декември 2015

Полицијата на Косово уапсила етнички Албанец осомничен дека се обидувал да регрутира борци за заминување во Сирија и во Ирак и дека промовирал терористички активности на социјалните мрежи. Во соопштението од полицијата се вели дека е претресена семејната куќа на осомничениот во селото Хани, како и во селото Хани и Елезит, 65 километри јужно од […]

Страна 3 од 5